Земи од марамиците што собираат боја, стави средство за флеки на белиот дел и пушти го фустанот на програма за рачно перење во машина. Од средството за флеки ќе се исчисти белиот дел, а марамиците ќе ја упијат бојата што ќе излезе од црниот дел при перењето.
Вакви Ги има во ДМ (имаат и ДМ свои марамици, во сина кутија) и поголемите маркети. Стојат обично кај средствата за флеки, нема да утнеш. На секое перење на темни алишта ставај ваква марамица, спас се. За фустанот стави две-три, иако мислам дека и една ќе заврши работа.
Пробај со ова, на интернет го најдов "Дамките од лепак може да се отстранат и ако ткаенината добро ја потопите со оцет, а потоа ја триете со чиста крпа која сте ја натопиле со вода"
dali vanish za shareni alista ke iscisti damka od tecna pudra za lice na svetla teksas kosula? damkava ke e 1 nedela ili pomalku? ili imate nekoj drug sovet?
Ај и во оваа тема да прашам. Флеките на пантолоните се од закачалка со штипки(со црн дел на нив).Од кај да знам бре дека пушта боја?! Пробав со прашок,сјај,сода бикарбона ,сега уште вениш да пробам... Помош?
Фала,ќе пробам.Директно на флеката се прска или во водата,па да стои? Малку избледија од вениш-от,цела вечер стоеја во вода,ама уште се познаваат флеките. Ај ќе пробам и со ова.
Дали некој можеби знае начин да се исчистат флеки од вода на кожни чевли или некое средство за препорача?
Маслинесто зелени панталони ми беа нешто валкани со црни дамки па на местото ставив сјај и триев да излезат. Црните дамки изглегоа, но сега има поголеми бели флеки. Совет или препорака на некое средство што би ги извадило? П.С ова ми се случува прв пат да ми остане флека, претходно постојано ова ми беше прифатливо решение.
Вади се од флека! Претходно со малиов беше како никад да не сум го испрала детево хаха. Многу сум задоволна. Смешна цена е околу 100-100 и кусур од Стокомак а го има и во поголемиве маркети. Ставаш на флеката малку ќе истриеш(ако не те мрзи ) и у машина! Како нови ми се алиштата. Ама реклама му мавнав барем да ме плаќаа хахха. Позз женски!
Сива блуза ми беше направена со течна пудра за лице но имав едно средство за чистење(не за вадење флеки) и ставив на влажно и поминав на тој дел од блузата и сега пудрата се размачка но се познаваат бели дамки . Дали може некој да ми каже како да излези но да не обели блузата ?
Белите дамки може да се обелени од средството за чистење и тешко ќе се врати бојата на блузата. Инаку, сапун за дамки имаш во ДМ, или па средство за дамки Омино Бјанко во сите поголеми маркети.
Може прашањево не е за тука но не знаев каде на друго место. Како вадите дамки и флеки од чоколада и чоколадно млеко? Многу алишта ми се уништени со тоа, во Вениш ги имам покаснито неколку пати, со оцет и сода бикарбона и перено дури на 60 С. во машина и живи не излагаат. А нови се, сите од оваа година купени.