Јас не сум мешала кафе и кока кола, ама кога ми се спие одделно ги пијам и има страшен ефект. После две дози еспресо и кока кола задолжително добивам ококорени очи и тахикардија. Исто така тогаш јадам многу благо - не знам дали стварно ми помага, или само така си мислам Ако треба да учам, ама ептен многу ми се спие, дремнувам пола саат и продолжувам. Ова обично ми се случува после 3 сабајле.
Ариел ќе ти ја украдам после финтата со кока колата и кафето. Најубаво учам вечер кога сите спијат, а не сум ни денес спиена така што до вечер....Ќе видиме. Мене ме буди млаз вода во лице, кафе ретко пијам за да ме разбуди, само кога е ептен тешка ситуацијата, додека свежо јаболко веднаш ми ги ококорува очињата.
Вообичаено ме спасува само ness кафе, ништо друго. Гледам да правам добар распоред со обврските, за да немам потреба од висока доза на кофеин бидејќи задолжително добивам тахикардија. Ништо не е подобра солуција од квалитетен сон, ама за жал не секогаш имаме време добро да се наспиеме.
Ако не сум наспана, а треба да учам кафето само ќе ме освежи краткотрајно, но концентрацијата нема да ми ја подобри. Гледам да имам време за да дремнам, така на одморено мозоков ми работи најдобро.. И кога имам ептен малку време, а многу за учење морам! да одморам. 30 минути минимум.. Ако треба и лежам само во тишина, не мора да спијам, ама битно да легнам...
Во недостиг на сон само кафе ме спасува. Во текот на неделата спијам по максимум 6 часа (не од што сакам, туку заради обврски) и секојдневно се дрогирам со по 2 шољи (во секоја смисла на зборот) кафе. За време на викенд гледам да си ги надополнам пропуштените часови и знам да откачам по 14 часа да спијам, а остатокот од денот да го поминам во хоризонтала (активност помножена со нула). Сега за сега одлично функционирам така и немам намера да се менувам.
Уставари се меша лажичка нес, шеќер евентуално и кока кола, без млеко и други тракатанци. Можеш да го разблажиш со вода. Имам пробано, вкусно е ама не би го практикувала знам тахикардија ќе ме утепа :geek: Обавезно пијам едно до две кафиња тој период, а навечер не се лишувам од сон. Барем два саати. Или најубаво во секој момент кога ќе ми дојде дремка продолжувам да спијам, ама телефонот ми е стално на аларм и ме биду по 10-15 мин. Вака малку време изгледа, ама доволно ми е да се разбудам посвежа и со по голема концентрација. Башка го имам "преспано" материјалот, а така најубаво се памти Вака ми се покорисно изгубени тие 15 минути отколку 16пати што ќе ја прочитам истата реченица. Доволно е и на секој 15тина страни да дремнете 5-10 минути, многу поубаво ќе се осеќате одпосле отколку цела вечер будни и после не ми работи главата на испит ... епа не работи...
Јас ако сум поспаа и очите ми се затвараат неможам да функционирам како што треба. Затоа најчесто кафе ме расонува. Но, да е јако! Или пак легнувам да поспијам барем 20тина минути и после сум како нова!
Зелен чај си пијам редовно навечер кога учам , и кога ќе почне да ми се губи концентрација. На кафево веќе станав имуна Исто и ред бул знам да си земам ако ептен сум кнап со учење ( ден пред испит ), а морам да останам со фул концентрација вечерта
Мене единствено решение за справување со недостигот од сон ми е ... добар сон. Сериозно, многу ми е тешко да функционирам кога сум ненаспана, а мала дремка уште повеќе ми штети, ми треба квалитетен сон од минимум 8 саати за пак да се вратам во нормала. Сè останато ми е залудно - не ме спасува ниту кафе, иако често се залажувам со него. Многу сум терсене, па затоа се трудам да имам отспиено барем 6-7 часови за да можам нормално да функционирам, а кога сум во тесно, е тогаш е ужасно. Со душа чекам да ми завршат обврските и да се приберам дома за да отспијам. Среќа моја што тоа поретко се случува, инаку навистина не знам како би издржала без добар сон.
Mногу тешко се справувам,ако ми се спие цел ден ќе ми биде наопаку,ќе пијам кафе да ме расони а од него уште толку ми се приспива ,па единствен спас е да излезам малку на воздух,само тоа ми помага,и еден ред бул за освежување
Во последно време никако. Хронично ненаспана сум и веќе ми е толку нормално што заборавам да си легнам да спијам
Никако , ама затоа гледам навечер до 11 најкасно да спијам а ако толку не можам да истрпам легнувам попладне некој саат време.
Со кафенце или некој газиран пијалок,имам слушнато дека со газирани пијалоци се држите будни и кај мене тоа функционира добро.