Како се справувате со дамки (флеки)?

Discussion in 'Дом' started by peperutkaa, Jan 13, 2010.

  1. martinuska

    martinuska Популарен член

    Joined:
    Jul 1, 2010
    Messages:
    3,095
    Likes Received:
    3,748
    За дамки користам т.н. свински сапун. :lol:
    Баба ми има направено од поодамна ама тој си стои и кога ми треба земам од него.

    Ќе го покиснам парчето облека и со сапунот ќе го истријам местото каде што е флеката и ќе го оставам да отстои некое време.
    Комшика ми има кажано дека така истриено може и на сонце да се остави ко демек поефикасно било вадењето на флеките, ама не сум пробала така.
    Имам вадено разноразни флеки со свинскиов сапун и знам дека помага. Ма каков вениш мениш и слични чуда, свински сапун и то је то :D
     
  2. ocila

    ocila Истакнат член

    Joined:
    Apr 20, 2012
    Messages:
    5,513
    Likes Received:
    1,900
    Е тоа мајка ми го знае.
     
  3. Lallly

    Lallly Истакнат член

    Joined:
    Dec 14, 2011
    Messages:
    133
    Likes Received:
    33
    девојки, јас експриментирав нешто со боја за јајца и сега не знам како да ја измијам од рацете. Кажете некој совет!
    фала однапред
     
  4. martinuska

    martinuska Популарен член

    Joined:
    Jul 1, 2010
    Messages:
    3,095
    Likes Received:
    3,748
    ^ Со лимонтус или прашок за перење алишта пробај да ги измиеш :?:
     
    Lallly likes this.
  5. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Joined:
    May 1, 2011
    Messages:
    1,508
    Likes Received:
    3,880
    Ај помош ве молам.
    При перење на еден фустан, кој иначе е од црвен и бел сатен, белиот сатен на некои места ми има прифатено од црвената боја. Го перев во ладна вода со течен прашок за шарени алишта, ама ете ми се вапца...
    Не пробав со ништо бидејќи се работи за сатен, а фустанот повторно ми е потребен, бидејќи не е обичен фустан туку со друга намена :/
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,259
    Likes Received:
    67,816
    Gender:
    Female
    Луѓе, пенкало се пере и ако да како?
     
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    5,801
    Likes Received:
    55,008
    Gender:
    Female
    И јас сум со иста мака.
    Маливе ми ги исшкртаа тренерките со пенкало, и сега после толку перења не се вади. А тренерките се црвени-еднобојни, па ептен се познава.
    И за маркер да си прашам :?:
    Пошто учам по пижами, најкомотно ми е, пижамите ми се цели испошкртани со маркери. Ама не оние црни маркери што не се бришат, туку оние во најразлични бои за подвлекување. Зелена, жолта, розева, портокалова...
    Како да ја извадам бојата сега? :worried:
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Joined:
    Jan 9, 2010
    Messages:
    23,917
    Likes Received:
    203,158
    Gender:
    Female
    [​IMG]

    Или ова

    [​IMG]

    Првото се става директно на флеката (има и спреј, можеби е поефикасен, ама не сум го пробала), се остава да постои, па се пере нормално (вади и чкртаници од пенкала, за маркери не сум сигурна, ама мислам дека и нив ги вади).
    А ова второто - обично се раствора во вода и се кисне исфлеканата облека во таа вода - ова мене ми е најефикасно за чаршави, астали, навлаки и сл. ако имаат флеки, ги оставам закиснати цел ден и после нормално си ги перам. Бели, цут се после :)
     
  9. AIT

    AIT Популарен член

    Joined:
    Jan 20, 2011
    Messages:
    979
    Likes Received:
    1,752
    Gender:
    Female
    Пенкало може да се исчисти со чист алкохол натопен на памукче или крпче. Јас така ги чистам секојдневните шкртаници од облеката на син ми.
     
  10. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Joined:
    Jul 6, 2010
    Messages:
    2,083
    Likes Received:
    5,093
    Кога ќе се исфлекате веднаш ставете сјај за миење садови на тоа место и протријте.Нека си стои додека не ги пикнете алиштата во перална.Друга опција е Вениш :)
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Joined:
    Jan 9, 2010
    Messages:
    23,917
    Likes Received:
    203,158
    Gender:
    Female
    ^^Сјајот за садови помага само за мрсни дамки, за друго тешко. А Вениш... па баш и не, има далеку подобри средства.
     
