1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се справувате со дамки (флеки)?

Дискусија во 'Дом' започната од peperutkaa, 13 јануари 2010.

  1. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.617
    Допаѓања:
    7.462
    Пол:
    Женски
    Мене денеска ми прсна зејтин на тренерките и јас флеката ја натопив со алкохол и нарисав сода бикарбона и за едно чудо флеката исчезна:)
     
  2. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    902
    Да пробаш со сапунот за флеки од ДМ. Со него да ги намачкаш, пред да ги переш.
     
  3. Angel.Heart

    Angel.Heart Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2012
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    2.053
    Ako moze da mi kazes kako se vika da poracam da mi go kupat.
     
  4. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    902
    [​IMG]Сапун за флеки. Само, што го има во продавниците на ДМ.
     
    На Angel.Heart му/ѝ се допаѓа ова.
  5. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    21.292
    Пол:
    Женски
    Женски ве премолувам дајте ми ефикасен совет за вадење на мастика од фармерки.Се испотресов целата,ова ми е трет ден кај што ги облекувам, уште на ново мирисаат.Пробав со пегла, дел излезе а тој дел што остана никако не можам да го извадам.Што да направам очајна сууум.;(
     
  6. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Нова облека перена намерно на 30‘ од фарбања и триста други глупости , кога ја видов со огромна црна дамка, земав едно средство од дм маркет не се сеќавам на името, италијанско производство се втријува на облеката и се остава да постои извесен период , и се покажа како ефикасно се отстрани дамката.
     
  7. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    6.952
    Пол:
    Женски
    Да ве прашам..Имам една бела блузичка што ја накапив со сок од боровница летото.Пробав дома да ја исперам не излезе,ја однесов на хемиско ми ја вратија со жолти дамки на местото каде што беа лилавите.Што да и направам?
     
  8. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    902
    Од каков материјал ти е. Ако е памук, да пробаш со варикина.
     
  9. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, на внука ми и се истури сок од портокал на блузичката. Со оглед на тоа што веднаш не можевме да ја испереме флеката малку се подзасуши и кога можевме да ја испереме ја ставив веднаш во машина со останатиот веш мислејќи дека веднаш ќе се извади. Кога ја извадив флеките стоеја не сакаат ни да слушнат да се повлечат. Па си реков добро Вики ти си биодевојка или не??? Ајде земај природни средства за вадење на флеки како предперење. Земав бел оцет и го посипав врз флеката и го оставив да отстои половина час. Потоа со сапун и ладна вода (природен сапун од маслиново масло или таканаречен Марсиља) ја миев блузичката на местото каде имаше флека и верувејте ми флеката излезе. Повторно ја ставив во машина за да се испере убаво и за да излезе мирисот на оцет (иако оцетот го користам и како омекнувач со етерични масла и кога се суши вешот не мириса), ама сепак требаше да вклучувам машина за други алишта па ја ставив . Блузата е како нова, ни трага ни глас од флеката. Само сакав да споделам со вас доколку и вие си имате проблем со ваков вид на флека. Поздрав.

    п.с. еве ви други природни методи за отстранување на некои видови на флеки.

    Во текот на изминативе години открив многу начини на отстранување на флеките, истражував по интернет и читав. Многу од тие природни методи лично ги пробав и затоа сакам да ги споделам со сите вас во оваа статија. Навистина се скономични и доста функционални и ќе заштедите пари на скапи хемиски производи кои во некои случаи и не функционираат добро. Во продолжение ќе ги разгледаме најчестите флеки и методите со кои може многу лесно да ги отстраниме. Природата има решение за сѐ.

    1. Црвено вино

    [​IMG]

    Доколку за време на вечерата дома со гости некој истури несакајќи малку црвено вино на вашиот нов бел чаршаф, најдобар метод е да сипете одозгора веднаш (додека флеката е мокра и тазе) бело вино. Белото вино го неутрализира црвеното и како што ќе испари алкохолот така со себе ќе го однесе и црвеното вино. Ќе остане само мала бледа трага која лесно се вади со перење.

    Доколку флеката од црвено вино е стара и засушена, во тој случај врз неа најнапред ставете обична сол, па потоа оцет или сок од лимон (доколку материјалот е деликатен ви советувам оцет затоа што лимонот е многу агресивен) и оставете така да отстои околу саат време пред да преминете со перењето. Истово важи и доколку се искапете со црвено вино на облеката.


    2. Кафе

    Флеките од кафе може да ги отстраниме со оцет доколку се стари флеки. Врз флеката намачкајте малку оцет и оставете да стои така околу саат време пред да ја перете како што обично правите.

    Во случај на свежа флека од кафе има еден метод со жешка вода, односно во едно ѓезве се загрева вода и кога ќе почне да врие се зема облеката или чаршафот и се става во мијалникот и од поголемо растојание се излива водата директно врз флеката. Овој метод е познат како жешка вода под притисок која моментално ќе ја отстрани флеката.

