Лошо,многу лошо. Мислам дали ке кажам некоја глупост,стегната сум,се повлекувам. Како со свекор и свекрва да се запознавам,мајката
Не ми е потребно многу време за да се опуштам пред некој кој прв пат го гледам, максимум 1 час Зборлеста си сум, па не е тешко.
При нови познанства секогаш се однесувам позитивно, насмеано и максимално љубезно, секогаш имам тема за разговор и знам што да кажам, освен ако соговорникот не е некој затворен и тежок тип и не сака да зборува. Дури понекогаш помислувам дека повеќе се срамам со луѓето кои подолго ги знам, отколку со оние што прв пат ги гледам ... сите на лице, јас однопаку,изгледа!
Па искрено јас сум многу зборлеста по природа... но сепак при први познанства мислам леле шо да кажам да не се изглупирам да не кажам нешто глупо..па да не си речи шо сторе селанка... и така но сепак зависи и од човекот како ке се постави и каков е по природа
Несакам да запознавам многу нови срамежива сум многуу ама кога запознавам ако некој ми се допаѓа можам да се врзам така за него да станеме толку блиски па иди одлепи се после а ако некој не ми се допаѓа уште од старт го откачувам и со него никад више Чудно...
На почеток,срамежлива како збунета да сум незнам што да зборам но после тоа кога се ќе се опуштам малце срамот и се останато исчезнува цело време зборам се смешкам амаа на почетокк, го мразам тоа што на почеток се однесувам така а после кога ќе размислам си велам зошто така кога нема потреба... А одговор нема !
Па добро,не се отварам баш пред тие што не ги знам предобро но се однесувам како другарка,шала-смеа...И никогаш немам лошо мислење
Штo теми нa муaбет прaвите? Мене ми е тешкo дa зaпoчнaм темa,незнaм кaк a,не сум некoјa кoмуникaтивнa личнoст. :'(
Стегнато и неопуштено додека да се упознаам, после веќе се е полесно посебно уште ако од прва се најдеме у муабет.
Многу сум комуникативна и весела особа и воопшто не ми претставуваат проблем новите познанства особено ако наспроти мене имам особа со слични перформанси како мене. Понекогаш толку сум непосредна што помалку изгледа непристојно. Вие користам само кога се обраќам службено до институција инаку во личен контакт после првите разменети реченици преминувам на ти.
Природно и нормално. Без оглед на временската рамка на познавање секогаш комуникацијата ја одржувам со доза на резервираност. Внимателноста е потребна за да се заштити приватноста која треба да има граница. Максимално го почитувам соговорникот со тоа што се обраќам со Вие се додека не преминеме на неофицијален разговор. Љубезна и пристојна во комуникацијата со соговорникот тежнеам да оставам добар впечаток за кој нема втора шанса. Иако не сум многу зборлива, сакам личноста од другата страна да биде позитивна, ведра и да умее да разговара на спонтани теми затоа што на тој начин зеднички поминатото време е предуслов за понатамошно дружење.