Со клима, дури сум дома. Дневната на пладне и попладне цело време ја грее сонце, па не се седи без клима. А и ладна вода или некој освежителен пијалок знаат чуда да прават.
Немам некој проблем со горештиниве ,обожавам лето и топло време .Најчесто со клима ,туширање и ладен пијалок
Пуштам клима ако седам во дневна ама таму ладно е дури нема ни потреба, кај мене е најжешко у соба, па си го пуштам вентилаторот, отварам прозори и врати ширум отворени, промаја од сите страни, пијам ладна Цедевита или ладно кафе/вода, се туширам со ладна вода, јадам сезонско овошје, одам на терасата на северна страна што ми е и таму е супер свежо, се обидувам надвор да не излегувам воопшто до кај 18ч... Сакам лето ама годинава некако нервоза ми ствара.
Прееска тато истиов муабет ми го правеше, дојди у дневна, социјализирај се со нас, од ова прозорите твои отворени топол воздух доаѓа, еве тука клима има, шо изводиш.
Па не ја уклучуваат често, ич не е жешко таму, ладна е таа соба дека е на север ама жешко од мојата им доаѓало, а ја ако одам ја пуштаат за да ме излажат појше да седам со нив.
Јас имам подобра идеа, нека снема нет некако магично, ќе видиш дека и они биле фини луѓе некои Ова нема везе со темава ама ај..
јас лично ќе кажам дека за горештините најединствен начин да се избегнат е да се седи во ладен простор дома под ладен туш, пијам јас ладни пијалоци, ладна вода и излегувам само ако имам потреба