И јас имам вакоб проблем посебно со бебешки алишта, испрани чисти кренати и после жолти дамки се појавуваат.. Шарени се сите.. Пробав со омино бианко ама мука е секое да го чистиш посебно и не озлегува од сите..
Имаш и вениш кесички по маркетиве и за шерени алишта ,пишува позади како да се користи ,а исто така можеш да пробаш директно на флеките да ставиш ариел или персил течен ама без да го раствораш во вода .Да постои некое време така па ќе си ги испереш ,верувај се ќе излезе .
Мислам дека се гледа флеката горе, сино е офарбано поради една маица која ми пушти боја.. има ли начин да се отстрани?
Го прскаш со омино бјанко, вениш и сл го оставаш да стои и го переш на 60. Треба неколку перења на 60 за да излезе бојата.
Не излегува со такви средства, мал милион пати е пробано. @sofija014 само ова Ако ова не помогне, ништо друго нема.
Го има во сите поголеми маркети и во ДМ, цена не се сеќавам, до 150 денари најмногу. Цела ќеса е за една машина алишта, не за едно парче. Прочитај во упатството како да го испереш со помош на ова средство.
Дали знаете со што да исчистам боја од фармерки црни кај што се допира дури ги носите на палто, чанта?
Смени ги фармерките чим пуштаат боја или на наредно перење закисни ги во леген и додади пола чашка оцет за бојата. Мене еден беж прслук ми поцрне од црна долна маица и сиротиот со ништо не се чисти.. Палтото пробај на хемиско, ташната i don’t know.Јас сакам да експериментирам па би пробала со ацетон или разредувач на бои. Само да не се уништи, ако е кожа или скај немој со агресивни средства пошто ќе се распадне. Сликај да видам.
Од еко кожа како вадите флека? На бела табуретка имам флека која никако не излегува, пробав со Арис, сјај , прашок, со едно специјално за еко кожа, немам идеи со друго што би можела да ја чистам.
Блузи и бели и шарени офарбани од темно сина боја Со што да ги исчистам веке цел саат се во вениш но нема некој ефект сеуште Дајте кажувајте ако има нешто Нови алишта на децата имам офарбано
Имаш во ДМ dr Beckham мало паковање е баш за боја. Јас бело фустанче по грешка ставив со црни и се фарба, со ова пак се врати во нормална боја. Го имаш погоре на слика.
Зависи од дамките. Ако е некоја не толку упорна ставам паста за домаќинство од онаа на Green , ја порачувам од една жена која работи со тие. Ако е нешто мрсно ставам Aris Degreaser, не ми ја оштетува облеката. Еднаш имав купено многу ефикасни производи од Dr. Beckmann мислаам дека беше , ама тоа ми се потроши и немам никаде сретнато од тој бренд.
Со што можам да извадам бој на некои алишта штп при перење ми се измешале со др боја. Значи не знам што веќе не пробав и пак си се познават фчеките.
Ако се бели со варикина. Провери и во ДМ имаше едно средство против обоени алишта, незнам како се вика ама знам дека го фалеа. Јас лично го немам користено.