Каков наслов Во зима ќе отворам тема со наслов : Како се справувате со екстремново ладно време? Пиеш вода, лесна облека и тоа.
Со естивирање дома на ладно. Пијам многу ладна вода и други течности. Избегнувам тешки оброци, исхраната ми се базира повеќе на овошје и зеленчук. Ако морам да излезам надвор тогаш носам лесна облека, шише вода и некаков спреј за разладување.
Бидејќи немам климатизер го пуштам калориферчето на копчето за ладење во мојата соба,исто и вентилаторот кога сум во другата соба во долниот дел од куќата,пијам многу вода од чешма,овошни сокови,газирана вода,газирани сокови,јадам свежо овошје и зеленчук,исто и сладолед лижам и избегавам да излегувам надвор на најжешкото попладне во 14,15 часот,а ако,пак,ептен морам да излегувам тогаш носам капче на главата за заштита од жешкото сонце,пластично шишенце од пола литар наполнето со вода коешто го дополнувам со водата од градските улични фонтани ако случајно ја испијам веќе од дома понесената вода,а имам потреба за уште вода за пиење,исто и една тетратка од дома си понесувам во торбата со којашто излегувам ако имам потреба со неа да се ладам на многу жешкото време.
Наполни си ја кадата со ладна вода и преправај се како да си на Хаваи. До некаде и ги сакам горештините.
Без спреј за разладување нигде не излегувам. Во меѓувреме го чувам во фрижидер за уште поголема ефикасност. Лесна облека, очила, спф, тоа се подразбира. Спојлер: /
седам у кревет по 20 саата со клима карши мене уклучена на 16 степени пошо ваму кај шо сум, не се дише преку цел ден .. да не може чоек едно пиво да стане да испие јазк
Се прскам со цревото во двор, се враќам отворам прозори, врати и седам така да ме дува промаја, после пак со цревото и така во круг