probaj taka sto na mestoto na vosokot ke stavis vesnik(edna strana) i ke peglas odozgora na povisoka temperatura(vaka se vadi vosok od masa i sl)
да да тоа со пеглата и листот е пробано и е ефикасно јас имав на дуксор исто восок не е ваѓно дали ти е од пред недкој ден или од пред повеке време стави само лист хартија и со пегла се ке се острани
Еве јас да допринесам малку на темава. Знам дека за црно вино треба да се сипе веднас бело вино и да се истрња, јас имма ивадено така флека на бела кошула ама делував моментално немав нисто друго при рака и искочи.Исто сум чула декка сол помага за црно вино. Дамки од крв се перат со ладна вода.Ако ми текне уште некој ќе пишам Eve jas najdov na net nekoi soveti, vaka za domot korisni ne samo za damki na obleka. http://www.donstalens.com/fun/zanimljiv ... orisno.php
За отстранување на дамки од облеката користам Vanish. Ги отстранува дамките само ако се стави на штотуку направена дамка.
Нели се користи вениш за бела облека? Сакав да ве прашам дали се чисти лак на фармерки?Си купив нови фармерки и веднаш ги направив лом со лак
Vanish се користи и за шарена облека. Единствена разлика се боите на пакувањата. Розевото пакување е за шарена облека, а белото за бела.
се фарбав и напрајв една блуза лом,дојдов дома пустив топла вода,турив vanish седеше цела нок и после ја фрлив за перење и чиста беше има vanish спреј и тој и за шарена и бела облека е верувајте му на розевото,заборавте на дамките
Девојки, денеска додека го правев мојот неодолив француски маникир, си ги испрскав новите панталони со безбоен лак! Се познава дамка и не знам дали ќе помогне машинско перење. Што мислите вие? Помагајте!
мислам дека лакот и мастиките се вадат со мраз, така што ќе триеш со мразот врз дамката, па ќе ставиш весник врз панталоните и одозгора со пеглата, јас вака имам извадено мастика од фармерките и од една сукња, а за лак немам пробано
Како се справувате со дамките од облеката? za mrsna fleka samo pudra bebeska staves na flekata za nekoj odprilika pola saat se upiva pudrata i nese poznava i odma na perenje vi kazuvam od iskustvo probajte stvarno e efikasno mi se slucuvalo na nekoi epten mrsni fleki da stavam po 2-3 pati pudra i isceznale [mod-kirilica:2ihwoms6][/mod-kirilica:2ihwoms6]
Како се справувате со дамките од облеката? Методот на остранување на дамката пред сè зависи од видот на материјата од која настанала дамката: 1. Алкохол - инаку е познат како добро средство за отстранување на дамки, секако доколку станува збор за чист алкохол. Меѓутоа алкохолот во пијалоците, парфемите, лосионите итн. може да остави грди дамки на различни подлоги. Свежата дамка од алкохол на дрвениот мебел треба веднаш да се отстрани со сува крпа или со впивачка хартија. Старата дамка прекријте ја со една лажичка смеса на талк и ленено масло, по што треба да се остави да се исуши, а подоцна да се пребрише со сува крпа. Дамките на тапацираниот мебел отстранете ги на тој начин што ќе посипете сол која после ќе ја исчеткате со остра четка неколку минути по посипувањето на сол. Дамките од црвено вино прелијте ги со малку ракија и оставете ги да се исушат. 2. Амонијак - претставува средство за чистење, но на ткаенините може да остави грди дамки кои веднаш треба да се отстранат. Бидејки е силно средство, амонијакот го нагризува и влакното и бојата. Ваквата дамка треба да се испере со млака вода. Дамката од амонијак на чуствителните ткаенини (на пр. свила или волна) може да се исчисти со натопување во разблажен раствор од лимонска киселина. 3. Апретура - тоа е постапка со која на кожата, крзното и ткаенините им се подобрува изгледот. Но при перењето апретурата може да остави дамки. Тие дамки можат да се отстранат со сунѓер кој е натопен во благ раствор на амонијак во вода, а веднаш потоа дамката истријте ја со алкохол. На крајот треба местата со дамките да се исперат со чиста вода. 4. Бело кафе – дамките од ткаенината треба да навлажнат со глицерин, а потоа да се исперат со вода. Стара дамка од бело кафе се чисти со разреден амонијак. 