Досадно ми е седам на компјутер пак ми е досадно и слушам музика досадно досадно чекам на училиште да почнам од што ми е досадно
Па... - читам некоја добра книга(само ако сум расположена за тоа) - гледам интересни филмови - понекогаш излезам на кејот и возам велосипед - музика и фемина - се средувам (маникир, коса, депилација...СЕ)
Кога ми е досадно немам волја за ништо ама баш ништо.Или седам на компјутер,тв гледам,некој филм,лектирите ги прочитав а ме мрзи друга книга да читам ,излагам со другарки,возам велосипед,чистам,пеглам...
Ретко ми е досадно, затоа што во теков на денот сум или излезена или гледам филмчиња, а уживам и во едното и во другото. За да си го пополнам уште времето се лакирам, слушам музика, гледам Фокс лајф или наједноставно барам уште филмови на нет, си гледам трејлери едно-друго и цел ден знае да ми летне на тоа. Ова за распуст зборам, инаку само учам..и учам.. и нема време кога да ми биде досадно.
пе искрено нема досада -седам на нет..фемина,фб -читам книга -гледам филм -си викам дома друштво и така ми поминува досадата.
Кога ми е досадно, најчесто се вклучувам на Фејсбук, Фемина, мсн, си слушам музика, или си пуштам некое интересно филмче. Потоа, честопати излегувам на прошетки со друштвото, и така низ смеа и разговори ни минува времето, си тепаме досада. Исто така некогаш експериментирам со шминката, испробувам нешто ново, си правам маникири, педикири и слично.
Кога ми е досадно се тровам од цигари!! Ете тоа го правам!! Исто така се вклучувам на Фејсбук или повикувам некој да ни дојде на гости Да разбијам монотонија..!!
Гледам Саут Парк. Ем ми ја убиваат досадата, ем расположението ми е на ниво. Успат ќе научиш некоја сочна пцовка или саркастична досетка
Дремам на пц-во, гледам некој филм, може некој маникир да падне, исто оние музичкине канали ги гледам стално, ќе отидам некаде на шетња, може на кеј и така .
Кога ми е досадно не ми се прави ама баш ништо,никако не ја убивам, па ја оставам досадата да ме убива мене
Кога ми е досадно, тркалам ѓевреци по удолница кај мене... Се шалам. Кога ми е досадно најчесто гледам да најдам друштво за искачање, за на кафе или да се прошетаме. А и тепам досада на фемина, слушам музика...
Дремам на фемина и фб, слушам музика, читам книги или одам на кафе. А најчесто му досаѓам на татко ми и тоа ми е најомилен начин да се справам со својата досада...
Па, мене секогаш ми е досадно. Најчесто се лакирам, седам на компјутер, т.е до компјутер. Буљам у него. Играм флипери, фемина, фејсбук, ќе си пуштам музика. Им досаѓам на моите дома. Ќе експериментирам, бојам вазни (тие во забавиште што ги цртавме, па ги пребојувам), триста чуда.. Што на ум, то на друм.