Јас не ја погледнав категоријата убаво, мислев се однесува на економската криза Како се справувам со кризата? Прво си повторувам во себе неколку пати, не ти се јаде, не ти се јаде, не ти се јаде! Па ако треба и на глас го мрморам... Како хипноза ми делува. Мијам заби и пијам многу вода. Некако вкусот на ментол и вода ме смируваат. Посегнувам по најнекалоричното според мене - краставица, морков или јаболко. Ми се случува за време на криза да се напијам повеќе кафе или чај со натрен. Една од најдобрите солуции е секогаш да имате супа во фрижидер. Извадете, стоплете да биде жешка, ем со оцет, по можност јаболков, топлата храна го заситува желудникот за брзо време, создава илузија дека ви е полн, а оцетот топи маснотии. Ете баш така. :geek:
Пробајте со ладна супа и оцет,повеќе заситува и го имам прочитано како една од финтите за трошење повеќе калории и покрај тоа што јадете. Инаку,искушенијата и гладот маваат само 10 мин.,поминуваат и повторно сте во нормала...до следната криза.Ете толку се потребни за да ја надминете кризата.
Навечер ме фаќа најголемата криза за чоколадо ама се трудам некако да му одолеам . Во последно време малку се опуштив со храната па мозете да претпоставите дека ме доведе до некое килце вишок и сега сум на диетата на iskri4ka напишана за оние без физичка активност па се надевам ке ми успее само не знам до кај ке ме однесе навиката да јадам по 1-2 лажички мед и ореви пред спиење. Ајде ако некој знае нешто за медот и оревите нека ми каже па да знам да се воздржувам и од нив или ...
Криза...оффф моментално сум во овој период...али земам мастика и си џвакам и си велам ако јадиш после ке ти е тешкичко а и + тоа ми текнува на ова под газево што сакам да го снема,ми тежи газенцево и така минува кризата...но вака читајки ги вашиве постови погоре иако не ми се јадеше ме фаи криза за јадење...па затоа си сварив чајче
Аххх, најтежок период ми е кога ќе ме фати криза, посебно за благо Или џвакам мастика или јаболка јадам во ОГРОМНИ количини
leleee...nikako da ti kazam..eve sea bev na dieta 2 nedeli..zaslabnav nekoe kilce i sea izedov 3 kriski majonez i patlidzan..mh mh ..toa e so da prais
Мене многу често ме фаќаат кризи зашто сум голем обожавател на благото Грицкам морковчиња, јадам јаболки или џвакам мастики.
јас ќе трпам без благо или грицки одредено време Но после еден ден ме фати криза и... Цел ден грицкам нешто... Едноставно не можам да издржам... Се обидувам да се убедам да не грицкам ама не помага
Е сега не е баш криза, но не знам што да направам, бидејќи започнав диета, и фала богу не ме фаќаат кризи може дека сум на почеток ама добро се држам, но проблемот е што викендов ќе се собираме цело друштвото, и се договара скара и така се што следи со тоа. Многу ми е глупо на сите да објаснувам дека сум на диета а од друга страна пак сега ако јадам со нив целиот напор од оваа недела ми паѓа во вода Ќе треба од понеделник одново да почнам. Што мислите да си останам на моето или да уживам со другите иако после тоа жива ќе се јадам
јас вака би направила би јадела скара или било што ама во помали количини, на пример нема да изедеш 10 кебапчиња изеди 6 а после тоа тури се на едно убаво вежбање ем нема да треба да објаснуваш на диета сум не можам што е најглупаво, ем нема да имаш огромнааа грижа на совест во краен случај можеш во понеделник да се прочистиш еден ден па од вторник на диетка се надевам ти помогнав
јас би ти рекла да им се придружиш на другарите,а во недела да одвоиш 1час трчање или некоја др активност, а од понеделник пак на диета )))
Фаќаат кризи одвреме навреме ама има периоди и за тоа некогаш многу ми се јаде и јадам се и благо и солено а некогаш па уста не ми се отвара ама мислам дека кога сум на диета повеќе мислам на храна дали е до психата или навистина ми се јаде ја не знам што е затоа не викам дека сум на диета за да не јадам повеќе
Најдобар одговор на темава ќе биде - Ме? Hungry? Never. - со голема доза на сарказам... посебно откако сум на диета последниов месец и пол.... од мали нозе мака мачам со конфекцискиот број во секој случај, не сум којзнае колку искомплексирана.... некогаш се нервирам за мевот и тие познати ,,muffin tops,,... а диетата решив да ја држам затоа што сметам дека можам далеку подобро од мојот моментален број на алишта како се справувам со кризата за благо ? - јадам урми со ораси... подобро дури и од чоколадо! останати кризи немам, некогаш од иштав што се вели, ќе скршам нешто и ќе пробам... колку да не го мислам
Имам една опасна финта Кога ми доаѓа криза за јадење се замислувам каква би била со kg плус и каква би била слабичка со некое килце минус... Голем гурман сум ама да бидам слаба е многу подобро од храна
Јогурт или супа без фиде само коцка.....и одма си сита и плус ако пиеш на брзина нема промаш..по една чашка
па и јас дека пазам што јадам и исфрлив леб и благо, кога ме фати криза јадам урми ама дали е тоа правилно или не незнам. дали и тие дебелеат?
Кога ќе ме фати криза со легнувам да спијам Инаку во 8.3 гр. урми има 23 калории.Па пресметај колку грама урми јадеш и колку калории внесуваш со тоа.
Кога има криза се знае: се јаде. Јас не сум на диети ама кога ќе се оправи времево, седнување на точакот и потење. Нема друг избор.
Се знае како... Шетам по цел ден, и тогаш автоматски не ми се јаде Кога ќе го насочиш вниманието кон нешто побитно, одма забораваш на гладот и на благо и на се... Па уште ако си со тој што го сакаш, па кое јадење