Не знам, не се ни сеќавам да ми е досадно во скоро време било некогаш. А пази немам ни другарки па да речам тепам време со нив постојано. ИНТРОВЕРТ Секогаш имам што да правам, освен во ПМС кога некои денови на сила готвам, на сила чистам сакам само да кулирам тогаш. Инаку сакам да ми е секогаш дома средено, па може и поради тоа не се досадувам, додека на едно место, па на друго и така во круг. Па цвеќиња да средам, па на мајка цвеќињата, а и со домашните никогаш не ми е досадно
Читам книга, гледам видеа на јутуб или пак слушам музика. Со другарките се договарам да се видиме ако и тие нормално имаат време
Сестро кај си досега? Маж ми често знае да ми рече Како не ти е досадно Е не ми е. Си наоѓам занимација. Пуштам музика на Јутјуб и работам нешто по дома. Или читам на интернет. Не сум по дружбите.
На толку избор ако ти е досадно деф е до тебе. А и ова ми е интересно за опсервација колку никогаш не ми досадно, state of mind e.