исправ бордо џемпер со темни алишта и од темните се исфлекал цел на места , не е целиот потемнет како да го отстранам не е волнен нешто како блузон и џемпер измеѓу материајл (нз и јас каков) на маж ми е,омилениот
Стoени aлиштенцa пoжoлтени се. А претхoднo перени пa спaкувaни. Ги пуштив нa 95степени и жoлтилoтo не му излезе. Чaре?
Феминки, на мојата омилена кошулс се искапало некоја боја од друга маичка. Чаре? Хемиско ќе заврши ли работа?
Ако ти е бела пробај со варикина ако ти е во боја не знам.. Пробај накисни ја во вода мешана со оцет може оцетот ќе ја повлече бојата.Или Вениш стави. Можеш да пробаш и Аспирин да ставиш.
Имам мало кругче и капки од кафе ја бели на бели фармерки. Ставив сјај за садови одма ги истрљав местата. Со што да третирам да не остане флека од кафе и жута флека од вода? Обавезно ми останува. Варикина, сода бикарбона и детаргент?Алкохолен оцет ? Ова е се што ми текнува во моментов.Помагајте давајте предлози, преубави ми се фармерките нема да најдам сега ми слични на нив. Баш такви скинати сакам.
Ако се скроз бели можеш со варикина. Ако се пробај со омино бјанко или сода и лимон и испери како и вообичаено.
Како се справувате со флеки на тренерки настанати од уље што го користат за подмачкување на лулашки ,лизгалки и сл.?
Сапунот не сум го пробала имам еден сличен така за флеки ама не ми ја извади флеката ,баш ке земам да видам и тоа да пробам а средство за садови било какво ?
Јас користам од на ДМ за садови средствата. Пробај со било какво. Инаку тие се многу масни флеки, може треба некое специјално средство за флеки.
Знам ,може и постои некое средство ете сум пробала и со арисдеграс нели тоа е за толку масни флеки ама нисто . Како и да е ке пробам и вака .Во секој случај фала ти многу
Штом веќе си ја третирала флеката и не излегла, џабе е што и да правиш. Има специјални средства за масло но ги нема во слободна продажба, се нарачуваат посебно.