Со нови лица ..? Па да ги прашаш ќе ти речат сите аа тоа намќорот?? А уствари сум многу забегана личност што ги забавува сите но ми треба долго време да се опуштам
Зависи и со личноста.Но сепак скоро при секое ново запознавање сум срамежлива.Не сум многу опуштена се додека од спротивната страна не добијам позитивна реакција дека треба да се опуштам...
Не сум некој љубител на ширење познанства, ама ако е неизбежно, тогаш се однесувам во склоп со ситуацијата и личноста. Ако ми се допадне личноста од прв поглед тогаш сум опуштена, ако не - резервирана и тивка.
Не сум некоја срамежлива, ниту пак сум некоја ептен отворена личност, така да не ми се допаѓаат многу новите познанства.
Во почетокот сум многу срамежлива, и потешко ми е да се опуштам. Со текот на времето, влегувам во разговорот, додавам мои мислења, се шегувам, или едноставно кажано, се опуштам. На крајот на денот, супер сум си поминала, сум запознала една нова личност иако во почетокот на денот ми поминувале различни мисли, и сум се чувствувала дека седам на игли.
И јас на почетокот сум многу срамежлива,онака седам и ги гледам,и збор не кажувам,но кога ќе ме запознаат подобро ,ќе видат дека всушност сум луда
Не сакам многу да ширам познанства, но понекогаш кога треба најчесто сум во почетокот срамежлива, па така на луѓето им давам една слика како да сум нафурана, а не сум
Немам проблем за нови познанства,секогаш сум бил отворен и комуникативен се однесувам сосема природен таков каков што сум,не глумам лудило,ниту се правам нешто што не сум.
Природна, опуштена.. без глумење за привлекување на внимание, покасно се дознава вистинското лице на секој човек, нели
Додека не ги запознаам подобро сум затворена и неможам да се опуштам. Но кога ќе поминат 2-3 недели веќе сум опуштена и комуницирам најнормално.
Се трудам да оставам впечаток на смирена и топла личност. Никогаш од почетокот не можам тотално да бидам отворена, можеби дека сеуште го проценувам човекот.. срамежлива сум да, но кога се работи за разговор таа особина ми се губи. Сакам да поразговарам со човек, да видам како размислува за некои работи. Немам некое одредено време на пример еве за 1/2 недели се опуштам кога сум во друштво со некој. Можеби некој ќе направи да стекнам поубав впечаток и ќе направи да се чувствувам пријатно и на сигурно со него уште вториот ден од познанството со некој негов искрен гест, коментар, разговор, збор... Така да се зависи од мојата проценка на личноста, па според тоа така и се однесувам.
Јас пред да се опуштам сум малку срамежлива,нопосле 20-30 мин. ќе се опуштам и се оди како подмачкано .!.
Пааа фина сум, воспоставувам контакт со очите (намногу мразам коа се запознавам со некој, а не ме гледа во очи додека ми подава рака-.- ). На почеток не сум многу зборлеста т.е зависи од човекот. Ако има соработка тогаш е супер ама најчесто ми треба време за да се претставам онаква каква што сум. Од прво запознавање нема теоретски шанси да дознае некој каква сум Се прилагодувам спрема оној што се запознавам, што значи дека можам да оставам различни впечатоци
со оглед на тоа дека сум социјопат па и не се снаоѓам баш многу меѓутоа да бидам искрена кога прв пат ќе се запознаам со некого сум барем малку поопуштена а на втората средба ме фаќа повеќе срам и повеќе се затварам.......би требало да е обратно ама кај мене е вака