Како се справувате со дамки (флеки)?

Discussion in 'Дом' started by peperutkaa, Jan 13, 2010.

  1. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Joined:
    Dec 23, 2010
    Messages:
    6,964
    Likes Received:
    2,301
    Мрснотиите и зејтинот не изгледаат убаво на твојата облека
    Веднаш истури пудра на флеката. Остави ја флеката да се исуши, а потоа нежно исчеткај ја пудрата од облеката. Повтори го ова додека флеката целосно не се отстрани. Потоа, облеката испери ја во машина.


    Флеки од кечап
    Подготви раствор составен подеднакво од иста количина на глицерин и жешка вода. Натопи ја облеката во растворот еден час, а потоа нормално испери ја во машината.
     
  2. meU

    meU Популарен член

    Joined:
    Nov 22, 2010
    Messages:
    2,633
    Likes Received:
    3,058
    Да, не се работи за флека туку за целосно прошарана од некои темни алишта жолта блуза . Значи баш жолта беше, сега е како бледо мастило низ неа да се истурило.
    Уфф, ке пробам со вениш вечер, ептен ми е мака.
    А Аннатх кажи ми ова што ми го кажа, ти вади така офарбани алишта, или за флеки го користиш???
    Ако вади офарбани ќе го порачам од Грција да ми го донесат, па да знам да не ми е за џабе .
    Фала ти
     
  3. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Joined:
    Nov 9, 2011
    Messages:
    922
    Likes Received:
    644
    Со што да отстранам дамка од течна пудра на бели пантолони?
    Еднаш ги исправ веќе, ама дамката стои. Мора да ја исчистам додека не ги видела мајка ми, инаку 3та светска. :sweat:
     
  4. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Joined:
    Dec 23, 2010
    Messages:
    6,964
    Likes Received:
    2,301
    Крвта не е вообичаена на нашата облека. Да видиме како се отстранува
    Свежа флека: само натопи ги алиштата во ладна вода и флеката ке исчезне.
    Стара флека (сува): направи раствор на бикарбонат од сода или сол и ладна вода. Натопи ги алиштата и флеката ке се отстрани.


    Гумата за џвакање може да биде проблем, нели? Обиди се со ова...
    Стави ги алиштата во замрзнувач за да ја замрзнеш мастиката или стави коцка мраз на мастиката. Потоа изгреби ја мастиката со нокти и испери во машината
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Joined:
    Jan 9, 2010
    Messages:
    23,917
    Likes Received:
    203,159
    Gender:
    Female
    И за флеки го користам, директно на нив ставам ако немам Омино Бјанко, го ставам во машина заедно со прашокот за перење кога перам бели алишта, и често ги киснам вака чаршавите и крпите од кујна кои знаат да се ишараат со различни флеки (кујна де), и после киснење со ова средство и нормално перење во машина, една флека не останува. Мене средствово ми вреди за сите пари, во Охрид го има во Топ Маркет, околу 150-160 ден е, мала е кутијата. Најчесто значи го користам вака како што опишав погоре за блузата.
    Баш пред да замине мажот ми кога ги перев и средував неговите алишта имаше една поло маица во крем боја што беше прошарана со плава боја на места. Ја закиснав и ја исправ - маицата не е веќе шарена :rock:
    Ама и Омино Бјанко ми е незаменлив, особено за тврдокорни флеки - ајвар и трева вади - а тие не се вадат со ништо. Да не ми беше тој, секој ден ќе требаше алишта на малиов да му купувам - нонстоп се валка, а ова ме спасува.
     
    meU likes this.
  6. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Joined:
    May 12, 2010
    Messages:
    4,733
    Likes Received:
    5,154
    ^ А би помогнале за флеки од праска? :?: Барем мислам дека се од праска флеките, знам дека тие не се вадат, имам такви жолти големи преку цела маичка, и не се вадат со прашок :worried:
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Joined:
    Jan 9, 2010
    Messages:
    23,917
    Likes Received:
    203,159
    Gender:
    Female
    Секако, само треба да го ставиш средството на флеката (ако е прашок да ја намокриш флеката прво, ако е течност, директно на неа). Ќе го истриеш, ќе го оставиш да постои неколку часа, па си ја переш нормално. И да има флеки на испраната блуза, кога ќе се исуши ги снемува. Инаку флеките од праски тешко се вадат, многу се тврдокорни.
     
    k.i.m likes this.
  8. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Joined:
    Dec 23, 2010
    Messages:
    6,964
    Likes Received:
    2,301
    Дали постојано имаш проблем со сладолед, чоколадо, овошје, џусеви ит.н. На облеката на твоите деца?
    Пробај го овој совет: Натопи ја флеката во раствор со цет (2 супени лажици од чист оцет во четврт литар вода) исплакни и потоа вообичаено испери во машината со соодветниот прашок (прашок-бели алишта или гел-шарени алишта).


    Дали сакаш кафе/чај, но не на твојата омилена блуза?
    Ако се случи ова, пробај го следново:
    • Бел памук:натопи ја флеката со хидроген пероксид а потоа испери нормално
    • Шарен памук: натопи ја флеката во раствор подготвен од истата количина на алкохол и чист оцет. Потоа исплакни го материјалот и испери го во машината.
    • На волна: натопи ја флеката во раствор подготвен од истата количина на алкохол и чист оцет. Потоа исплакни го материјалот и испери го во машината.
     
