Мене искрено не ми пречи, да би можела би се преселила на место каде цела година е вакво. Не сакам зима, снег, студот ме убива буквално. Се ладам со клима, ладно кафе и сладолед
Јас избегавам цело време климата да ми биде вклучена. Ја пуштам некој саат да се излади и толку. Или пак ја пуштам на некои 27 степени и слабо да дува. Вода пијам најмалку 3 литри дневно. Се туширам со ладна вода најмалку три пати дневно. Ладно кафе, ладна лубеница, ладна диња, ладно пиво. И гледам да не излегувам од дома во период од 12 до 18 часот.
Не сакам жешко, најубаво ми е во пролет и температура до 25. Ако е 30 веќе мислам ќе полудеам Ни се спие ни се работе.Ни мозок ти мисле.Среќа кај нас 20 степени е па си уживам
Јас некако сум помирена дека е лето и дека МОРА да е пекол жешко, па си ги туркам деновите нормално! Шо знам, поарно жешко отколку кокал ладно! Е сега, не дека безпотребно шетам по најтоплото, ама ако имам потреба не ми е проблем да тркнам до маркет или до пазарче да купам нешто. Дома клима кога-како вклучуваме , на работа обавезно сум со вклучена клима, навечер шеткаме во парк на ладовина... Абе ќе мине жешкото, ќе се жалиме од студот тогаш!
Јас воопшто не сакам лето и со душа чекам да заврши. Преку ден си седам дома, ги пуштам сите ролетни да не ми пече сонце внатре и е потполн мрак, ги пуштам двете клими и вратите ги отворам за цел стан да се лади, па така дома немам проблем со жештина, само ако треба да испаднам гледам што побрзо да завршам и да се приберам дома. Пијам многу ладна вода, лижам сладолед, јадам повеќе салати и тоа е тоа.
Јас си бегам у викендица . Таму е 1100 метри н.м.в па е доста посвежо од градов , а и воздухот е чист , да се надишиш за две недели . Со другарчињата мои за скитање Роки и Бруно , уживаме горе . Тие се излежуваат под некоја дебела сенка или во извор , а јас во викендица во најладната соба .