Со што чистите антилоп како превртена кожа што се? Небесно сини патики надвор од цветот на кринот прснало од жолтото правот што е не се чисти со влажна, со друго ми е страв да не ги дорасипам.
Дали успеа да ги исчистиш патиките? Го имам истиот проблем со патики New balance, еднаш се решив да перам патики во машини и си ги упропастив, тоа белото кко антилоп стана сиво кога ги извадив од машина ☹️
Не, ги оставив засега така да најдам соодветен спреј, ќе видам во ДМ дали има нешто. Леле немој во перална антилоп веќе, се расипуваат. Антилоп не е ни за со влажна марамица ама морав нешто да пробам. За антилоп најдобро е сува крпа да се поминат, така им се задржува најмногу материјалот. Јас еднаш, кога бев на почеток на кариерата на,, домакинка" на мм перев во перална превртена кожа јакна, материјалот и стана како лижавка
Добро вечер, новиот фустан ми е исфлекан со нешто мрсно мислам дека е масло, не сум приметила и стоел во корпата за перење неколку дена и го оправ вчера и видов дека има дамка мрсна дали некако можам да го спасам или не ?
Овој розевиот го имам , не ми вади дамки ..не сум задоволна ич . Јас само од омено бјанко сум задоволна .
Не сум го пробала ова досега, ако го пробаш кажи ми како ќе делува Јас го користам спрејот, постојано го купувам да си го имам.. Досега нема флека што не ми ја извадил, апсолутно најдобро нешто што постои! Вениш досега ништо не ми извадил, дури ни некои обични флеки што не се тврдокорни, ужас!
Ти благодарам некако сум по спрејовите да ти кажам , полесни ми се за употреба би ги земала и двата па ќе ти кажам
Добро ли чисти ова? Ми треба нешто што ќе ми отстрани флеки од течна пудра. Два пати ги исправ и ништо.