    3. Доматен сос

    [​IMG]

    Доколку сме дома и несакајќи на чаршафот или пак на кошулата ни капне малку сос од домати, може флеката многу лесно да ја отстраниме додавајќи врз неа (додека сеуште е свежа, значи не се исушила) малку минерална (односно кисела) вода. По една минута нежно поминете со една чиста крпа врз флеката за да ја отстраните и таа многу лесно ќе излезе. Ќе остане сосема бледа трага, која потполно ќе исчезне кога ќе ставиме чаршафот во машина за перење на алишта. Истава постапка може да се примени и доколку сме во ресторан и се искапеме врз нашата омилена кошула.

    Доколку станува збор за стара флека од доматен сос која веќе се засушила, во тој случај пред да го ставите чаршафот или кошулата во машина за перење на алишта, ставете одозгора малку оцет и оставете да делува саат време. Потоа ставете ја да се пере и флеката потполно ќе исчезне.

    4. Чоколадо

    Знаеме дека децата обожаваат да јадат чоколадо и откако ќе го изедат обавезно се бришат од чаршафот или пак од сопствените маици. И што да правиме? Земаме една коцка лед и со неа ја поминуваме флеката се додека, под дејство на ладното, убаво не се заледи и потоа лесно ја отстрануваме гребејќи ја со ноктот.

    5. Масло

    [​IMG]

    Доколку чаршафот го искапете со масло, во тој слушај веднаш врз него ставете многу бебешка пудра. Оставете го чаршафот или облеката врз која сте истуриле масло заедно со пудрата од 8 до 10 часа. Потоа, со помош на една четка за облека полека отстранете ја пудрата (која веќе го впила маслото) и флеката ќе излезе заедно со неа. Потоа секако материјалот може да го исперете во машина или рачно, како што обично правите.
     
    Последна измена: 10 јануари 2016
    На boomsleng, MilaP, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. marich

    marich Активен член

    Се зачлени на:
    3 април 2015
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    Како да исчистам флеки од кафе?
     
  11. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Флеките од кафе може да ги отстраниш со оцет доколку се стари флеки. Врз флеката намачкај малку оцет и остави да стои така околу саат време пред да ја переш како што обично правиш.

    Во случај на свежа флека од кафе има еден метод со жешка вода, односно во едно ѓезве се загрева вода и кога ќе почне да врие се зема облеката или чаршафот и се става во мијалникот и од поголемо растојание се излива водата директно врз флеката. Овој метод е познат како жешка вода под притисок која моментално ќе ја отстрани флеката.
     
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Некој совет за вадење флеки од восок? Се изначитав статии на интернет, ама повеќето се однесуваат на тоа како да го извадите восокот без да го оштетите материјалот. Јас восокот го извадив, само што уште има мрсни флеки на чаршафот. И не се вадат со ниеден детергент што го пробав :tmi:
     
  13. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    902
    Да пробаш со ДМ сапунот за флеки.
    [​IMG]
     
    На joy1 и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  14. Legadema

    Legadema Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    490
    Пол:
    Женски
    совет за вадење на дамка од тиква од тепих
     
  15. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.779
    Допаѓања:
    4.749
    Пол:
    Женски
    Izvinete za latinicata, pisuvam od telefon. Imam nekoi somnitelni damki na postelninata, ne znam od sto se, cimerkata ima zamesano prsti. Ja prasav da ne i se isturilo nesto slucajno i rece deka imala gosti i im se isturilo Pepsi i nekogas drugpat i se isturilo koncentriran omeknuvac. Zarem e mozno da ostane tolku tvrdokorna damka od sok i omeknuvac? Dali postoi nekoj univerzalen lek za damki? Damkite se svetlo kafeavi, vekje ja isprav postelninata so detergent vo masina dvapati, no ne izleguvaat. Sega staviv aris vrz damkata, no nema znacajno podobruvanje.
     
  16. flavor

    flavor Активен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2016
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    235
    Ha hemijsko gi nosam alishtata...u petok poslem rabota obichno.
     
  17. macovska

    macovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2014
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Тврдокорна дамка, нешто наилик мрсно и обелено стои од омекшивач ако се стави дирек у машината у бубањаот врз алиштата и тешко се вади
     
  18. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Понекогаш на тепихот може да ми се истуре нешто :rofl: чоколадо,такви работи,со малку сјај и ВАНИШ(исчезнува) :D
     
    На macovska му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sweet girl9

    Sweet girl9 Нов член

    Се зачлени на:
    14 март 2016
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Како да ја исчистам дамката на мојата јакна пропуштена од друга јакна ? :$:*
     
  20. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Женски хелп.
    Имам пантолони од полиестер, онакви што не се гужваат. Па пред една недела бевме на пат, и кога гледам на газот олкава флека, не знам од што е, прво си помислив можда е од пот, ги исправ флеката е иста, со што би можела да излезе?