Досадата е залудно потрошено време.Животот е толку краток, за да ни биде досадно.Затоа јас се обидувам да бидам корисна дури и кога ми е досадно, баш како сега.Е утре ке се фатам за работа по дворот и нема да ми е досадно .
Јас кога ми е здодевно седам на компјутер, гледам телевизија, се шетам по двор, си го средувам плакарот и сл.
Што правите кога ви е здодевно? Седам на компчутеро,возам ролери , се шетам,си средувам во собата и друго
Што правите кога ви е здодевно? Кога сум дома а ми е досадно седам на компјутер, во главно на страници за забава.. и на форумов А кога сум надвор постојано сум во движење така да нема простор да ми стане досадно Ама и до друштвото е.
Што правите кога ви е здодевно? Ретко кога ми е досадно, ако ме фати тој период спијам обично Да помине времето
какво чистење бре? никада ми не пада напамет! па кога ми е досадно, пуштам guns n roses и буљам во axl.
Може на некој му е несфатливо моево мислење, ама мене ми е несфатливо како може на некој да му биде досадно. Има толку работи што може да се направат. Почнете од дома: најдете нешто интересно и корисно на телевизија; прочешлајте го станот, сигурно имате некоја книга која ќе ви го задржи вниманието; замијте ги неколку чаши во мијалникот, испеглајте дел од купот алишта, избришете прашина. Излезете надвор. Сварете си какао и уживајте во работите што ви ги нуди животот. Да не биде досадно не секогаш вклучува друштво или некаква активност. Уживајте во сопственото друштво слушајќи ги и восхитувајќи им се на врапчињата по жиците и на свежо скинатите трендафили. Има нешто и во тоа " English Quotes "
Овие денови и мене ме фаќа некоја досада затоа што веќе скоро 2 недели секој ден врне дожд и ништо не ми се прави уфффффффффф, но се трудам некако да си ја убијам досадата со гледање добра комедија, интернет, па средување по дома, готвење, шеткање малку низ двор и така се надевам дека времето конечно ке се оправи па да уживаме сите во прошетки во парк, пиење кафенце во некое кафуле ...
Кога ми е досадсно читам книга, си приготвувам нешто за јадење, си ја средувам собата, ги редам рубите, може да измијам садови ако има и така
Уфф јас незнам да функционирам кога нема што да правам , се плашам од вишок на слободно време, како завршив со факултет абе црни мисли колку ти душа сака може да станам режисер на најдобрите црни мисли . И одма паника почне да мава како ми истекне се ја незнам , не дека ништо не работам по дома, чистам, перам, читам, излегувам ама не е тоа - тоа. Мене ме убива помислата дека немам работа, немам постојана обврска еве станеш наутро одеш на факултет или работа, кај мене го нема тоа, и затоа ми работи психата 200 на саат. Се трудам пренасочувам мисли ова она, абе јака сум не се давам лесно де, ако не измлатам некогаш некој еден ден - се шалам де , ама за мене најголема казна е да имам вишок на слободно време а сите плачат по него