дечки ги пребарав сите теми и не најдов оваква.на мене ми се има десено ова и да ви кажам дека ми беше многу непријатно еднаш го одбив и потоа тоа стана тема на една караница.сакам ваши мислења за ова.доколку има слична оваква тема извинете ме и се затвора
и јас го имам одбиено па ми се налути...но помина една недела јас и тој не зборувавме и се видов со него у кафич само здраво му реков и гледам после 15минути ми ѕвони и ми вели ај те молам да се видиме
Никогаш не ми се лути кога ќе го одбијам...се случувало многу пати а тој секогаш постапувал со големо разбирање...среќна сум што ме почитува во тој поглед
пффф, да го одбијаааам? ноу веј па има моменти кога ама ич не ми се сака, изморена сум и слично... ама после 5 минути жешки додири (од негова страна, демек ме убедува), си посакувам сама се сеќавам кога имав сесија минатат година, абе 2 недели умрев од учење, дење ноќе, загреотка бев. од 24 часа, јас буквално 20 часа учев. и си легнуваме со дечко ми, ама јас паѓам, не сум ни свесна, ми се спие ми се плаче... и тој почна да ме бакнува, и јас несакајќи се успав од што бев преморена. и наредната вечер тој ми го заврти грбот онака фино, и ми рече дека му се спиело , а јас ватрена до 100ка! ама затоа пак, е веќе третата вечер.... замислете така да, веќе си знам, ако го одбијам, наредната вечер ќе ми врати, гарантирам а и нема потрба да го одбијам бе, си уживкам, убаво ми е... абе не можам без секс (со исклучок на некои вонредни состојби, се разбира ) малку развелков со постот, ама тоа сум јас
Одбиен маж - непосакуван маж. Или маж кој "не ти го дига" Имало таков момент. Јбг, не се сите мажи техничари ем љубовџии на престол. Ми се налути, крекаше и беше крајно навреден (и јас би била). Сепак, ставот ми е дека, ако врската ги има сите елементи, а сексот чкрипи, нема шанси да останам. Сексуално битие сум, и можам секогаш да си најдам нели, подобар, што можда мене ќе ме одбие некад!
Еднаш го имам одбиено и тоа пред една недела,ама навистина неможев преморена од тренинг и ме викна кај него и ајде седевме и оп ете го врз мене ме бакнува,допира...итн а јас мртва ладна и му кажав убаво ,срце неможам стварно преморена сум и се беше океј гледавме филм комедија се изнасмеавме и на пола филм јас заспав а тој ме покрил да не ми студи и си легнал до мене ...ех срцее
го одбивам само кога имам менструација, а кога некогаш би го одбила знам дека ќе ме свати и ништо нема да рече срце е и затоа си го сакам оти секогаш ме разбира и почитува
Мојот дечко не сум го одбила апсолутно никогаш, ниту ќе го одбијам. За илустрација, минатата недела имав секс со 39 темп. настината. И кога сум среќна и тажна и нервозна и со добиено јас имам СЕКС постојано со него. Ни на крај памет не ми паѓа да го одбијам. Претходните сум ги одбивала. Некогаш не ми било до тоа и сум се вадела на обрвски, нервоза, добиено или домашни проблеми. Лага до лага. Сите овие мали лаги се показатели само на едно - сексот не е доволно добар, па ги смислуваме, ем да го утешиме него, ем себеси. (со ретки исклучоци кога НАВИСТИНА нешто не е в ред). Како они реагирале? "Уживај срце, зарем јас сум со тебе само заради СЕКС, ми значиш и само ако те гушкам и гледам" - пред мене. "Оваа пак изведува, не ми дава, мамицата"... - пред другарите. Чиста вистина. Немојте да се залажувате дека не му е гајле, и те како им е гајле на машките кога ги одбивате , а најмногу им оди на нерви кога се употребува следново: Ти мене ме користиш само за ТОА, ме гледаш само како секс предмет! Ко вие него да не го користите за истото, во таа смисла. Ако сексот е одличен, нема потреба од одбивање на дечкото.
Редовно го одбивам кога имам добиено, така што он си се научи и веќе не ни спомнува кога знае дека имам.Инаку за 7 години го имам одбиено само еднаш, па за чудо не изреагира лошо, само се облече и си легна на другата страна. Јас се осетив многу глупаво се расплакав и побарав да ми прости и да ме разбере. Може ќе ви е чудно, ама почесто он мене ме одбива, а мене ми е незгодно, па не навалувам
Koга добивам, знае прв, па така тоа не го сметам во одбивање, не сум рекла не, напротив, тогаш ќе добие квалитетен орален А инаку не сум го одбила никогаш, немало никаква причина, да сум преморена, се да ме боли, тоа ме задоволува, од тоа оздравувам. Сум била во ситуација ко Трендафилче, со 39 температура, да му речам да ме земе, сработуваме, и пак ме враќа назад . тоа...
Е јас го одбив кога не можев повеќе. Не можев веќе да одам од што цело време само тоа правевме и еден ден стварно ми требаше пауза Е јбг се е тренинг, па сега немам веќе проблеми немам намера да го одбијам.
Јас сум таа што имам бубачки во главата! навистина го жалам дечко ми, многу го одбивам, а тој полн со разбирање е секогаш, разговараме на таа тема, и знам дека јас сум проблемот, зошто не можам да се опуштам, и најчесто смислувам оправдувања од типот, не сакам секс ( веќе и заборавив какое убав секс, немам желба, ми се чини дека цел живот можам да поминам без тоа), па мензис, па 300 изговори! Знам дека грешам, и сакам да се поправам....дури и ми се чини дека сите проблеми што ги имам во врската ми се ради тоа! Значи да загреам столче и да ги решам работиве!............Како да се опуштам....?? Ахххх Се мразам себеси, ахххх како да не сум од овој свет.............
Ова одбивањево ми делува као вие да имате секс само ради него...па ај кога сте у расположение ќе го омрсите,кога не сте,ете се погодил денот врнело,па ви е преку глава од се и не ви се дава... А како може да не ви се дава?! У осталом,јас не давам,јас си барам и си земам.
Па не се сеќавам дека за овие неколку години го имам одбиено, затоа што не се сеќавам некогаш дечко ми да МИ ПОБАРА Ако се мисли на тоа кој прв ќе почне па другиот да му рече немој, не можам сега, исто така не ми се случило, затоа што кој и да почне од нас двајцата, другиот без прашање го следи