5. Боја – дамките од боја, било да се водени или маслени треба да се отстранат што е можно побрзо. Од дрвениот мебел треба да се отстранат со терпентин, а старите дамки со помош на загреано ленено масло со тапиот дел од ножот. Од кожата дамките отстранете ги со крпче натопено во алкохол. Дамките од водени бои од ткаенините може да се отстранат на повеќе начини: може да ги натопите со ацетон, а кога тој ќе испари, исчистениот предмет треба да се испере. Ако дамката е на подебела ткаенина, треба да се премачка со ацетон и веднаш да се избрише со впивачка хартија. Во некои случаи доволно е да се подготви вода и детергент, па дамката да се измие со слаба сапуница, да се испере и да се остави да се суши. Дамките од маслени бои се отстрануваат од ткаенините секогаш триејќи од рабовите на дамката кон средината, за да се спречи нивно проширување. Добро е под дамката да се подметне некоја крпа или впивачка хартија. Како средство за чистење употребете терпентин, а после него и бензин. Старите дамки од бои се доста тврдокорни. Обично се вовлекуваат во структурата на ткаенината, па за чистење треба да потрошите повеќе време. Проверено средство за отстранување на тие дамки е калиумов, т.е. течен сапун кој треба да се остави за да на дамката делуваат еден до два дена за да ја омекне. 6. Чај – дамките од чај на бела постелнина треба да се истријат со студено млеко, а потоа постелнината треба да се испере на вообичаениот начин. 7. Јајца – дамките од свежи јајца пред чистењето треба да се измијат со свежа вода. Ако ткаенината не може да ја потопите, местото каде што е дамката треба да се истрие со сунѓер навлажнет во студена вода. Дамките од јајца на памучни и ленени ткаенини треба да се прекријат со глицерин, а потоа да се отстрани дамката и глицеринот со детергент или со сол која претходно малку е навлажнета. Од волната дамките од јајца се отстрануваат на тој начин што прво чекаме да се исушат, потоа се тријат и со помош на четка се обидуваме потполно да ги отстраниме. Ако и понатаму се гледа жолтеникав траг од дамката, натопете го крпчето во вода во која сте додале малку боракс и истријте ја дамката. Дамката од јајца кај свилени ткаенини прво треба да се одмасти. За таа цел се употребува бензин. Исчистеното место на крај треба да се испере со вода.
Како се справувате со дамките од облеката? на една скроз бела блуза имав една дамка (нз од што ми беше, бев излезена и дури кога си дојдов дома приметив) мајка ми убаво ја истрга со сапун за облека (го има во сите маркети, околу 30 ден. е) и потоа блузата ја стави на сонце ... дамката беше извадена, а блузата си остана скроз бела .. а еднаш ми се случи кога го направив ова ја оставив блузата на сушална a сушалната на сонце, кога се исуши блузата дамката уште стоеше (беше понезабележлива, но сепак уште стоеше) ја повторив истата постапка уште еднаш .. после вториот пат дамката беше извадена се надевам дека оваа постапка ќе ви биде некогаш од помош
Отстрануване на дамки Сите од нас го имаат овој проблем со дамките. Кога ке се создадат е тука настанува најголемиот проблем КАКО ДА СЕ ОДСТРАНИ ДАМКАТА.Еве неколку совети за одстранување на дамки. Алкохолни пијалоци-Првен дамката се мие со ладна вода па потоа со глицерин и вода и на крај да се измие со мешавина од вода и вински оцет. Чај и кафе-Растегнете ја извалканата површина на вашата облека и полевајте ја со што е можно по топла вода во задисност од тоа колку можете да издржите Чоколада и какао-Облеката се става во ладна вода и се мие со сапун или прашок,потоа се пере на највисока температура која облеката може да ја поднесе. Месо и јајца-Отстранете ја исушената дамка и избришете ја со крута или мека крпа потопена во ладна вода истрите ја со прашок и исперете ја. за сега толку ке ви пишам пак. чекам некој совет и од вас
Отстрануване на дамки Како да ги чистите старите и извалкани спортски обувки Старите, износени и нечисти спортски обувки, што сè уште одлично лежат на вашите нозе и во кои се чувствувате најудобно, сепак не морате да ги фрлите доколку не се потполно оштетени. Ако се плашите да ги исперете во машината за перење, за да го заблеснете белиот гумен ѓон, сè што треба да направите е да ја земете пастата за заби и вашата стара и искористена четкичка за заби. Четкичката и така ви е за фрлање, а од пастата нема речиси воопшто да потрошите. Најверојатно многумина имаат почувствувано дека одредени пасти за заби се крцкави, како во нив да има песок. Тоа е поради составот. Некои пасти за заби содржат абразивни материјали, како што е калциумот, што се состои и во песокот. Токму песокливото својство на пастата за заби овозможува успешно да се отстрани сета нечистотија од што и да било со мало триење. Друг домашен начин за чистење на обувките е лимоновиот сок во комбинација со сончевата светлина. Чистење предмети 1. Ги отстранува дамките на облеката. 