Ако човек има идеи, нема потреба од досада. Никогаш ама баш никогаш не ми е досадно, јас тој збор не го разбирам!
секогаш си наоѓам некаква занимација, и од ништо правам нешто, по природа сум си таква. така да проблем со досада си немам
Се гушкам со сестричката. Кога ќе ми е досадно на ниво на животот односно кога долго сум статична, без некоја промена која би ме одржувала - станувам опасна Обично ќе направам нешто злобно, безобразно, храбро, ново дело вредно за да те држи со денови... било што за малку да ме подигне. Некогаш стварно се мразам, ама тенот и косата ми се посветли и поубави, а срцето запролетено. А знам и да правам многу добри дела и да го освежам секојдневието на некој.
Лично мене многууууу ретко ме посеѕува досадата......Или пак кога е тука веќе седам на фб едноставно гледам слики, читкам нешто по форумов и слично.....
Си наоѓам некоја занимација, или гледам телевизија, или читам нешто, или ќе фатам да чистам по собава, па и некогаш едноставно само сакам да легнам и да гледам во ѕидот може ќе ми дојде интересен Инаку летно време па и сега додека е топло досадата ја убивам со тоа што фаќам да перам алишта на рака, ем си се разладувам ем интересно ми е
Па зошто сите денови ми се 98% исто, прво денот почнува со читање и детален преглед на сите форуми на кои сум зачленета, потоа продолжува со гледање серии или пак он лајн емисиите на Ајде дома, а продолжува или со читање книга или со гледање филм.
фино лепо си се пуштам на нет и одма кај Фемина, ма каква досада бре, тука се што ми треба можам да си најдам
Па, најчесто гледам филм. Некоја книга ако ми е при рака да прочитам. Ќе го тормозам брат ми или дедо ми за шах ... На ТВ ако има неш интересно гледам и тоа.
Паа незнам кога ќе ми е досадно гледам Gossip Girl и така уште малку имам,или некој филм,слушам песни...
Ретко,ама ептен ретко да почувствувам досада.На работа,по дома,две деца,сопруг...нема место за досада.Е сега,кога тоа ќе се случи-да немам што да работам- абе уживам во досадата..мозокот на пасење и .....поминало време.
Од денес почнувам да цртам, се исто па исто ми е. Спијам до касно, јадам, гледам ТВ и излегвам вечерта и толку А да, и порано ќе станвам Спојлер Се надевам дека ќе успеам