Сакам да знам (интересни слики и факти) Mii trebaa soveet.. nzm dali pravilno ja izbrav temava ali stvarno nzm kaj da napisam... se bese ubavoo koga za moment se izgasna ednata sveka,potrcav da ja zapalam povtorno,koga nesvesno vosoko isprska na dzidot... ako znae nekojj kako da ja izvadam flekata neka mi pomogne
Феминкии помагајте..вчера си го облеков новото фустанче што ми го донесоа подарок и веднаш го исфлекав со течна пудра за лице...ве молам помагајте како да ја извадам дамката
пробај да ги ставиш тренерките во кеса во замрзнивач, и после неколку саати пробај да ја изгребеш од нив.. а друга варијанта, ама поризична, ке ставиш врз мастиката парче хартија од лист, врз неа тенка ткаенина, и со пегла одозгора за да се залепи мастиката на листот.. ти прво пробај го првиот начин, а ако се одлучиш за другиов, обавезно возрасен со тебе, за да не напраите некоја беља со пеглава... Среќно.
Мајка ми веќе нашла еден сапун и излезе флеката сега баш го видов го разгледав наоколу се беше исчистено
Помагајтее Се лакирав и четкичката од лакот ми падна на блузата и ми се направи дамка, пробав со ацетон не излезе, а да ја ставам на вриење неможе бидејќе е летна и тенка и можат буквите да излезат Некој совет ве молам, една од омилените блузи ми е ?
Флека од ацетон се чисти некако !? Изгледа ми отидоа едни од најдрагите панталони во аут. Ми капнала некоја капка од ацетонот, многу малку се познава така како излочкано - се прашувам дали воопшто може да излезе и како ? П.С. Не знам дали да им ставам Omino Bianco и да покисне малку флеката, зашто карамел боја се, да не се оштетат уште толку?
Мишелке, има едно средство за флеки што вади буквално се', а бојата не ја оштетува, Smacchio Tutto се вика, италијанско е. Го има по маркетиве и е одлично, проверено (зошто јас сум човек што постојано се флека, може да се види на мене се' што сум јадела ). Мајка ми го користи веќе со години само тоа и ништо друго. Се става на суво, директно врз флеката, се остава да постои 10-15 минути и потоа парчето облека се пере, сеедно дали на рака или во машина, нема врска. Мене ми има извадено буквално секакви флеки до сега, и мрсни, и од црвено вино, од чоколадо... Бојата во ниеден случај нема да избледи, гарантирам, само многу е важно да не ги триеш панталоните додека е средството на нив Само го нанесуваш и чекаш 10-15 минути, па право на перење.
Женски, новите купачи при перење од светло жолти ми станаа темно жолти. Не сум ги искомбинирала убаво алиштата за перење . Како да им ја вратам бојата, со вениш за шарени алишта или? Ни еднаш не ги имам облечено.
fleki kazete kako se vadi boja na alista isfarbana od dr aliste na pr imam plavi damki na rozeva bluza
Бела кожна јакна (скај поточно) од темни фармерки, хеланки ми се помасти на ракавите :/ пробав со Вениш, влажни марамчиња.. залудно Дали можеби Омино Бианко, или кое друго средство ке ми помогне?
Дали знаете како да го исцистам креветот од дамки некое средство,инаку материјалот е несто како сомот
Направи сам (Гардероба,накит...) Навистина не знаев каде да го сместам прашањево,доколку има посоодветна тема ги молам модераторките да го преместат. Пред неполн месец си купив јакна од страдивариус еко-кожа,скај или како и да ги викаат. Проблемот е што еднаш во брзање се ишприцав на јакната со спреј за тело од Викторија Сикрет и сега на јакната се познаваат рој од бели точки. Спрејот ја изгоре бојата. Има ли некој начин да си ја спасам јакната да ја префарбам со некоја боја или спреј,или да ја однесам негде на хемиско или нз дајте ми некоја идеја феминки??
Феминки, сакам да ве прашам како да исчистам дамка од црвено вино на плетена блуза? реагирав брзо со бело вино, ама не сум исчистила се
Не знам што си пробала, ама не се извади флеката со сјај за садови? Обично тоа секогаш успева. Стави малку сјај на флеката и остави ја да отстои. Би требало да се извади.
Црвено измешано со масно,пример ајвар не се вади,исто така и крв,кажете бај бај на парчето. Други флеки пробајте со сјај и ладна вода. А за кожни работи или скај пробајте со млеко за тело. Се надевам и ликнов малку ке ви помогне. http://365.com.mk/72247/najdobri-trikov ... -od-obleka