Уште како дете не сум спиела многу така да и сега доволни ми се 6 - 7 саати за нормално функционирање (а можам и со помалку )
Зависи..ако е ептен нож до коска заспивам кај ќе ми дојде. На многу јавни места имам заспиено од умор, дури и во бус. Чим при целата галама сум заспала..можам сегде
Се трудам попладне да поспијам малку за да соберам енергија или па се трујам со кофеин (нескафе, зелен чај, кока кола...).
Спијам повеќе дење.Во последно време поради нервози ми се наруши спиењето,во доцни часови од ноќта заспивам,а се будам накај 11.Сега ми идат испити,па ќе морам да голтам Диазепам и чај за да заспивам порано ноќе.