  9. babymama

    babymama Истакнат член

    Joined:
    Jun 28, 2012
    Messages:
    437
    Likes Received:
    228
    За мрсни флеки користам Арис де Грас, за флеки од фломастери, боици - smacio tutto, а за црвени флеки (вино, сок) само бело вино.
     
  10. ElenaRbd

    ElenaRbd Истакнат член

    Joined:
    Nov 26, 2009
    Messages:
    330
    Likes Received:
    162
    Здраво девојки.. Пред некое време си купив панталони мастило боја и најпрво ги исправ на рака..но потоа ги ставив и омекнувач. Но, ставив ддури цело капаче од омекнувачот и кога се исушија изгледаа како некој со четка да поминал низ нив. Значи на едно место се потемни на друго се посветли..како недобро искречен ѕид. И сега не знам што да правам, а не ги облеков ниту еднаш :( Ако знаете некое чаре, помагајте.. Еве ви приложувам слика..поздрав и фала ви однапред..
     

    Attached Files:

  11. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Joined:
    Jan 29, 2010
    Messages:
    3,840
    Likes Received:
    101,403
    Gender:
    Female
    Препери ги со благ детергент најдобро течен во последното плавење стави малку оцет-алкохолен.Ќе изветрее мирисот и би требало да се освежи бојата.Не ги пери со сапун.
     
  12. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Joined:
    Dec 23, 2010
    Messages:
    6,964
    Likes Received:
    2,301
    Што да се направи со флеките од трева на панталоните на твоите деца?
    Натопи ја флеката со чист оцет или 90% алкохол (ако ткаенината го дозволува тоа), исплакни го и вообичаено испери го во машината со соодветниот прашок(прашок-бели алишта или гел-шарени алишта).
    А што е со восокот на твоите алишта?
    Пробај да го изгребеш поголемиот дел од флеката, потоа стави хартија на двете страни од ткаенината и стопи го остатокот од восокот со пегла.
     
  13. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Joined:
    Dec 23, 2010
    Messages:
    6,964
    Likes Received:
    2,301
    Како да се перат бели завеси а да обезбедиме нивна белина?
    Секогаш пери ги одделно од другите алишта и никогаш не ги суши во машина за сушење. Извади ги сите делови кои служат за закачување-инаку можеш да ги оштетиш механичките делови на машината, а и завесите. Наполни само четвртина од капацитетот на машината. Завесите пери ги на 30°C (програма за деликатни алишта) со многу вода (екстра вода), намали го триењето и вртежите колку што е можно повеке и стави специјален прашок за завеси (тој содржи специјални состојки за белење). По перењето, завесите веднаш закачи ги, инаку ке имаат набори кои нема да ти се допаднат.
     
  14. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Joined:
    Dec 23, 2010
    Messages:
    6,964
    Likes Received:
    2,301
    Твоите деца сакаат да цртаат насекаде освен на хартија? Како да отстраниш мастило, боја, и др.?
    Мастилото отстрани го со крпа колку што можеш повеќе. Потоа под флеката стави бело крпче и натопи ја флеката со друго бело крпче. Може да помогне и ако употребиш и чист оцет или алкохол (ако е дозволено да се користи на таа ткаенина)


    Шминката е добра на твоето лице, но не и на твојата облека...
    Стави го делот со флеката на книжна салфетка и намокри го задниот дел со 90% алкохол (ако материјалот го дозволува тоа и ако флеката не е мрсна). Ако флеката е мрсна, тогаш користи некој отстранувач на мрснотии.
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Joined:
    Jan 9, 2010
    Messages:
    23,917
    Likes Received:
    203,159
    Gender:
    Female
    Не си ги исплавила убаво, ова е најверојатно остаток од детергентот... најубаво стави ги само нив во машина, или заедно со некои стари крпи, па убаво ќе се исплават и тие флеки би требало да исчезнат.
     
  16. Angel.Heart

    Angel.Heart Истакнат член

    Joined:
    Jul 15, 2012
    Messages:
    593
    Likes Received:
    2,053
    Девојки си купив болеро бело и тегет на риги и велам ај да го исперам пред да го носам, но за жал ми се вапца од тегетната боја и сега на некои делови од белите риги имам тегет боја. Доколку ми кажете некој совет како можам да го отсранам би ви била благодарна. Ептен се изнервирав бидејќи ми е ново и ниту еднаш го немам облечено :(
     
  17. lovelife

    lovelife Популарен член

    Joined:
    Jun 26, 2011
    Messages:
    526
    Likes Received:
    1,722
    Кaко поубаво да ги исчистам гаќичите
    имам едни во црвена боја и од бело прање ли незнам не се вади бре пери пери пак бело си е ;(
    а други па бели има како така кафеаво...е ајде де кај да им го најдам чарето 2 000 пати ги исправ...изгледаат ко да не се испрани ...глупости ...а не ми се ни стари :!:
    помош некој?
    Леле бруки што прашувам :$ :$
     
  18. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Joined:
    Dec 23, 2010
    Messages:
    6,964
    Likes Received:
    2,301
  19. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Joined:
    Jan 27, 2011
    Messages:
    1,277
    Likes Received:
    751
    Gender:
    Female
    Како да исчистиме дамка од лак за нокти од тепих :( ? Дали има некој начин или мајка ми ќе ме убие :x
     
  20. Beaty

    Beaty Истакнат член

    Joined:
    Sep 29, 2010
    Messages:
    187
    Likes Received:
    294
    ana-banana likes this.