1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се однесувате спрема кавгаџиите?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од neltu, 2 август 2011.

  1. neltu

    neltu Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    9
    Пример..отварате пост со многу добра тема, темата многу добро е прифатена, но се доаѓа некој "самобендисан/а кавгаџија/ка" која никако не одстапува од нејзиното мислење, и на сите постови напишани над неговиот/нејзиниот му наоѓа мана, освен на неговиот/нејзиниот.

    Или пак пишувате мислење кое некои сметаат дека е точно а друри пак не.
    Сепак нели тоа е ваше мислење?
    И доаѓа некој/a и ви вели не не е така ти не разбираш, ти си ваков таков.
    Како се справувате со овие луѓе?

    Сепак мислам секој има право на свое мислење, ако мислеа сите луѓе на светот исто ништо немаше да оди напред.

    Како е според вас?
     
  2. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.461
    Допаѓања:
    39.664
    Пол:
    Женски
    Па за такви луѓе кои не сфаќаат дека всушност се пријавиле на форум и само нивното мислењее битно едноставно не е битно да им враќаш и да се расправаш и да губиш време објаснувајки им.
     
    На Natali.3 и ocila им се допаѓа ова.
  3. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Ее ова секојдневно се случува на форумот,за жал. Што правам? Па, јас и понатаму си коментирам без разлика на нечие мислење,а ако таа постојано ме цитира и ми вели дека не сум во право,едноствно не коментирам повеќе. Ако продолжам ќе има кавга,вака ја оставам со нејзиното мислење.Не сум овде да разубедувам некого,освен ако има неточни информации кои ги пишува овде.
     
  4. Sienna

    Sienna Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    25
    Tаквите расправии по форумите ги има секојдневно,јас си го кажувам своето мислење,и не ме засегаат нивните коментари со разубедување,напаѓање,секој има право на свое мислење и исто така има право да се изјасни,а на таквите најдобро е да се стави IGNORE! :D
     
  5. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Секој си има свое мислење- тоа е точно. Е сега кое е поточно, е многу релативна работа......различни околности не носат кон различни заклучоци.
    Пример: одам јас денес во МВР и ме шетаат од шалтер на шалтер, ме малтретираат и ме бафтаат- тоа за мене ќе биде лошо искуство и ќе ги плукам МВР каде и да стигнам.
    Наредниот ден оди некоја форумџика X, завршува работа за 5 минути- за неа тоа ќе биде за пофалба.

    И двете мислења се точни, само се спротиставени. Тоа се случува во повеќе навреди. Јас не продолжувам со дебата на вакви теми.
    Но за нешто што нема блага веза и не е поткрепено со факти има да си истерам до крај ;)
     
  6. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Сарказам. Кој го сфати, си ги копаме очите, кој не, си мисли дека сум попуштила и престанува. I win anyway.
    Ако станува збор за лично мислење, го проголтам некако, па Боже мој, лично е, и сигурно постои некој на кого мојот личен став му е најпрост на свет. Нема сега да се издигам од земја зошто не ми се клањаат пошто нели...најпаметна сум. |(
    Луѓе сме, различни сме.
    А во најлош можен случај, кога се работи за нешто докажано како на пример „Земјата се врти околу сонцето а не обратно“ и ако „противникот“ само плеска безвезни работи поткрепени без никакви факти, преминува во лични навреди итн. тогаш пак следува сарказам па потоа игнор т.е. оставам да се расправа сам/а со себе.
    Трета опција нема. Да мешам мајки, фамилија, племе и семе што во живот не сум ги видела ни ке ги видам, ми е најдолно нешто.
     
