1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се справувате со дамки (флеки)?

Дискусија во 'Дом' започната од peperutkaa, 13 јануари 2010.

  1. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Помош за очајни домаќинки

    Десперт хаусвајф :rofl:
    дојдов и ја да прашам нешто
    Како да извадам флека од црвено вино од алишта???
    на бело палтенце сум накапала :(
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.953
    Пол:
    Женски
    Помош за очајни домаќинки

    Ќе ставиш сол или бело вино на флеката... ако не ја вади - Omino Bianco му е мајката.

    Друг пат лакирајте се голи, или облечени во стари алишта ;)
     
    На Go-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Помош за очајни домаќинки

    Гледам дека прашувате за флеки од црвено вино, значи ако ви капне негде или истурите, во моментот веднаш ставете поголема количина на сол и оставете така - солта веднаш ја вади флеката односно црвеното вино.

    Во спротивно Ваниш ве спасува - мислам во случај да не успеете веднаш да најдете сол - ама и во кафич да сте, не е страшно, трк до келнерот а ако се занесува ќе го прашате текила со што служи, со сода бикарбона?! Така му кажав јас последен пат на еден кој ми се занесуваше и не сакаше да ми даде сол :lol:
     
    На Go-Girl и SexyLady им се допаѓа ова.
  4. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Помош за очајни домаќинки

    Јас не сум очајна, затоа што не сум домаќинка. Ама ова лаков засушен на тренеркиве што ми остана е стварно голема флека и не знам со што би се извадил, најверојатно со ништо. Ако и текне на некоја домаќинка, слободно нека сподели, ќе ми биде од корист :worried:
     
  5. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Помош за очајни домаќинки

    ^^Го чистеше со ацетон или не?
    Ако си го чистела си напрвила грешка, јас така си ги уништив најскапите тренерки, ми капна бел лак, мала капка, и земав демек со памук и ацетон да го исчистам и само направив поголема бела мрља која сега ништо не ја вади.
    А еднаш случајно на едни црни стари хеланки ми капна зелен лак, и не се ни потрудив да го исчистам, зошто ми беа стари и ми беше сеедно, ги ставив да се перат и кога после ги облеков тоа лакот само што го потчепнав со нокт цел се оддели и ништо не се познавше.
    Дали беше до материјалот, дали така треба да се санираат дамки од лак незнам, ама знам дека најлошо е да земеш со ацетон, зошто ацетонот само го разредува лакот и се прави поголема дамка.
     
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Помош за очајни домаќинки

    Девојки, еве од мене совет. Ви текнува како кренав паника за една бела блуза која ми ја исфарбаа едни сивкасти фармерки и и направија идентични шари? Т.е. ве прашував како да се симнат оние сивите флеки од блузата и ми рековте варикина?

    Епа не ве послушав веднаш, реков ќе и дадам шанса затоа што мајка ми ме смири дека нејзината блуза извалкана со фарба за коса на 3 перење се испрала.

    И викам ајде прво вака да пробам. Пробав и веќе на второ перење, најобично со ваниш и ариел, блузата е повторно бела како во рекламите. Радости бре, радости! :lol:
    Така да совет од мене, да пробате првин дали навистина фарбата не се симнува после неколку перења, а дури потоа прејдете на други методи - во случајов како што јас бев решена на варикина ;)
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  7. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.690
    Пол:
    Женски
    Помош за очајни домаќинки

    Флеки од бонбони
    [​IMG]
    1) Исчеткајте флеката со мека четка.
    2) Со водено парталче се трие флеката, за да се разтвори валканото (така флеката излегува по лесно)
    3) Ставете течен препарат за перење и оставете да дејствува 20 мин.
    4) Ако флеката е уште таму, повторете процедурата уште еднаш, дури уште не се е исушило.

    Флеки од чоколадо
    [​IMG]
    1) Отстранете чоколадото со нож за мачкане.
    2) Потопете парталче во вода или спир и со парталчето втривајте во флеката, да се разтвори.
    3) Ставете на флеката течен препарат за перење и почекајте 20 мин. Ако флеката не излезе, ставете 1 супена лажица амонјак во чаша топла вода. (ставете гумени нараквици, да предпазите кожата си, и не вдишвајте испаренијата)
    4) Потсушете и неутрализирајте амонјака со киселина и топла вода 1 кам 4
    5) Исплакнете со топла вода и подсушете.
    6)Исперете го со препарат за перење и исплакнете.

    Тазе флеки од кафе

    [​IMG]
    1) Можат да се почистат со ладно млеко. И се пере по стандартен начин.
    2) Исушените флеки можат да се почистат со глицерин. Намачкват се со глицерина и се плакнат.