  12. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Joined:
    Feb 20, 2010
    Messages:
    2,087
    Likes Received:
    1,648
    Вчера на ручекот ми падна домата ( од шопска салата) на бледи панталони, веднаш ставив сол и после ручекот ги исправ со прашок. Гледам денес флеката не испаднала. може хелп
    ми е страв вениш да ставам за да не ги побелеам.
    да ставам сега сјај ќе има ефект?
     
  13. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Joined:
    Dec 23, 2010
    Messages:
    6,964
    Likes Received:
    2,301
    http://boza.mk/2012/oslobodete-se-damki ... tko-vreme/
    Ви претставуваме неколку совети како најлесно и најбрзо да се ослободите од дамките од:
    1. Кафе и какао – Свежата дамка, прелијте ја со ладно млеко и веднаш исперете ја во вода со детергент. Старата дамка намокрете ја во вода и детергент за рачно перење или истријте ја со мешавина од вода и алкохол. Дамките од волна и памук, исперете ги со кисела вода.
    2.Сос – Соблечете го извалканото парче облека, под дамката ставете чиста крпа и исперете го со ладна вода. Ова би требало „ делумно“ да ја отстрани дамката. Или, држете ја ткаенината под млаз вода. Налејте течен детергент и чистете со мека четка, но не грубо. Нека отстои пет минути, а потоа исперете ја. Прелијте ја флеката со алкохолен оцет, а потоа исперете ја со вода. Поновете ја постапката уште еднаш, ако дамката сеуште е видлива, па ставете ја облеката во машина за перење. Ако и после тоа дамката остане, натопете ја во течен детергент или детергент за миење садови и оставете ја облеката во топла вода 30 минути.
    3.Пиво – Намокрете ја облеката во млака вода и оставете ја 30 минути. Дамката исчистете ја со ладна вода и сапун. Добро насапунете ја и истријте ја.Ако останат траги, пробајте да ги отстраните со силен солен раствор во млака вода.
    4.Вино – Развлечете ткаенина врз сад со вода и на висина од половина метар, налевајте вода врз дамката. Или, исперете ја со минерална вода: Важно е да не нанесувате сапун, бидејќи тоа би можело да ја влоши ситуацијата. Добро делува и млекото. Ставете млеко во сад, доволно за да ја потопи облеката. За брзо време, дамката ќе стане бледа. Потоа, веднаш исчистете ја со сапун и облеката ставете ја во машина за перење алишта.
    5.Боровница – Исчистете ја со ладна вода. Измешајте лажица алкохолен оцет и половина лажичка во течен детергент, во литар ладна вода. Флеката треба да отстои 15 минути, а потоа исперете ја со ладна вода. Ако и понатаму е видлива, со помош на сунѓер и алкохол, пробајте да ја отстраните, па добро исперете ја. Или, подгответе паста од еднакво количество вод и сода бикарбона и нежно тријте ја на дамката. Исперете ја повторно.
    6.Кечап – Соблечете ја облеката и исчистете ја со ладна вода ( идеја: ставете хартиена крпа под дамката, а потоа попрскајте ја со млаз вода. Ова би требало да ја „ разнесе “ флеката. Нанесете течен детергент и внимателно чистете со мека четка. Нека отстои неколку минути, па добро исперете ја. Со сунѓерче, на дамката нанесете оцет и повторно исперете ја. Ако е потребно, повторно повторете ја постапката. Ако и ова не донесе резултати, нанесете течен детергент и натопете ја облеката во топла вода. Нека отстои 30 минути…
    7.Трева- Дамките од трева на бела ткаенина, исчистете ги со белка од јајце. На обоена ткаенина, натапкајте памук, натопен во 90% алкохол. За волна, свила и синтетички материјали, користете оцет и топла вода.
    8.Сладолед и чоколадо – Помешајте лажичка течен детергент ( може за миење садови ) со шолја вода и натопете ја дамката. Против млечни дамки добро делуваат таблетите со дигестивни ензими ( купете ги во продавниците за здрава храна ) , искршете 3-4 таблети и додајте исто количество вода. Добиената паста нежно натапкајте ја на дамката. Оставете ја да отстои барем еден час.
    9. Мајонез – Изгребете го вишокот мајонез. Ако дамката е свежа, обичен детергент е сосема доволен. Ако се работи за постара или посилна дамка, направете паста од сода бикарбона и вода и нажно натапкајте ја на дамката. Оставете ја да отстои барем еден час. Исперете ја во топла вода, според упатството на етикетата на гардеробата.
    10. Сенф – Внимателно отстранете го вишокот, ставете ја дамката под ладен млаз вода и нанесете средство за отстранување дамки или веднаш нанесете глицерин ( достапен е во аптеките ). Нека отстои неколку минути па исперете ја дамката. Исперете ја со топла вода и додајте избелувач ( но не на свила и волна или ако на етикетата пишува дека избелувањето е забрането ). Сите останати бели ткаенини, можат да се натопат во благ раствор од домашен избелувач и да отстојат околу 15 минути ( 20 милилитри избелувач на пет литри вода ). Дамката исперете ја со вода пред вообичаеното перење во машина за перење алишта.
    11.Безалкохолни пијалаци – Облеката натопете ја во ладна вода и оставете ја да отстои околу 30 минути. Во претперењето користете средство за отстранување дамки, па облеката исперете ја со избелувач ( проверете ја етикетата ).
    12.Јагоди – Исперете ја дамката со ладна вода. Помешајте лажицалкохолен оцет, половина лажичка течен детергент и литар топла вода. Нека се натапка 15 минути, потоа исперете ја. Ако дамката не се отстрани, пробајте со сунѓер и алкохол и повторно исперете ја.
    13. Пот – Во вода додајте оцет, оставете малку да отстои па исперете.
    14. Лосион за сончање – Отстранете го вишокот лосион па нанесете средство за отстранување дамки. Исперете ја облеката со топла вода.
    15. Мастика за жвакање – Облеката ставете ја во ќеса, па во замрзнувач. Кога мастиката ќе замрзне, ќе можете да ја отстраните со прсти од ткаенината.
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Joined:
    Jan 9, 2010
    Messages:
    23,917
    Likes Received:
    203,158
    Gender:
    Female

