1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се однесувате спрема некој кој не ви се допаѓа физички?

Дискусија во 'Сингл' започната од si.exs, 16 април 2012.

  1. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    139
    Зборувам конкретно за ситуација кога некој под просечен дечко ви доаѓа во кафич и на некој начин ви дава знаци дека му се допаѓате.Сака да ве запознае,а вие арогантно го марширате како да е никој и ништо,љубезно му одговаарате на прашањето кое ќе ви го постави ,а потоа го избегнувате или пак имате некој сосем трет начин на пристап кон истата таа личност?

    п.с темата ми изгледаше некако интересна,и баш би сакала да слушнам различни ставови на истата. :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Без разлика каков е доколку дојде до таква ситуација да не ми се допаѓа а да ми се пушта би постапила најљубезно и поштено би го откачила.Никогаш не постапувам така ако е под просечен да зеам да се испонашам
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mecheto1

    Mecheto1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    52
    Се согласувам :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. PParaskeva

    PParaskeva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    259
    Девојче многу је лошо кога некој си мисли дека је над просечен............ или ги оценува другите дека се подпросечни.
    Това је прво знак за глупавост и ароганција..............а глупавоста и ароганцијата заедно можат ептен многу проблеми да напраат во животот.
    И никој не заслужува да му се испонаша некој........... пошто има едно златно правило,се што ке направиш ти се враќа во животот Х 10
    Затова за да не се заебеш во животот ............... остави од дома што ти збори мајкати најубава на мајка најлична на мајка :D Зашто и ти си му на некого подпросечна па стависе како сакаш тебе да ти се понашаат кога ти ке пријдеш на некој таков.
     
    На Lilik, Lolo5, MevikaatDori и 12 други им се допаѓа ова.
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.989
    Допаѓања:
    279.153
    1.Никаде не спомна девојката што и кажува мајка и, и никаде не се прогласи ниту за (под)-(над) просек ;)

    2. Поставено беше прашање за една хипотетичка ситуација.

    3. И да, не сме сите топ модели |(


    Нај искрено мене ми е сеедно дали типот изгледа добро или не, шансата би му дала, а фајнл десижн ќе донесам врз основа на други фактори.
    Доколку има плавки очи, секако прва би се пуштила у поход, за разлика од оваа ситуација кога тип кој физички не ме привлекол го направил првиот чекор, но сепак ќе барам нешто кај него што би ме привлекло.

    Специфично држење, стил на облекување,фризура....други фактори кои влијааат на подобрување на визуелниот впечаток.
    Доколку ни од господа даденото, ни сопствено надограденото ни муабетот ме бендиса..ќе си бидам љубезна и ќе се обидам да дадам до знаење дека сум бизи анд офф д маркет.
     
    На Lolo5 и si.exs им се допаѓа ова.
  6. PParaskeva

    PParaskeva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    259
    Не разбра ама ајде .......... неја само ја земав важи за сите, а пошто она напишала нејзе и се обракам.
    А за болдирано............ нема мајка што не го кажала това :rofl: Ако не го кажала тогаш това не је добра мајка :D
    И крајниот муабет беше не се однесувај кон другите на начин на кој што не сакаш да се однесуват спрема тебе.
    Па и топ модели да се и тије си имаат некоја мана и тије се за некого под просечни :)
     
    На Lilik и Lolo5 им се допаѓа ова.
  7. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Абе ајде шо вие е вас...мене ми се пуштат 5-6 машки на вечер и на сите треба да им дадам шанса? И на тој што смрди, парталав и сл пошо зборуваме за физички изглед нели.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    139
    Е,ова го чекав. :D
    Пред некое време баш на оваа тема се контревме со другарка ми. :)
    Во просек на двете ни се пуштаат ист број на машки.Не ретко се случва и по појќе машки на вечер.
    Разликата е што некогаш одамна се однесував и јас така кон машките,ама полека полека почнав трезвено да размислувам,да се соживувам повеќе со лугето.Помислувам дека некој можеби ќе го повредат моите зборови и искрено никогаш повеќе не го употребувам тој начин на откачување.
    Муабетот ми беше дека имам другарки кои се однесуваат арогантно и гадно спрема машките,баш со следните реченици МРШ БЕ,ГЛУП ЕДЕН и сл...Имам праено муабет со нив и викаат дека не се чувствуваат воопшто виновно. :D Навистина не сфакам..
    А од друга страана па,кога ќе видиш. :^) Да земиме пример случај кога се запознаваат некое машко и женско во кафич.Женското е пијано и дотичната личност има можност да ја искористи.Колку машки би постапиле фер во ваква ситуација и не би ја искористиле? :) Јас мислам бројката е премногу мала.
    Сакав да кажам дека некогаш и самите машки заслужваат да се однесваш така гадно спрема нив.
     
    На Lolo5, Читател и crazylady им се допаѓа ова.
  9. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Џизс дечишта, дај свестете се малку.
    Заслужувале машките по дифот да се однесуваш гадно спрема нив?! оф леле.
    Чекате принцови и идеални машки од вашата глава па после ќе квичите по други теми зашто ве изневерувале, зашто се понашале вака - онака. Па и нека ви се понашаат кога бирате само шмекери што мирисаат на уан милион.

    Јас никогаш не би измарширала никого што ќе ми пријде, прво зашто го ценам самото тоа што веќе дошол, второ какви сме на изглед не зависи од самите нас, и трето ако мене не ми се свиѓа незначи дека не го бива за ништо и треба да го закопам во земја.
    Барем до сега сум сфатила дека не е се во изгледот.

