Здраво, имам кремасто палто и колку и да пазам пак ми се праат флеки од пудрата, дали знаете како можам да го чистам а да не е перење?
Пробај со арис де грас+сјај , или можиш и авакс+сјај, убаво напрскај на флеката, потриј со сунѓер и нека постои така 1-2ч па и повеќе, на крај во машина.
Тазе истурен зејтин вадам така што на сунѓерче ставам малку средство за миење садови и тријам убаво. После во машина перам и го вади скроз. Да пробаш со Denkmit сапунот за флеки од ДМ, нема што немам извадено со него.
Си требала само да ставиш сјај обичен за садови миење,секогаш ми излегувале од сјај.Ставаш на флеката и во машина.Е сега зошто веќе си ја испрала незнам дали ќе заврши работа ама пробај.Мене арис и сапунот никогаш не ми извадиле мрсна флека.
Se namackav malku so gel lak za nokti na pantolonite, griava boja se a lakot crn. Kako i dali e vozmozno da go izvadam? Probav so aris de gras,triev no nekako ne saka da izleze pa go ostaviv da deluva. Pomos
Дали знаете со што да извадам флеки од стик на бела блуза,една блуза на син ми има апликации и не смее да се пере на поголена температура а под мишки пожолтела и не излегува?
Јас флеки најлесно вадам со ставање сјај за садови на флеката и директно во машина за перење. Последно така извадив флека на мм од оригинал тренерка од зејтин полиен.