И мене на бел фустан купен од Зара како стоел на жица ми фати точки мали со Р -ѓа , и добра е идејата со циркони , само пишете од каде да ги купам ????
Жени помагајте, вќера си купив ново сако, бело со црна јака, го закиснав во ладна вода со прашок и сега кога го извадив се шокирав, од црната јака се исфлекало целото сако, со светло црно-кафеави флеки.Ќе умрам, ставив вениш не излезе, кажете ми чаре итно оти ќе си умрам од мака.
Venish ama bas ic ne mi pomogna nitu mene i ne sum zadovolna. Ima edno vo tineks kesice okolu 100 den. za vrakanje na prvobitnata boja na alistata. Zab kak ose vika. Probaj so toa .
И јас тоа го забележав кај венишот, скап детергент, но не помага. Тоа новото го немам пробано, има како стик за мали дамки тоа да не беше до кај 100 денари, а другите поголемите детергенти од овие беа поскапи.
Општи прашања Несакајќи ми прсна пудра на светли фармерки, ги бришев со влажно марамче и излезе малку, после тоа мајка ми ги переше и пак остана една кремова линија. Не се познава до толку, ама сепак ми смета. Како да ја отстанам? Ептен светло кремова боја има, едвај се и познава ама зошто па да ја има.
Општи прашања Со тек на перење ќе исчезне,јас обично ролките си ги правам со пудра,и после едно перење не искача бас,ама после 2-3 ќе се исчисти.
Во Веро видов некое пенкало за отстранување дамки,нешто како итен третман за дамки кога сме излезени/на патување и сл. го имате ли употребувано?Дали е ефикасно и корисно?
Значи имам флеки како испрскано по бела мајца и тоа од прашокот за перење, да од тие сините во прашокот, и сега како да ги извадам ?
мали какпи од фарба како можам да ги отстранам? и дали воопшто можам? ии восок ми капна на тепихот.. има за него лек?
Синојќа кога бев испадната сум седнала на смола,и тоа на новите фармерки нема ни 1 недела од кога ги купив многу се нервирам да не знаете како може да се отстрани,мали точки се ама па многу се забележителни
Јас би пробала со весник и пегла, може ќе излезе нели така се чисти восок, па може и смолата ќе се исчисти
Девојки, имам светли панталони (пудра боја) кои ми се извалкани и имаат неколку темни дамки. Не знам од што ми се направило така и планирам да пробам да ги исчистам со Арис средството, но ме мачи да не ми останат флеки од самото средство, бидејќи доста се светли панталоните. Како да го нанесам средството, директно или да го растворам во вода па да ги ставам малку да прокиснат? Имала ли некоја слично искуство? Ептен ми се драги панталониве, не би сакала да ги дорасипам.
Zenicki,domakinki...denes koga pustav sareni alista mi zalutala belata rambovka i napravivme belja izgleda edna teget maicka pustila boja i sega belata rambovka mi e sarena.Help!
Помош околу чистење на дамка. На фармерките си залепив мастика, ја наседнав на една клупа. Мастиката се извади со пегла и весник, но лошото е што остана дамка и никако неможам да ја извадам. Пробав и со снежник, малку се повлече, и синоќа шетавме со пријатели едно друго и гледам дамката повторно се познава. Дали некој поискусен во овој оддел знае што да пробам, како... нешто то би ја отстранило дамката. Фармерките ги платив скапо и ми се омилени, така да се надевам ќе се најде некој што ќе помогне. Фала многу однапред... поздрав
Помош околу чистење на дамка. пробај со Aris, мислам дека го има скоро по сите маркети, а навистина е од голема помош
Помош околу чистење на дамка. Пробав со тоа, небиваше.. пробав и со снежник, дамката малку обеле, но по повторно носење на фармерките, лочката е старото што си беше и е доста приметлива.
На омилениот корсет имам флека од секундарен лепак и тоа баш напред на видно место. Со што би можела да го извадам? Перено е 3-4 пати, имам пробувано со гребење и неќе. Не знам кај ми биле очите и што сум правела во него облечена со лепак в раце