  7. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    626
    Допаѓања:
    598
    Не влегувам во конфликт со никого! Ако треба ќе одговорам на нешто ако сум прозвана,го давам само своето мислење го читам туѓото се разбира и мое е дали ќе го прифатам или не! Не би го трошела времето на кавги и расправии таквите форумџики би ги игнорирала иако до сега да не урочам не сум наишла на таква! ;)
     
  8. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Досега немам влезено во кавга со никоја форумџика и нема да се карам се дур некој не ја настапи змијата на опашката :D :D . Обично се воздржувам и не им обраќам внимание на ваквите, но во случај некоја да ме навреди или повреди тогаш тешко неа :devil:
     
  9. kika13

    kika13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    104
    Игнор секако секој си има свое мислење неможам јас на некого ако не сфаќа да му го објаснувам јас тоа со сила штом не сфатил веднаш нема да сфати и ако му го објаснуваш тоа едно исто 10 пати и се сложувам со ана банана али тешко нејзе ако некоја ме навреди или повреди или пак уште полошо ако ми меша фамилија главата ќе и ја разбијам :D :D :D
     
  10. WinnieThePooh

    WinnieThePooh Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    201
    Just ignore & relax! :rofl:
     
  11. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Прво да кажам дека имам магарешки инает и ако ми стапнат на живци нема тој/таа да останат последни има да ги срушам со зборови.Почесто преќутувам не почнувам да реагирам одма бурно но како што кажав да не ми згазнат на живци.И овде на форумов често се расправам со една форумџика никогаш моето мислење не е добро за неа барам јас така мислам.Не се замарам да ја разубедам затоа што знам дека не разбира ниту сака да свати така да не се замарам.Јас си кажувам мое таа свое секој свој пат нека тера.
     
  12. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    По природа сум доста мирољубова личност, мразам караници, конфликти, препукувања. Колку што можам гледам да решам се на мирен начин. Со карање ретко кога нешто се постигнува, само се поттикнува гнев кај двете страни. Почитувам сечие мислење, спремна сум да дискутирам на многу теми. Ако некој упорно се обидува да влезе во конфликт, најдобро решение е сарказмот. А кога станува збор за навреди, е тогаш веќе не трпам. Враќам трипати полошо. ;)
     
  13. female.3

    female.3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    37
    јас никако не сакам да се карам едноставно многу се нервирам кога некој се кара не поднесувам кавги, а кога некој ке проба да почне да се кара со мене само си молчам и го игнорирам затоа шо не сакам да се нервирам. :)
     
  14. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Не сум личност што сака да влегува во конфликти и да се расправа. Секогаш се трудам да зборувам смирено и работите да ги решам на мирен начин но доколку некој ми ја премине границата или пак место за проблемот почнува да дискутира за мене лично или пак да ме навредува - ЌЕ ЗАЖАЛИ!
     
  15. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    42.990
    Ги избегнувам во широк лак оние што едвај чекаат да влезат во конфликт. Познавам неколку такви личности и немам некое високо мислење за нив. Не знам кое фајде за се и сешто да се натега човек, да се докажува и да прави кавга од ништо. Претежно се жени, за жал.

    Мирен човек сум по природа и не сакам кавгаџење, подобро ќе се снајдам со тишина и аргумент. Не поднесувам караници! Разговор, смирени глави. Тоа ми е можеби и слаба страна, што не знам да се поставам во такви ситуации.

    Мајка ми е пример за кавгаџика. Од типот - не знам што да правам,па ќе мрчам за се’, ќе ве нервирам и ќе мора на крај да излезе по мое. Само зошто ми е мајка, и е во климакс, и простувам.
    Инаку, кавгаџии - на најдолно место во листа на познаници ми стојат.
     
  16. Salfetka

    Salfetka Нов член

    Се зачлени на:
    8 април 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Се карам со нив секако.Јас сум голема кавгаџика!!!!
     
  17. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    ПОНИЖУВАЧКИИИИ...ОБОЖАВАМ ДА ГИ СПУШТАМ НА ЗЕМЈА И ДА БИДАМ ТАА КОЈА Е ПОБЕДИ.. ]:) ]:) ]:)
     
  18. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    ич не им се секирам на таквите што све им смета па све ќе направат да се направат паметни преку караница шибам право а тој/таа нека си се надвикува позади ;) ама не можат да поминат така лесно тие блиски што ми значат како најверна другарка,семејството,сопругот,ако сум повредена неможам да не се карам :)
     
  19. Bel-Golub

    Bel-Golub Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2011
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    48
    ЈАС СЕКОГАШ СУМ ТАА КОЈА ШТО ПОБЕДУВА е па што да правам кога јака сум на зборови
     
  20. Nephertiti

    Nephertiti Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    11
    Искулирано и насмеано :D :D :D :D