Вениш најчесто за дамки на облека, но мајка ми открие еден многу поефтин и ефикасен метод-влажни марамици Бекутан, или уште подобро Глос. Сум се смеела на цел глас, но кога видов како дамка од ќечап излегува за 5 минути се изненадив. Голс марамиците се пофекасни, дури и се бришат дамки на плочки. Знам смешно е ама делува.
Девојки, дали знаете како се отстрануваат жолти флеки на чаршав од стоење? После долго време извадив еден чаршав за спиење и приметив жолти флеки од што стоел. Го исправ и ништо...
Многу Ариел и сода бикарбона при перење ако е бел и зависи колку стоел. Многу тешко се вадат тие флеки, али после едно 5-6 пати перење, се вадат.
Па со дамките тешко се справувам немам некој осебен рецепт, зависи од сто е дамката но најбитен фактор е времето да не ја оставите да се засуши, додека е свежа може да се извади со малку сјај, тоа е средство за миење садови, се става на сунѓер и се трие флеката.
Не се справувам јас, ами машината за перење Сериозно, за силни дамки, ги киснам парчињата гардероба, да речеме исфлекана маичка од сок, црвено вино, или слично, во млака вода со Вениш, и после во машина на 90 степени. Исто така имам еден крем за дамки, Аксал, го има во маркетиве, густ е и бледозелен, се втрива во фармерки, блузи, и се пере потоа облеката. Се покажало ефикасно.
Дали може солот да помогне ако ја навлажнам дамката од вино со вода? Зошто е засушена... и солот колку време треба од прилика да стои? Што е најтрагично на бела маичка ми капнало... ужас
За дамки од црвено вино строго проверена е минералната вода.И јас се зачудив,но дамките веднаш ги снемува(секако свежа дамка)
Вчера внука ми во пајнцата со компот од праски фрли едно топче, па го испрска ѕидот. Има околу 10тина капки кои многу се воочливи, со оглед на тоа што ѕидот ми е син. Со што би можела да ги исчистам дамките, а да не се извади бојата од ѕидот?
Јас се зачудив од дејството на влажните марамчиња.Сосема случајно дознав од комшиката дека флеките се вадат со нив.И мене Господ да ме поживее малку чопава во рацете ми летна маскарата и директно на светло сива маичка се направив лом Земав влажно марамче,зачистив убаво и кога се исуши маичката немаше апсолутно ништо
Ајде домакинки мала помош несакајќи си истурив пудра на фармерките. Ги исправ на 60 степени ама флеката остана дали има некој вакво искуство.
Јас за било какви флеки користам Арис... ја попрскувам флеката, отстојувам десетина мин. и потоа перам на соодветна температура. Се надевам дека дамката од пудра ќе излезе... пробај и со Вениш
Случајно налетав на советиве. Се надевам дека ќе ви помогнат. Спојлер Како да се отстранат дамки? Што да се направи со флеките од трева на панталоните на твоите деца? Натопи ја флеката со чист оцет или 90% алкохол (ако ткаенината го дозволува тоа), исплакни го и вообичаено испери го во машината со соодветниот прашок(прашок-бели алишта или гел-шарени алишта). Дали постојано имаш проблем со сладолед, чоколадо, овошје, џусеви ит.н. На облеката на твоите деца? Пробај го овој совет: Натопи ја флеката во раствор со цет (2 супени лажици од чист оцет во четврт литар вода) исплакни и потоа вообичаено испери во машината со соодветниот прашок (прашок-бели алишта или гел-шарени алишта). Дали сакаш кафе/чај, но не на твојата омилена блуза? Ако се случи ова, пробај го следново: Бел памук:натопи ја флеката со хидроген пероксид а потоа испери нормално Шарен памук: натопи ја флеката во раствор подготвен од истата количина на алкохол и чист оцет. Потоа исплакни го материјалот и испери го во машината. На волна: натопи ја флеката во раствор подготвен од истата количина на алкохол и чист оцет. Потоа исплакни го материјалот и испери го во машината. А што е со восокот на твоите алишта? Пробај да го изгребеш поголемиот дел од