Или дремам на фемина,или дремам по тераси,или му досадувам на црното мое или едноставно како што кажа една форумџика,ја оставам досадата да ме убие мене....
Уф тешко се справувам.Но кога ми е досадно седам на компјутер(на фејсбук,фемина и други сајтови) или гледам серии или филмови.Така ми поминува времето ех пуста технологијо да те немаше што ќе правевме .
Одамна не ми било досадно, или учам, или гледам филм, или книга литам, или одам да се возам со колата, или кафе, или готвам, се нешто правам, одамна не сум се досадувала.
легнувам си ставам слушалки си пуштам музика и си замислувам демек јас ги пеам на бина и сите ме гледаат и јас се јачам хаххаххаах
Што да се справувам јас со неа, нека се справи она со мене Шала на страна-Како сите други на интернeт, со некое добро филчме/серија , игрици, СИМС и ондак то
Не дозволувајте да ви биде досадно..се случува некогаш до ништо да не ви е и мене нормално,ама мразам кога ми е досадно да и се препуштам на досадата Секогаш се наоѓа нешто-фб,фемина,други сајтови,чистење по дома,средување на плакарот,накитот,правење ручек или некој нов специјалитет ,или едноставно повикајте некој за забава...Ете јас што најчесто правам кога осеќам дека ме фаќа досада...има многу начини да се разбие,а наједноставно е да дозволиш да си досадуваш и да кажеш-Досаднооооо
Обично си седам на фемина, си читам интересни совети итн. гледам филмови али од толку многу што сум гледала нема више филмови за мене и ја замарам мајка ми кога ми е досадно
Јас пак со мојата досада и мрза,ама што да се прави.Ве читам како се справувате со досадата и наидов на: читање книга - немам ниедна при рака онака интересна,по мој вкус а и немам мир каде да читам.. чистење по дома - понекогаш стварно уживам во чистењето ,ама сега на ова ладно јас да се рашетувам да чистам ај што ќе смрзнам па и ЗНАМ дека тоа никој нема да го испочитува кај нас е постојано неред,сабајле си исчистил до вечер лом се прави како бомба да паднало.. средување на шефоњер,шкафови - copy-paste од предходниот коментар.. разгледување по форуми читање на најразлични статии - веќе станува досадно,ќе поседам некои време ќе почитам ова она ќе прелистам по форумиве и тоа е тоа веќе не ми е интересно..(не е секогаш вака ) фб - некогаш ,кога имам занимација супер ми е на фб ама еве сега во вакви моменти кога немам со кој да се допишувам,кога веќе сите статуси ги прочитав и ги лајканв тие што ми се допаѓаат,гледам силки и тоа ми се здосадува,5 пати ја прегледувам почетната,профил и тоа е тоа убива досада ! гледање филм - нема ниеден на тв моментално бар не видов,ама и тие веќе ми се досадни познати ми се сцените,а филмови на цд неам а и другаркиве не гледаат баш филмови па немам од кој да земам,на нет неможам да се снајдам како што.. И имам некои работи што ги одолговлечувам ај за друг ден,на пример да направам шнола од едно видео од јутуб т.е. од фемина е,ама ме мрзи верувајте,треба да си ги измијам забите и за тоа ме фаќа мрза..Уфф ќе си цркнам јас од оваа моја пуста мрза!
Ретко имам таков период, обично играм ДотА кога ми досадно а сум сам, ама изгледа од сега натаму почесто ќе е така.