1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се справувате со дамки (флеки)?

Дискусија во 'Дом' започната од peperutkaa, 13 јануари 2010.

  1. puflaa

    puflaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    23
    Помош за очајни домаќинки

    Девојкиии знае ли некоја како да се отстрани дамка од црвено вино, нешто испробано и ефикасно. Во понеделникот за Св.Трифун ми капнало на едно џемперче и тек денес приметив. Погоре прочитав за со хидроген да се отстрани ама ми треба нешто испробано да знам дека ќе дејствува!! :(
     
  2. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    88
    Помош за очајни домаќинки

    Пуфла јас кога имам дамка од црвено вино на нешто го ставам во машината за перење и ставам една коцка од течниот прашок на ариел и дамката се исшисте.Не сум никогаш пробувала на рака да перам нешто кое е насипено со црвено вино(освен ако не е на мебел).
     
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Помош за очајни домаќинки

    Прочитав за дамката па ми текна за еден супер совет кој го спаси мојот кауч од огромна дамка од црвено, истурено вино.

    Ако ви се истури некаде црвено вино, облека да речеме, треба веднаш да се стави многу сол на тоа место - веднаш го вади и виното и нема да има никаква дамка ;)

    Проверено функционира како магично стапче :lol:
     
    На tallyweijl, LivingGlam и sesilija им се допаѓа ова.
  4. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Како се справувате со дамките од облеката?

    девојки знае некоја од вас како се одстранува боја(вапсана) од други алишта...
    пред некој ден перев еден бело син џемпер во машина и целото бело - делче е
    обоено со сино... некоја никаква нијанса....
    мннн Ви благодарам од напред
     
  5. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.053
    Помош за очајни домаќинки

    ве молам помош! ми се офарба во киснење една маица од друга,т.е. на белата ми останаа флеки од светло плава,уште се водени двете,има ли спас???
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.953
    Пол:
    Женски
    Помош за очајни домаќинки

    Белата стави ја да кисне во варикина, (растворена секако, со вода). Ќе ги снема флеките. Ако имаш Eureka избелувач, или средство за вадење на флеки Omino bianco, и тоа може да помогне. Само што овие средства ќе ги ставаш директно на флеките, ќе постои малку, и пак на перење.
     
  7. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Помош за очајни домаќинки

    Домаќинки истурив кафе на новиот чаршав, го напрскав со де грас и го стави да се пере, сега го пружев вешот повторно се знае флеќата :( хелп
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.953
    Пол:
    Женски
    Помош за очајни домаќинки

    Omino bianco... го има во сите поголеми маркети... ќе го ставиш на флеката да постои и после го переш чаршавот. Не се секирај ако и после перењето е присутна флеката, кога ќе се исуши, нема да има ништо.
     
    На tallyweijl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.044
    Допаѓања:
    257.716
    Пол:
    Женски
    Помош за очајни домаќинки

    Вчера го видов во Тинекс и ме интересира дали е подобар од Вениш, пошто во неколку наврати Вениш не ми заврши работа за едни дамки на чаршави за маса! Упорни се :devil:
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.953
    Пол:
    Женски
    Помош за очајни домаќинки

    Подобар е... вади и дамки од ајвар, а и нема врска дали се стари или нови флеките. Со години наназад снаа ми го користи за алиштата на малите, скоро и јас го зедов и ептен ми се најде, за секакви флеки.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Помош за очајни домаќинки

    ќе одам ќе купам, со Вениш имам Лошо искуство, а за ова Omino bianco прв пат слушам, Фала ти Annath :*
    а да ми кажеше колку пари е да знам дали да го купам сега пошто на работа сум и немам многу пари во мене
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.953
    Пол:
    Женски
    Помош за очајни домаќинки

    Околу 100-120 ден. е... не е скапо ич.
     
    На Zaljubena111 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lovely-pretty-girl

    lovely-pretty-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    6
    Како се справувате со дамките од облеката?

    Го напишав ова и во друга тема. Ќе прашам и овде може ќе успеете да ми дадете корисен совет!
    Купив светло тексесна кошула (ептен светла нијанса на тексес) и дури дома забележав дека е пожолтена на одделни места. Не верувам да е извалкана од нешто зашто не изгледа така, но ми се чини од предолго стоење како да пожолтела. ВЕ МОЛАМ кажете ми дали Vanish би помогнал, или Кое Друго Средство би ми го препорачале. ( замислете дека наоѓате дома старо парче облека, кое пожолтело со годините, а сакате да го носите, што би направиле да сте во таков случај? ) Ви благодарам :*
     
  14. sandricka30

    sandricka30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Како се справувате со дамките од облеката?

    Знае некој да ми каже како да извадам лепак(UFO) од фармерки ?
     
  15. cocinella

    cocinella Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Како се справувате со дамките од облеката?

    Со пегла стави прво крпа над лепакот и пеглај врз крпата
    Модератор: Пишувајте кирилица, ако не знаете како прочитајте ги правилата на форумот
    Пробај со лимон и сол да ставиш на флеките
     
  16. myst

    myst Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    36
    Како се справувате со дамките од облеката?

    Јас успеав да го отстранам со безбоен ацетон. Капнав ацетон на пантолоните, кај што беше дамката од лепакот, оставив да поделува, ги исправ панталоните во топла вода и немаше ништо веќе од лепакот.
     
  17. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Сакам да прашам...?

    Како да го извадам лакот од тренерките што ми се истури освен со перење на рака, засушен е и се познава многу :worried:
     
  18. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Сакам да прашам...?

    Со ацетон и памукче триј го местото.
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Сакам да прашам...?

    И мене ми текна на ацетон, татко ми ми вика немој добро што праша :worried: и ја се плашам да не се избели материјалот :worried:
     
  20. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Сакам да прашам...?

    Јас си купив нови фармерки и ми капна бел лак :tmi:
    и на брзина со ацетон на памуче ги поминав и одма во жешка вода со прашак, сега пак си купив џемпер и со црвен лак на тегет боја го извадив пак лакот али не скроз, не се избели и не ми се познава :)
    Ако ти се ризикува пробај, нема друго чаре :)
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.