1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се справувате со досадата?

Дискусија во 'Слободно време' започната од tigar.23, 13 јануари 2011.

  1. tigar.23

    tigar.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    3
    Дали имате момент кога не знаете што да правите со себе?


    На пример во моментов не ми се прави ама баш ништо, а умирам од досада. А најстрашното од се е што немам волја за ништо. Незнам што се случува со мене. Сте се нашле во ваква ситуација или јас почнувам да шизнувам :(
     
    На izabela.nik и love-222k им се допаѓа ова.
  2. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    немој тигарче да шизнуваш, тоа нема да ти помогне. кога сум јас во ваква ситуација ке избројам до 10, или вдиши-издиши неколку пати, а ако тоа не ми помогне ке си испијам 2 до 3 б6, и за кратко се е ок, а ако немам б6 , ке повежбам па ми е подобро

    пробај и ти, можеби и тебе ке ти помогне :$
     
  3. tigar.23

    tigar.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    3
    Б6 немам, а уште потажно е што сум на работа :( ама скрос сум сама и неможам да го затворам бирото и да одам да купам Б6, ама зато можам да играм оро...хехехе... оф леле...тешко мене, барем да имаше некој на скајп да си чатам или на ФБ, ама ни тие не се повеќе тоа што беа :(.
     
  4. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Досаѓам се уште повеќе од обичната досада..... Како на пример сега |(
     
  5. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Еве моментално е присутна кај мене, ми дојде на гости :D , и не се справувам ја чекам да си оди, разгледувајќи по форумов :D (се гледа по постов колку ми е досадно :D :tmi: )

    Шала на страна, незнам стварно како може да се справиш со досадата освен да чекаш да ти падне подобра идеја на памет што да правиш со себе... :|
     
  6. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Стојам на глава или си летам низ дворот 8)
     
  7. tigar.23

    tigar.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    3
    Нема нешто полошо од тоа кога незнаеш што да правиш со себе. Освен тоа што се досадуваш и работите кои можеш да ги правиш ти изгледаат досадни, а тоа е најлошото од се. Баш пред некој ден се најдов во таква ситуација и мислев дека ќе полудам. Добро е брзо помина :)
     
  8. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    па најчесто ако сум на компјутер правам некои квизови на интернет најчесто на оваа страница : www.blogthings.com , a ако не сум на компјутер гледам телевизија или некој филм на дивиди или пак цртам:)
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.040
    Допаѓања:
    66.624
    Пол:
    Женски
    Јас читам книги. Ништо не може да ја убие досадата како читање на добра книга :)
     
    На My litle pony, Bibko, k.i.t.t.y и 5 други им се допаѓа ова.
  10. k.i.t.t.y

    k.i.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    74
    И јас исто. Кога ми е досадно читам книги, и АШ досада :D
     
  11. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Немам некој посебен метод за надминување на досадата |( Си дремам на компјутер и му допуштам на времето неискористено да си мине! Тоа е! ;)
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Читам книги, но понекогаш вниманието ми лета и - повторно ми е мака.
    Обично испробувам нови техники за шминкање или денсам на некои бесни хитчиња.
    Се зафаќам со средување на плакари и фиоки, за да подоцна зажалам што сум започнала воопшто (зашто секогаш ми одзема повеќе време од планираното).
    Вртам на телефон, обично кај ликови кои ги немам чуедно одамна, а по завршувањето на муабетот се прашувам - кој ѓавол те тераше да ѕвониш и да се нервираш? :^)
    Во последно време навлекувам гумени ракавици, прскам секакви средства и го чистам wc-то.
    :D
    Гарантирано убива досада, ем го стопува бесот и бактериите.
    Кога и кажав на баба ми дека сакам да ме подучи да плетам, макар обичната,рамна плетка ме направи нетокму, па не сум помислила на такви егзибиции од тогаш па наваму.
    Во секој случај , сериите ми се најдобар лексилиум за убивање досада.
     
    На LUCERKA и girl1985 им се допаѓа ова.
  13. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    226
    Јас најчесто гледам серии кога ми е досадно,а некогаш се случува и тоа да ми е досадно.Е тогаш чистам нешто дефинитивно и баш ми се одвлекува вниманието
     
  14. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    155
    си седнувам на компјутерот се додека и таму не ми здосади,си ја раздигам собата,читнувам по некое весниче или некоја книга или ке си направам сама некое јадење во кујната,излегувам на прошетки и нормално ке се испие и кафе а понекогаш со другарката си пиеме кафенце дома и гледаме филмови.
     
  15. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.176
    Допаѓања:
    56.649
    Пол:
    Женски
    Читам книги најчесто, препрочитувам некои по 100 пати и не ми се досадни. :D

    Седам на Фемина. :$

    Го викам младичот мој на прошетка. :)

    Гледам серии (не турски шпански :!: ).

    Во принцип, многу ретко ми е досадно, секогаш наоѓам нешто да правам.
     
  16. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Ретко кога ми е досадно. Дури и да лежам и да се ѕверам во таван не ми е досадно, и во тишината знам да уживам.

    Во глобала или земам книга, или пуштам филм, или земам да чистам. Охооо само кога ќе погледнам што се можам по дома да си средувам, веднаш ми проаѓа досадата :)

    Некогаш знаат да ме пукнат некои чудни моменти и измислувам спонтани работи и веднаш поаѓам во нивна реализација. Што и да е во прашање.

    Не ми е досадно, досадата ми е мене знак или за аздис, или за премногу празен живот, а јас сеуште не сум аздисала од премногу ќејфови и убавини, ниту пак имам живот во кој апсолутно немам што да правам во слободно време. За среќа! Пу пу!
     
    На Bibko, girl1985, marama и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Многу ретко се досадувам, затоа што одкако ќе станам одма правам распоред на денот и автоматски секој час ми е исполнет. Факултет, учење, кафе-муабет, а од денес и се враќам на мојата стара љубов-цртањето и ептен сум среќна што си уште повеќе ќе ми биде организиран денот. Многу сакам цвеќиња...па често ги вадам, ги чистам, им ја менувам земјата и ги пресадувам љубичиците. Тие преубави бои ми даваат инспирација и ја убиваат досадата... ;)
     
  18. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    5.041
    секад може да се најде нешто да ја убие досадата. Најчесто ако ептен ми е досадно си го средувам плакарот :lol: , после знам да се лакирам, да отидам негде во комшии на гости, да пребарувам на интернет слики и такви работи
     
  19. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Така што и се предавам....
     
  20. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.457
    Пол:
    Женски
    Мене никогаш не ми е досадно, секогаш има некоја обрска што чека на мене. А доколку нема тогаш обавезно излегувам, во крајни ситуации ја фаќам мајка ми под рака и ја шетам низ град :)
    Ако сакам да одмарам, тогаш земам филмче, пуканки и одам кај дечко ми, е таму никогаш не ми е досадно :D