    За секого си има по некој и јас би дала шанса на секого со муабет ја запознаам личноста. Ама само кога сум сингл, вака со дечко не гледам поента во тоа да давам надежи на некого. Ќе откачам некој ако ми пријде, ама сигурно нема да биде со такви погрдни зборови.
     
    На Lolo5, Читател, wanderlust и 10 други им се допаѓа ова.
  10. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    139
    Значи постојат и случаеви кога машките заслужуваат да се однесваш така.Зависно од начинот на кој ќе ти пристапи.Има некултурни типци кои немаат ни обзир ни почит.Таквите не ги толерирам.А за тие шо си приогаат на нормален начин секако дека сум љубезна,без разлика физичкиот изглед :)
     
    На Lolo5 и Barbie-mwa им се допаѓа ова.
  11. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Јас спрема некој кој не ми се догаѓа физички а сепак се осмелил да ми пријде се однесувам така што прво му лепам шлаканица, потоа го вртам за 180 степени и му давам две клоци за да се врати од кај што дошол. Мислам аманте! И после се чудиме оти машките чекаат да им пријдеме први? |( Многу Кардашијан се гледа во последно време, сите станаа диви.
     
    На Lolo5 и starbucks им се допаѓа ова.
  12. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    на почеток кога ке ми пријде ке бидам фина, ако разменам два три збора ништо нема да ми биде, културно ке му кажам дека не сум слободна и ке му дадам до знаење, а ако продолжи да навалува и да не разбере како човек, е тогаш се пее друга песна :devil: и воопшто нема да имам грижа на совест ако го отерам у 3 пм :D
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    765
    Во такви ситуации не знам како да реагирам и што да направам, можда зашто немам “заглавено“ со некој што упорно се наметнува. Поглед или гримаса и ќе сфати дека не сум заинтересирана.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Значи вака кога читам некои коментари се потврдува тоа што си мислев.... Прво сите што се залетувате и си мислите дека сте нај убави најпаметни дај Боже убаво да си помините во животот, но многу е потешко кога ќе се приземјите, да се спуштите на земја и да погледнете наоколу. Секој себе се цени дека е најпаметен, најубав и дека заслужува се најубаво, но реалноста е друга и немојте никогаш да ги потценувате другите. Во врска со темата, сите што ми пришле на фин и културен начин , сум разменала по некој збор, некоја реченица, па еве жива сум, на некој му се допаѓаш па затоа ти приоѓа, ако физички не ме привлекувал сум му кажувала дека сум во врска ама дечкото студира во друг град или не е моментално со мене за да знае да не се надева. А ако е некој напаст фино лепо заврти се не зборувај му ако не сака да сфати со арно, така побрзо ќе се откажи отколку да се впуштам во расправија со некој па за инает да ме гњави. ;)
     
    На Lolo5 и sanjalica им се допаѓа ова.
  15. PParaskeva

    PParaskeva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    259
    Е това је.................ама кога ке видиш па послем па тије што се прават надпросечни дека завршуваат баш со потпросечни момчиња ти иде да им се изнасмееш во фаца :D а не еднашка сум го видела това...... ке налета некој кој другарките нејзини го идеализирале ( дал поради пари или фамилија ) и оваја ке го издигне и на крајо ке заврши со некој таков сите да и се смејат а пред това изиграва принцреза и на крајот наместо принц ропак :lol: :rofl:
     
    На Lolo5 и ANGEL1 им се допаѓа ова.
  16. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Кога ја видов темата без да знам дека се работи конкретно за одредена ситуација сакав да го изнесам следново мислење
    Уште од мала сум се чудела како е можно некој кој да речиме физички добро не изгледал од кога ке сум ја запознала неговата внатрешност т.е добрина ми станувал и од надвор убав, чудно ама вистинито.
    А конкретно за ситуацијата која ја спонува девојката која ја отворила темава мислам дека си незрела и не размислуваш на подолги релации.
    Прво убавината е релативна работа, денес ја имаш утре ја немаш.
    Друга ствар е што вкупната убавина на еден чоек не ја сочинува само надворешната убавина, тука следат и некој др попратни работи како што се ХАРИЗМАТА , начинот на говор, однесувањето, карактерот, културата и сл.
    Колку пати ви се случило некоја што физички е доста привлечен(без разлика дали е машки или женски пол) ако нема основно однесување и култура ви станал одбивен?
    И сосема се согласувам со PParaskeva, малце спуштете се на земја не летајте толку високо.
     
    На Lolo5, Lux, Look и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Од моето досегашно искуство имам сватено дека и не треба баш спрема сите да се понашам она љубезно и пристојно. Секој со различен став, тоа е мојот. Ќе ти дојде некој мртов пијан и ќе земе да те ѓнави, гушка и ред др работи а ти неможеш да го поднесеш па тогаш вие однесувајте се љубезно.
     
    На Lolo5, faye и si.exs им се допаѓа ова.
  18. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Прво тоа под просечен е толку индивидуална ствар, а и чудно е како кога после ќе го видиш со друга женска и колку е пажљив према неа почнува одеднаш да ти станува и те како привлечен :D
    Него, женски не превртувајте очи на никој, освен ако не е некој нападен и досаден ко пролив, ако пристапи фино и културно и вие така вратете, не знаете утре кај ќе го сретнете пак тој човек. Може ќе ви биде шеф, може гинеколог, може ќе ве услужи побрзо коа ќе вадите пасош и остало!
     
    На Lolo5, Bibko и si.exs им се допаѓа ова.
  19. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    = friendzone......
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. verica94

    verica94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    најискрено го откачувам и тоа е тоа
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.