флеката, потоа стави хартија на двете страни од ткаенината и стопи го остатокот од восокот со пегла. Како да се перат бели завеси а да обезбедиме нивна белина? Секогаш пери ги одделно од другите алишта и никогаш не ги суши во машина за сушење. Извади ги сите делови кои служат за закачување-инаку можеш да ги оштетиш механичките делови на машината, а и завесите. Наполни само четвртина од капацитетот на машината. Завесите пери ги на 30°C (програма за деликатни алишта) со многу вода (екстра вода), намали го триењето и вртежите колку што е можно повеке и стави специјален прашок за завеси (тој содржи специјални состојки за белење). По перењето, завесите веднаш закачи ги, инаку ке имаат набори кои нема да ти се допаднат. Крвта не е вообичаена на нашата облека. Да видиме како се отстранува Свежа флека: само натопи ги алиштата во ладна вода и флеката ке исчезне. Стара флека (сува): направи раствор на бикарбонат од сода или сол и ладна вода. Натопи ги алиштата и флеката ке се отстрани. Гумата за џвакање може да биде проблем, нели? Обиди се со ова... Стави ги алиштата во замрзнувач за да ја замрзнеш мастиката или стави коцка мраз на мастиката. Потоа изгреби ја мастиката со нокти и испери во машината. Мрснотиите и зејтинот не изгледаат убаво на твојата облека Веднаш истури пудра на флеката. Остави ја флеката да се исуши, а потоа нежно исчеткај ја пудрата од облеката. Повтори го ова додека флеката целосно не се отстрани. Потоа, облеката испери ја во машина. Флеки од кечап Подготви раствор составен подеднакво од иста количина на глицерин и жешка вода. Натопи ја облеката во растворот еден час, а потоа нормално испери ја во машината. Твоите деца сакаат да цртаат насекаде освен на хартија? Како да отстраниш мастило, боја, и др.? Мастилото отстрани го со крпа колку што можеш повеќе. Потоа под флеката стави бело крпче и натопи ја флеката со друго бело крпче. Може да помогне и ако употребиш и чист оцет или алкохол (ако е дозволено да се користи на таа ткаенина) А што е со р`ѓата? Малите флеки истриј ги со сол. Врз солта исцеди лимон и остави да отстои преку ноќта. Следниот ден, измиј ја флеката перфектно, а потоа испери во машина. Поголемите флеки треба да се третираат на друг начин: користи специјални средства за р`ѓа и следи ги инструкциите на пакувањето од производителот. Шминката е добра на твоето лице, но не и на твојата облека... Стави го делот со флеката на книжна салфетка и намокри го задниот дел со 90% алкохол (ако материјалот го дозволува тоа и ако флеката не е мрсна). Ако флеката е мрсна, тогаш користи некој отстранувач на мрснотии.
Девојки ми треба помош .Како се вади залепена смола од ранец ? Се залепив на училиште , го испра мајка ми ама не излезе
Јас лани на одмор си купив многу убави шарени купаки,но ги ставив во еден несесер така водени за да не ги наводенам другите работи.И како за беља од несесерот пуштило боја и сега купаките ми се бојадисани-само горниот дел. Сакам да прашам знае ли некој дали и како може да се среди тоа,иако е пројдено скоро година?
И јас така лани си уништив едни купачи , ама јас не најдов лек за нив. ако има некоја девојка некој совет , добредојден е
Жени!! Помош!! Имам две бели ташни, од стоење од прашина итн. многу се извалкаа. Ги ставив и двете во Вениш и вода, стоеја така два дена ама ништоооо!! Инаку ташните се како од скај незнам како да го наречам материјалот. Ве молам ако знае некој ефикасен начин како да ги исчистам, многу сакам да ги носам, ама така валкани не?????
Девојки помагајте многу, многу, најмногу... Синоќа се потурив со црвено вино. Одма ја извадив флеката со кисела вода ама на светло гледам останало малце да се гледа. Незнам сега како да го извадам остатокот, а веќе застојана е од вчера, а и материјалот е осетлив...... Хеелллпп :/