Клима, ладни освежителни пијалоци, ладен туш и гел со ефект на разладување ми е откритие. Плус во фрижидер го чувам за уште поголем ефект и ептен освежувачки делува. Јас, од ненормалните сум изгледа. Не знам луѓе, лето ми е омилена сезона. И обично повеќе барам tips and tricks како да надминам сезонска депресија кога доаѓа период на есен - зима отколку за летен период иако имам чести главоболки од жешкото.
Никако, јас и со клима не можам па правам исклучи - уклучи. Ова лето е бетер од претходното Не сум спиена со денови, се топам, ми се превртува во стомак, не се ни јаде, ни готви, последното морам ради дете инаку на салати ќе бидеме.
Лето во Ск е пекол... Седам дома, немам клима, со вентилатор и туш се средувам. Гледам да не пијам ладно, туку на нормална температура. Ич не ми се јади, напната сум, плус вака ако сум пред добивање, не сакам човек да видам. Салата јадам, сладолед, кисела вода, флаширана вода, не мн ладна. Излегување од дома после 20ч. Нз дали сум само јас ненормална, што не можам да го поднесам жешково. Некогаш ни од дома не ми се излегва. Златна Битола..
Цело време под клима, не ми се излегува никаде преку ден среќа и на работа има клима во канцеларија па некако се издржува
Не се справувам искрено Гледам да сум под клима кога сум дома и работам, ако влезам во кола исто под клима и да не движам многу преку ден освен нешто ако е неопходно, и излегување после 9 ако излагам.