2. Го обелува и го чисти накитот (сребрени прстени, синџирчиња и сл.). 3. Ги отстранува детските цртежи со мрсни боички од ѕидовите. 4. Ги отстранува дамките од килимите. 5. Ефикасно го заменува лепилото за ѕидни постери. 6. Ги чисти и ги дезинфицира фугите помеѓу плочките во бањата. 7. Ги чисти фаровите на автомобилите. 8. Ги чисти колекционерските автомобилчиња. 9. Ги чисти клавишите на пијаното. 10. Ги отстранува гребаниците од некои стаклени површини. Превземено од http://mnogoo.mk/mk
Отстрануване на дамки Што да се направи со флеките од трева на панталоните на твоите деца? Натопи ја флеката со чист оцет или 90% алкохол (ако ткаенината го дозволува тоа), исплакни го и вообичаено испери го во машината со соодветниот прашок(прашок-бели алишта или гел-шарени алишта). А што е со восокот на твоите алишта? Пробај да го изгребеш поголемиот дел од флеката, потоа стави хартија на двете страни од ткаенината и стопи го остатокот од восокот со пегла. Дали сакаш кафе/чај, но не на твојата омилена блуза? Ако се случи ова, пробај го следново: * Бел памук:натопи ја флеката со хидроген пероксид а потоа испери нормално * Шарен памук: натопи ја флеката во раствор подготвен од истата количина на алкохол и чист оцет. Потоа исплакни го материјалот и испери го во машината. * На волна: натопи ја флеката во раствор подготвен од истата количина на алкохол и чист оцет. Потоа исплакни го материјалот и испери го во машината. Дали постојано имаш проблем со сладолед, чоколадо, овошје, џусеви ит.н. На облеката на твоите деца? Пробај го овој совет: Натопи ја флеката во раствор со цет (2 супени лажици од чист оцет во четврт литар вода) исплакни и потоа вообичаено испери во машината со соодветниот прашок (прашок-бели алишта или гел-шарени алишта). Крвта не е вообичаена на нашата облека. Да видиме како се отстранува Свежа флека: само натопи ги алиштата во ладна вода и флеката ке исчезне. Стара флека (сува): направи раствор на бикарбонат од сода или сол и ладна вода. Натопи ги алиштата и флеката ке се отстрани. Флеки од кечап Подготви раствор составен подеднакво од иста количина на глицерин и жешка вода. Натопи ја облеката во растворот еден час, а потоа нормално испери ја во машината. А што е со р`ѓата? Малите флеки истриј ги со сол. Врз солта исцеди лимон и остави да отстои преку ноќта. Следниот ден, измиј ја флеката перфектно, а потоа испери во машина. Поголемите флеки треба да се третираат на друг начин: користи специјални средства за р`ѓа и следи ги инструкциите на пакувањето од производителот. Шминката е добра на твоето лице, но не и на твојата облека... Стави го делот со флеката на книжна салфетка и намокри го задниот дел со 90% алкохол (ако материјалот го дозволува тоа и ако флеката не е мрсна). Ако флеката е мрсна, тогаш користи некој отстранувач на мрснотии. Превземено од: http://www.gorenje.com/simplicity/mk/washing_machines/stain_removing
Како се справувате со дамките од облеката? здраво! дома имаме нова гарнитура, која е направена од штоф. бојата е многу осетлива инаку е светло крем. и некој ден си ја изгорев нешто раката и веднаш си ставив една мрсна маст, и како што си седнав од што беше топло внатре пополека маста ми се истопи и падна врз гарнитурата, но не приметив веднаш! ма ни со сјај ни со вениш ништо не помага. од една мала дамка испадна огромна од триенјето што го правев, и до ден денес ми стои така луге многу се приметува, бидејки кажав дека бојата е многу осетилва и посебно преку ден се приметува ептен! дај помогнете некако како да ја извадам таа огромна дамка!! ве молам за помош!!! фала однапред.
Како се справувате со дамките од облеката? Јас пошто не сум домакинка,а се флекам како свиња,знам само еден начин на отстранување-за тазе флека каква и да е ладна вода ставам врз неа,и тријам со памук,сунѓер,што ќе ми се најде под рака,некад само со прст