Девојки,направив голема глупост Кога ја пуштив пералната заедно со шарените ставив едни бели панталони, и сега не се толку бели,на жолто тепаат. Што можам да направам,ми треба помош!!!
Јас голема беља си направив.. бела тренерка со розово покрај џебовите и капуљачата ја ставив во ладна вода со малку прашок, планирајќи да ја перам рачно во рок од пола сат - сат. Е арно ама, се замафтав нешто и од вчера така си стоеше и дури денес ја исправ. Се ми изгледаше во ред, се дури не ја пружив. Кога ја видов свеста ми се зеде. Од тоа розовото, како што се допирало до белите делови од тренерката, по малку на повеќе места си се прекупирало. Пробав со тампон за уши доместос да му ставам, за да го обелам, ама џабе, не сака. После со Арис пробав, исто џабе. На интернет читав за алкохол да ставам, и тоа ставив, ништо не помага. Вениш мислам дека исто ќе ми биди за џабе.. ова Smaccio Tutto сакам да го пробам, го има во Тинекс или Жито да го барам? И дали некој има искуство со ова средство за ваква работа? Нова ми е тренерката, само шо си ја купив, ептен ми е криво што ми се уништи.. а ваква не можи да се носи, целата е розовкаста, ама на делови, барем цела да се обоеше во светло розово :/
Пред 1 година нов фустан само еднаш носен го направив со дамки од зејтин.Пробав да го исчистам ама со ништо не ми успеваше, и така си го оставив во плахарот пошто ми беше жал да го фрлам... среќа пред некој ден и кажав на свекрва ми и она зема стави сјај за миење чинии на дамките,го свитка на неколку делови и го остави така до наредниот ден.Наредниот ден зела ми го испрала и чудо немаше ни д од дамките Мене прво не ми се веруваше ама браво за свекрвица
Домаќинки, помагајте, како да отстранам тврдокорна дамка од овошје (поточно јаболче), пробав со сода и лимон, дека така прочитав на нет, ама јок... тоа арис чисти ли? кое да го барам ако има повеќе видови, или пак некое друго решение..? криво ми е за блузата, не сум ја износела ко што треба
Би сакала да прашам дали некој знае како да се извади лак за нокти од ткаенина поточно блуза ми се истури лак на блузата и сега имам флека ако знае некој ке му бидам многу благодарна да сподели
Арис или она авакс за флеки што е. Е сеа аваксот не ја избелува бојата на блузата оти е на база активен кислород и незнам таму што друго, а арисот може да ја избели бојата на блузата. Ја сакам да прашам знае некој како да отстранам фломастер од бело дрво? Масичката ми е бела и оваа мојата мала пикасо го изучува и од сите бои и нијанси шо беа само розевиот не се брише. Пробав со ракија, со пронто, со сретство за стакло и веќе незнам што да употребам дека дрвото е фарбано ми е страв бојата да не ја извадам. Совет?
Единствено што ти преостанува според мене е да ја ставиш цела тренерка во варикина убаво да одстои и таа розевата боја да обели, зошто не знам некое друго решение за чистење на боја. Кала земи сјај за садови убаво стави на дамката, втриј го убаво и потоа сакаш на раце сакаш стави го во машина да се пере и после ќе видиш резултати.
Вака, на една бела блуза после првото перење се појавија жолти линии на ракавите и назад(иначе рачно беше перена, дека бела). Па сега не знам што да користам за флеките. Со едно средство за флеки(арис) што прснав, после следното перење пак беа тука. Ај помош, и не велете вениш, не планирам да давам толку пари. Ако знаете нешто дома што можам да направам, кажете. Фала однапред.
Наjпрво потопи го во топла вода делот каде има жолти линии и стави средство за садови (по препорака земи Feya).Втриј го добро, остави да отстои и испери ја рачно. П.С. По грешка притиснав "ми се допаѓа"
Малку е закаснет одговоров, но еве, едно мало советче за во иднина. Ако ви се залепи мастика, најлесно ќе ја отстраните со коцка мраз - полесно ќе се одлепи од материјалот, а остатокот кој е навлезен во ткаенината се отстранува со вата натопена со ацетон.
Ако може малку помош , бела блуза чуден материјал еднаш ја носев и ми се појавија жолти точки а не ја исфлекав со ништо пробав со вениш и ништо со што друго да пробам
Со јадењето на малечково се правиме катастрофа. И флеки од какао и флеки од се’ и сешто, само ова чудо ми ги вади, ама потполно. Ако е постара дамка (и со години да е) може да се капне и да постои неколку часа па да се пере, ама ако е прилично свежа (од неколку денови) само се капнува на дамката и веднаш во машина. Не е воопшто скапо. Цената му се движи до 150 денари и го има во поголемите маркети. Ви го препорачувам .
Тепихот ми е валкано бел,значи светол и има дамки кои никако не излегуваат .Сум пробала со вениш,сјај,прашок,доместос и без успех.После перење во перална една недела ги нема ама откако ќе се разгази тепихот пак се појавуваат.Помош??
Има Омино Бјанко за теписи, ама јас ич не сум задоволна од него. Да видиш некое специјално средство за теписи што е, да пробаш? Сапунот од ДМ за флеки е закон, пробај и со него, мене ми извади флеки од алишта што ништо друго не ми ги извадило (дури ни Омино Бјанко во кое се крстам). Ако и со ова не успее, да видиш со некој сервис за перење теписи, сигурно имаат специјални средства за флеки, па би можеле да ти помогнат?
На гарнтурата имав флека нешто се истурило. Со ништо не излагаше па пробав со Омино бланко се исчисти но ми остана друга поголема флека од водата најверојатно како мокро, прво мислев дека навистина е од што е мокро и ќе се исуши, но веќе помина цела недела исто остана. Што да правам? Како да ја исчистам сега? После ќе слика и ќе ставам слика се надевам ќе ми помогнете
Си купив фармерки нови, една недела ги немам износено.Сум седнала некаде и на едно место кај задникот има бела дамка, не е мастика сигурно, и не се чисти со сапун.Буквално изгледа ко фабрички да било така, безвеза.Е сеа, премногу ми е криво, дајте ми некој совет како да се исчисти дамката или пак нешто да ја покријам.Неможам да ги фрлам, нови ми се скроз.Размислив и да сошијам парче фармерска ткаенина од фармерки, иста нијанса се нема да се познава, али не се скинати за да ги парам да ги шијам.
Девојки, секоја сезона кожните јакни ги мачкаме со крем и се пакуваат и креваат. Арно ама, овој пат употребивме ко за беља некој крем кој веројатно бил крем со пудра (не декоративна, туку бела густа смеса која ја има во составот на кремовите за лице/пазуви), и јакните останаа измачкани лом. Пробавме со влажни марамици, бекутан крем, вода, и сега се размачкани дамките. Совет за вакви дамки на црна кожа, или нешто да им се даде сјај?