Не знам здраво да се справам со досада. Ме излудва. То е и причина зошто постојано чачкам нешто и прам. И то е причина зошто на крај имам масивен брн аут и то во голема мера ми влијае на расположението и квалитетот на живот. Претходно сум пишала дека сакам досада оти одма заспивам. Honey, no. Никогаш не си сакала досада. Го сакаш моментот ко ќе се премориш и престимулираш да можиш да заспиеш. Не е до досада. То е шо иди од ко ќе се справиш со досада. Со досада се справувам така шо секој дел од денот ми е некако пополнет и планиран. Пример еве од Понеделник до 3 сум секој ден зафатена од 8 со работа. После 6 имам часови до 8 каде шо волонтирам со деца. После 8 си спремам материјали за децата за нареден ден и излегвам. Од 4 до 6 се занимавам со хоби. Дали пишам за блог, цртам, прам дупли предизвик ( зошто просто ко можи комплицирано), бинџам серии и сл. Викенди често одам на часови за психотерапија или семинари. И прегорвам жестоко. Ама ако не прам се, постојано, осеќам притисок, ко ќе ми е тешко досадно почнувам да мислам и како поќе се продлабочвам, толку полошо е. И дефинитивно избегнувам overthinking со преголема зафатеност. А ми треба одмор. Сега сум во период кај шо ми треба одмор ама јас си земам поќе часови со деца место да се дистанцирам. Не бидете јас. Слушајте си го терапевтот.