    Ако е мрсна флеката, тогаш може сјај. А Вениш не би требало да ги избледе панталоните. А бе Омино Бјанко му е мајката... не ја вади бојата, ама ги вади флеките. Со гаранција!
     
  15. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Joined:
    Mar 4, 2012
    Messages:
    1,440
    Likes Received:
    10,958
    Gender:
    Female
    Ако е мрсна флеката, тогаш може сјај. А Вениш не би требало да ги избледе панталоните. А бе Омино Бјанко му е мајката... не ја вади бојата, ама ги вади флеките. Со гаранција![/quote]

    kade mozam da najdam Omnio bjanko? Fala odnapred
     
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Joined:
    Dec 27, 2009
    Messages:
    4,327
    Likes Received:
    5,342
    kade mozam da najdam Omnio bjanko? Fala odnapred[/quote]


    Во сите поголеми маркети, Тинекс, Веро, Мај Маркет, Туш....
     
  17. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Joined:
    Jun 27, 2010
    Messages:
    1,517
    Likes Received:
    968
    Gender:
    Female
    Ве молам за помош! имам една блузичка, под пазувите од стикот ми се направија бели дамки, никако неможам да ги отстранам! ПОМОШ!!???
     
  18. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Joined:
    Dec 23, 2010
    Messages:
    6,964
    Likes Received:
    2,301
    неколку совети од ГорЊе
    А што е со р`ѓата?
    Малите флеки истриј ги со сол. Врз солта исцеди лимон и остави да отстои преку ноќта. Следниот ден, измиј ја флеката перфектно, а потоа испери во машина. Поголемите флеки треба да се третираат на друг начин: користи специјални средства за р`ѓа и следи ги инструкциите на пакувањето од производителот.
     
  19. meU

    meU Популарен член

    Joined:
    Nov 22, 2010
    Messages:
    2,633
    Likes Received:
    3,058
    Незнам дали ми е за ваму прашањето но да си прашам.
    Свекрва ми вчера при перење му ја офарбала блузата на маж ми. Блузата е жолта, а сега е темна, со некои шари низ неа од темни алишта. Дали има спас за вакво нешто, може ли да ја спасиме или???
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Joined:
    Jan 9, 2010
    Messages:
    23,917
    Likes Received:
    203,158
    Gender:
    Female
    Мислам дека може да се проба, да ја оставиш да кисне барем 12 саати во вода со растворено средство за флеки коене ја вади бојата. Јас ова го користам
    [​IMG]

    прашок е, има и во жолто пакување, а тоа е појако, се раствора во вода и се кисне облеката во тој раствор. Досега не ми потфрлило. Ама, го нема во големите маркети, единствено во Веро може да го има, ама не сум побарала. Јас го купувам од Охрид, од Топ Маркет, а порано од Грција ми го носеа.

    Исто да раствориш Омино Бјанко во вода, па да ја киснеш блузата... ама не знам дали би ти помогнало така, бидејќи тоа директно на флека се става, а блузава ти е прошарана од бојата.
    Пробај и со Вениш прашокот, може ќе успее...
     
    meU likes this.