па,се трудам да бидам природна,опуштена и насмеана,малце сум срамежлива,но кога ќе се задружам со некој сум поопуштена.
па секогаш се трудам да бидам искрена за да покасно истата личност ме знае подобро не сакам да се претставувам во погрешно светло
Опуштено,не сум срамежлива личност,дури и премногу отворена сум Зависи и од другата личност,има некои со позитивна енергија,одма ти тргнува муабет и без да се трудиш,ама има и такви треба зборови со клешта да им вадиш,па почнуваш и непријатно да се осеќаш
Сакам да запознавам нови луѓе да ширам познанства. Во глобала опуштено, зависи од расположето... после пола саат се однесувам како 100 години да ја знаам
Па...зависи.Со некои личности сум многу срамежлива,не можам да се опуштам,ама со некои...само зборувам глупости. И после ќе ми речат мислев дека си срамежлива ама ти си била...
паа многу сум срамежлива не сум опуштена личност...се трудам да бидам насмеана и да оставам добар впечаток
Не знам. За еден ден заборавам што се случило и се однесувам како да сум ја знаела новата личност одамна. Со сите се однесувам зависно од тоа како се одлнесуваат тие кон мене.
зависи од луѓето со кои што сум или личноста ако се работи за една,ако се чуствувам добро и пријатно со нив многу сум зборлива,насмеана а ако личноста ми создава негативни чуства појке си молчам.
На прво место: искрено, во секој случај, искреноста ми е и доблест и маана истовремено, но на почетокот сум малку претпазлива, воздржана.
Се однесувам најприродно ако личноста е во ред. А ако не е тогаш ќе се изнервирам,ќе си заминам или ќе се расправам.