    Флеки од мастило
    [​IMG]
    1) Оставете ја флеката да се исуши и со крпа напоена во млеко (за вриене) ја ставете за неколку сати. Може да користите и лимонов сок. За памук, може да се користи ацетон или спирт. А за вештачки материи се користи лак за коса (незнам како се вика на македонски, мислам дека е исто)
    2)Исплакнете со топла вода и потсушете со лист хартија.

    Флеки од лепак
    1)Исчеткајте со четка колку е можно по убо. Исплкнете со ладна вода да се раствори лепакот.
    2)Растителните лепаци се чистат со мека четка или сунгер, напоено во раствор од една част амонјачна сода, 2 части силен спирт и 7 части вода. Третирајте флеките со раствора и оставете да поемат.
    3) Исперете во топла вода, во која сте разтворели препарат за перење.

    Флеки од трева
    [​IMG]
    1)Исчеткајте флеките.
    2)Напоете флеките со разтворен препарат за перење со топла вода.
    3)Тазе флеки се третират со спирт, а старите флеки со раствор од 3 части спирт и 1 част амонјак.
    4)Исплакнете со топла вода и подсушете.

    Флеки од кечап

    [​IMG]
    1)Намокрете со вода, да се раствори кечапот.
    2)Плакнете во топла вода. Врз белите материи, можете да третирате флеки со киселина или лимонов сок. Исплакнете многу старателно и исушете.

    Флеки од сок
    [​IMG]
    1)Наводенете парталче со вода и го ставете на флеката. Ако не дејства, пробајте со газирана вода.
    2)Може да се третира со лимонов сок, и да ги порасите со сол, која ке попие сокот. Црните (боените) материи може да се третират со малку кисело млеко и да го оставите да дејствува неколку минути.
    3)Исплакнете со топла вода и подсушете.

    Флеки од масло и маснотии
    1)Накиснете го во топла вода и препарат за перење.
    2)Флеките на кадифе се чистат со средина од топал леб, а за свила и волна се користи талк (http://sr.wikipedia.org/wiki/%D0%A2%D0%B0%D0%BB%D0%BA) порасете врз флеката а под материјата ставете попивателна хартија и оставете да попие.
    3)За памук се користи амонјачна сода. Тазе флеки од масло на темни материи се чистат со партал натопен во бензин.
    4)Ако во моментов немате сите овие препарати за третиране на материите, потријте со малку сол со со парче леб.

    Флеки од кармин
    [​IMG]
    1)Исчеткајте со четка.
    2)Третирајте флеките со парталче напоено во спирт. За свила користете терпентин(http://en.wikipedia.org/wiki/Turpentine)
    3)Ако флеката не излезе, направете го отново.
    4)Исперете со топла вода и препарат за перење.

    Флеки од `рѓа
    [​IMG]
    1)Флеките од `рѓа се многу инати и треба брзо да се почистат со сок од лимон и да се стави на пара. Старите флеки се накисват во жежак лимонов сок.
    2)Од памука се чисти со силен раствор од лимонтус, а свилата се чисти со јаболкова киселина.
    3)Исперете со течен препарат за перење.

    Флеки од вино
    [​IMG]
    1)Чисти се со лимонов сок и дебел пласт сол, кој ќе попие виното. Ако флеката е засушена, наводенете ја со малку вода и исперете во раствор од глицерин во сад со вода. Оставете да подејствува и накиснете во киселина растворена со вода.
    2)Исперете со малку топла вода и исплакнете..

    Флеки од пот
    [​IMG]
    1)Нкиснете го во ладна вода.
    2)Тријте флеките со раствор од лимонтус или киселина и исперете со препарат за перење.
    Можат да се чистат флеките од пот со памук напоен во бензин и да се трие со партал напоен во 2%-ов амонјачен раствор леко претоплен. Исплакнете убаво со топла вода.
    3)Белите материи се третираат со 3%-ов раствор од кислородна вода и се суши на сонце. Избеленото место се мие обилно со вода и се суши со крпа и талк.
    4)Исперете со топла вода и течен препарат за перење.


    ФЛЕКА ОД ЛАК ЗА НОКТИ
    [​IMG]
    1)Почистете со ацетон и после тоа со препарат за килими.
    2)Ако тоа не помага, почистете со неколку капки ацетон и втривајте со парче памук, со секое втривање памукот да е чист! (Инаку става разматено)
    3)После тоа местото се чисти со памук напоен со бензин. И се посипва со талк.
    4)Ако после третирањето има траги од сето тоа се чисти со разредена оцетна киселина (1%-2%) или со 2% амонјачен раствор.
    5)Ако флеките содржат алуминиев прах, тој се премахва со глицерин и испирање.

