Кога јадам јадам, кога пијам пијам, која учам спијам Се шалам............најчесто на фемина, y8, y3, црнобело, мотика
пхахахахахха. Иначе никогаш не ми е досадно. Шта чеш, полудила је. (чистокрвна македонка, не ми замерувајте ако утнав ова со српсково)
Не знам кога последен пат ми било досадно Секогаш ми е исполнет денот, мошне сум организирана, така што секоја минута ми е однапред испланирана. Ако некогаш имам повеќе слободно време од вообичаено, седнувам да читам книга, или се занимавам на интернет
Исто и јас непаметам кога сум рекла „досадно ми е“. Секогаш изнаоѓам занимација, дали ќе се зафатам со средување на собата/домот, ќе мајсторишам нешто, уредувам преуредувам ситници и предмети, пазарам, шетам сама ако треба, вежбам, готвам, играм и пејам- не се изостава, читам списание или книга, чат-пат нет и телевизија, значи буквално има илјада начини да си го исполниш денот, и да е поинаков секој од претходниот и наредниот. Им се чудам на оние кои ќе ми речат досадно ми е, а уште повеќе им се чудам на оние кои мене ми се чудат кога ќе им речам дека никогаш не ми е досадно.
Мене никад не ми било досадно али претпоставувам кога сум немал што да правам , ќе седнам на компјутер ќе упалам некоја игричка и ќе си играм додека трае сонцето .... можеби и ноќта
си играм со моето кутрето седам на фејс.фемина вртам по другарки ја терам мајка ми да се симнеме до доле ако нејке се симињам сама или со моето дебилче и то
Играм табла на нет, фејсбук, читам книга, учам, гледам некое филмче што ќе се најде на компјутеров, го шетам кучето и така
Читам книги,играм игри, читкам или пишувам на фемина,гледам ТВ,шеткам и така. Многу пати сум рекла "досадно ми е". Ама сега знам да се справам со досадата и да го испланирам и најдобро да го искористам денот.
Понекогаш ја обожавам! Зошто само тогаш, знам дека не правам ништо, и уживам во тоа. Нормално, после тоа ми се случува во меѓувреме животот, па заборавам дека ми било досадно.
Овој период тешко. 4 ѕида, нет, телевизија и книги и пак е досадно. Кога се нема обврски ништо не помага.
Уууф, секогаш имам некои глупи мисли и не сакам да ми биде досадно.. Понекогаш сакам да ми биде досадно, да си дремам безвеза ама ретко.. Еве сега на пр. досадно ми е и ќе земам да учам нешто, чисто онака да ми пројде,може и ќе јадам, било што.. Ќе цркнам инаку
Готвам, праќам смс пораки, пеам на цел глас на караоке песни на youtube, читам книга, или почнувам да го средувам шкафот со алишта... за да по 5 минутки се покајам што воопшто сум ја започнала таа проклета работа.
Порано излегував,учев,цртав,на компијутер се забавував,го шетав кучето, гледав телевизија.... а сега буквално НИШТО.