Зависи од другата страна и од моментот. Во основа сум резервирана и претпазлива, па при прво запознавање не се отварам така лесно. Чекам да помине време и да ја запознаам таа личност. Не сум намќор, напротив, најпријателски и позитивно сум поставена. Порано многу брзо се зближував со луѓето и зборев повеќе од што треба па често се зезнував. Сега јасно ставам граница до каде е познанство, а од каде другарство. Многу ретко сум погрешила за некој врз основа на првиот впечаток, па ако не ми се допадне некој од одма нема шанси после да има нешто повеќе од здраво.
Јас сум многу лоша кога се запознавам !! пазете се сите на прв поглед ме мислат арогантна и крената и јас на почеток за сите имам лошо мислење ама па кој ми го промени алал да му е оооо колку луге мислеле погрешно за мене па и јас за нив охохооооо
Се претставувам , гледам љубезно и пристапно да изгледам. После тоа правам 2-3 реда муабет и во зависност од тоа дали ќе се погоди муабетот продолжувам со него или не. Не обожавам бош муабет макар и при нови познанства. Прилично сум срамежлива и резервирано се држам при нови познанства, се додека не испитам малку од карактерот на личноста. Затоа на многумина им делувам арогантно и непристапно на почеток. Ама после тоа се се менува. Зошто сум зборлеста откако ќе се запознаеме убаво.
Ако ми се погоди личноста си правам муабет ама како за почеток избегавам да се отварам нешо многу освен ѕа поопшти и секојдневни работи поради тоа што немам доверба сепак прв пат се гледаме. Некои се случило да ме проценат како арогантна или ''дигната'' а во суштина сум си малце срамежливка и на дистанца се додека не видам дали личноста ми годи, е тогаш е друга песна
Ако е постар неколку год. ок е нормално се однесувам и разговарам за нормални работи.Но ако има околу 20 е тогаш трескам зелени
. ...на почеток....природно како секогаш шо си сум....едноставен муабет,ти реков ми рече..... . ..а понатаму се зависи и од другата страна...како ќе се однесува со мене,така и јас ќе продолжам....
Се зависи од личноста со која се запознавам. Потребна ми е ..од прилика 1 минута за да сфатам со каков човек си правам муабет и после се адаптирам според човекот Најчесто сум забавна,правам смешки,кажувам вицови..секако се со своја мера. Во границите на нормалата,а често и тоа го поминувам А некогаш глумам и сериозно,мирно,невино дете
Јас од оние линости кои први го започнуваат разговорот. Се обидувам да го опуштам непознатото лице! Праван некои шеги, користам се што ми деојде пред очи, на пример зборувам и пред мене излегува куче, јас право во разговорот внесувам кучиња. Искрено многу повеќе сум опуштена со личности кои не ги познавам, отколку со оние кои ме знаат. Бидејки си велам и да се изглупирам малку, од кај да ме знае, а потоа ако настане пријателство тогаш сум посмирена и сериозна!
Сакам да запознавам нови луѓе. Ширам познанства. За однесување, се однесувам како и со сите. Ако некој уште одма не ми се допаѓа (не зборам за изглед, туку ако ми изгледа по понашање како некој што ќе ме нервира ), му идам контра . Додуше и на луѓе што ги знам од поодамна, ако тој ден ми изгледаат како да сакаат да ме нервираат им идам контра ја
Бидејќи по природа сум зборливка не знам да молам со луѓето.Сега нормално зависи од личноста со која ќе се запознаам како ќе се однесувам.Обично сум позитивна,забавна,љубезна,али мн ме нервира кога соговорникот/чката е "мртва природа".Знам дека на земјава не има различни карактери и личности и се надевам да го сфатам секој ама овие што ќутат абре никако да ги разберам Сепак,фала му на Бога што не спаѓам во таа категорија
Срамежливо, ладно и резервирано. Иако срамежливоста почнувам да ја победувам. Ретко кога сакам нови луѓе во мојот живот, се осеќам побезбедно кога сум во помал круг на блиски личности кои ми одговараат.
Најчесто изигравам нешто подобро од тоа што сум, па после окога ќе се запознаеме подобро, гледаат каква сум вистински, јас не би сакала тоа да го правам, ама нз.. ми иде природно, едноставно не можам да бидам своја пред непознати, ете така
онаква како што сум секогаш сега нема да се преправам ! а па ако ме нервира или е карактер и понашање е нула тогаш ко ѓаволче сум
Баш како што пиша погоре сефора:Срамежливо, ладно и резервирано ,понекогаш и се смешкам онака од срамежливост,некако вака ,иако сум досста слободна и весела несакам многу нови лица во моја средина