    Знам, дека имам ужасно многу грешки, али се трудев можно најмногу да е разбираемо. Се извинувам :$
    Се надевам да сум помогнала на некого.
    [​IMG]
    Поздрав!
     
    На Lella и Phyramide им се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.953
    Пол:
    Женски
    Помош за очајни домаќинки

    До бојата е Златушко, не е убаво бојадисано. Инаку јас имам еден куп такви флеки, ама само на алиштата што ги носам за чистење, Доместосот остава такви флеки.

    Инаку, девојки, за мрсни дамки на облека има чаре, не овие средства како Вениш и слични, туку ова
    [​IMG]

    Значи како вади мрснотии не само од алишта, туку и од чинии и други садови - посебно оние што ги миете на раце, нели знае некогаш мрсни да останат без разлика колку сте ги триеле? Е па овој детергент вади се'. Јас си купив ваков исклучиво за мрсни дамки на алишта, а за садови не користам, оти скоро и да не мијам ништо (да ми е жива и здрава машината). Закон е за мрсни дамки на осетливи ткаенини. Само натопете ја дамката, нека постои малку (да не се суши) и исперете ја облеката. Ништо нема да има!
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Помош за очајни домаќинки

    Најверојатно првин врз фустанчето си ставила прашок, па после вода, и ако е јак прашокот, од тие зрнцата во него, така речено, горат алиштата. Јас лани ова со ариел си го направив на 3-4 сакани парчиња, и жива се изедов.
    Затоа секогаш првин раствори го прашокот во вода па после стави го алиштето, или само течен детергент.
    А ако не е од прашок, тогаш искрено, поим немам од што може да биде.
    Штом е црно можеш да го префарбаш, но сепак зависи и од матерјалот. Мене најомилените хеланки не можеше да ми се префарбаат, остана така :(
     
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.894
    Допаѓања:
    123.093
    Помош за очајни домаќинки

    Како да тргнам лак за нокти од панталони :worried: Со ацетон или ќе ги упропастам :doh:
     
  11. Bajaderka

    Bajaderka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    339
    Помош за очајни домаќинки

    Никако со ацетон, само ќе го размачкаш лакот, ништо друго. Најдобро остави го нека се исуши и можеби ќе успееш да го извадиш така ( да го излупиш).
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.894
    Допаѓања:
    123.093
    Помош за очајни домаќинки

    Бајадерка не сака така да се тргне,ќе се отепам новите панталони ги упропастив а црни се :worried:
     
  13. Bajaderka

    Bajaderka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    339
    Помош за очајни домаќинки

    Оф, јас имам пробано со ацетон и на прекривка и на едни тренерки, ама ништо друго не направив освен што направив поголема беља, а еднаш пак го оставив убаво да се засуши и така ми излезе. Најверојатно зависи од материјалот, што знам. Ако не ти успеало така, тогаш пробај со ацетон, ама често менувај го памукчето за да не направиш поголема дамка, ако ти излезе поголемиот дел, или пак цело после тоа одма на перење. Среќно!!!
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Да, Ариел користам. Е па изгледа до прашокот е. Иначе како волнено е фустанчето, ми изгледа дека може да се префарба. :)
     
  15. Belisima

    Belisima Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2010
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    26
    Сум слушнала дека флеки од црвено вино се вадат со бело вино да се неутрализира па после се пере но немам пробано
     
  16. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Ете вака... Си се депилирав и знаете како оди онаа со загревање восокот и бла бла бла... И дека ми беше жешко тоа тенџерчето (кај што си топам восок) го фатив со пешкир, и океј ама тенџерчето ми е малку по плитко и сум го ставила накосено и ми се подистури на пешкирот....
    Како да си ја извадам флеката? Само некако набрзина молам... без саати и саати гребење итн...
    фалаа однапред
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.953
    Пол:
    Женски
    Со хартија и пегла... стави ја хартијата врз восокот, над неа загреаната пегла и чекај да се стопи и впие восокот во хартијата. После тоа, крпата на перење :)
     
  18. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    како да се острани дамка од прополис?
     
  19. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.543
    Допаѓања:
    8.234
    Пол:
    Женски
    [СДК] Сакам да кажам...

    Се пере ли дамка од портокал?
     
  20. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    Сакам да ве прашам каков прашак користите за бели, црни и шарени алишта?

    Црните панталони ми обледеа од прашокот, и не знам како да им ја вратам пак бојата , истото ми се случи и со едни црвени панталони и тие обледеа од прашакот.
    Постои ли можност да им ја вратам првобитнава боја со некој прашак или некое друго средство? :(