Купив црни фармерки и веднаш после првото перење гледам голема бела флека. Ги исправ повторно но овој пат со течен детергент и флеката повторно остана. Знае некој чаре ?
Девојки здраво ве молам некоја идеја за да ја средам чантата само што ја купив мачката на неколку места ја направи лом не може да се покрие пишете што да правам ја купив 2700 ден не ми се фрла!!!!
Здраво дали некој знае средство за флеки фустанот ми је во две бои црно бел и сега при пеглање од црниот дел ми се помастии малку со белиот како да се справам со оваа флека.
Има едно средство омино бјанко, секаква дамка чисти, ставаш го размачкуваш, оставаш некое време да отстои и периш.
Стави ја блузата во замрзнувач, нека се замрзне мастиката, лесно излегува. Или со коцка лед поминувај по мастиката, ќе се одлепи лесно.
Мене ми успева. Стави ја блузата во замрзнувач неколку часа. Иначе некаде ко да гледав дека ако го потопиш делот со мастиката во кока кола и да постои малку, може лесно да излезе. Ама немам пробано. И не знам дали ќе останат флеки од кока колата, да не си отвориш дупло работа.
Ќе се залепи уште повеќе на блузата, посебно оти е плетена. Восок се вади на таков начин, не мастика.
Има ли шанси да извадам мастило разлеано при перење? Среќа само една прекривка е уништена. Пробав со Арис, плус на 90 степени, не излезе ништо.