1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се справувате со стресот пред испит?

Дискусија во 'Образование' започната од Zaljubena111, 17 октомври 2010.

  1. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Драги форумџики сакам да ве прашам како го отргнувате стресот пред испитот?
    ЕВе се ближи , а мене почна да ме фаќа паника
    со сите се карам, се мислам дека не знам, не спијам со ноќи
    Помагајтее


    П.С ако темава е оф топик слободно избришете ја
     
  2. Lina89

    Lina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    36
    Стрес пред испит

    јас сум трета година на факултет. во 1 година премногу се грижев леле што ќе биде, што ќе направам, дали ќе положам... кога ќе влезеше професорот јас капут целата се испобркам и ништо не направам. во јуни ми беа останале 4 предмета. ма затоа во 2 година не се замарав шо како ќе биде и се испадна добро сега сум 3 година и сум чиста и планирам пак да не се замарам многу со тоа што ке биде нека биде. мислам дека нема потреба од неспиени ноќи, паники, карање со блиски. па крај на крај има и други сесии не е само оваа
     
  3. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Стрес пред испит

    Lina и јас сум трета година, ама оваа ми се гледа најтешка. Инаку учам не велам дека одам на со ништо прочитено. Прва и втора ги исчистив во мај, но јас многу дигам паника-од стрес ми доцни и менструацијата :( , не јадам-немам желба за ништо.
     
  4. Lina89

    Lina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    36
    Стрес пред испит

    искрено и на мене ми изгледа најтешка. Незнам како да го отргнеш стресот, но познавам многу такви како тебе, не спиеле, не јаделе пред испит и на крај положат
     
  5. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Стрес пред испит

    значи колку се замарам со ова не можам ни самата да си објаснам зошто не само што јас се напнувам туку и ги напнувам и сите околу мене со тоа не знам ништо ништо нема да направам ајде испрашај ме, кога ќе легнам да спијам си раскажувам со себе се што сум учела а кога ќе застанам на нешто станувам и ја отварам книгата да се потсетам, еве сега сум втора година, од прва година се исчистив, сега пак се ближат колоквиуми и не знам некако не ме фаќа паника, ќе седнам и ќе учам, ќе се потрудам да постигнам се :) една моја професорка вика: студент никогаш не знае дали е спремен се додека не седне на испит :D
     
  6. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Стрес пред испит

    Јас искрено во средно имав многу трема пред тестови. Ама на факултет воопшто не се замрав, ако сум научила ОК, ако не - пак ОК, незнам зошто некои толку стресно го доживуваат тоа. Ама мислам дека тоа е од премногу учење. Кога учиш и све ти е страв да не си испуштил нешто, па сакаш што подобро да научиш, па прочитуваш по 100 пати. Малку лабаво, ако си научила ке биде не се секирај ! :) Напиј се б комплекс, баш читав и на форумов дека е за смирување
     
    На jumpermkd му/ѝ се допаѓа ова.
  7. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.091
    Допаѓања:
    88.002
    Пол:
    Женски
    Стрес пред испит

    Зошто стрес? Или знаеш или незнаеш. Нема место за паника. Така пред испит сите напнати, леле ништо незнам , леле што ќе направам, па полошо им прават на другите, а тие супер поминуваат. Ниту се потресувам, ниту зборувам пред други, а несакам ни да ми зборуваат така пред испит.
     
    На miss.pretty му/ѝ се допаѓа ова.
  8. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Стрес пред испит

    Досега што поопуштена сум била пред испит, толку подобро сум поминала на самиот испит. А на денот на испитот, неверојатно е колку многу се смеам и се шалам, некако сум хиперактивна. Иначе воопшто не се затварам и нервирам, ако не можам да учам во моментот, затварам книга и пешачам. После ми е подобро и можам да продолжам со учење. Нема потреба од паника. Само добра концентрација, добар распоред на обврските и се ќе биде во ред :)
     
    На Justinna му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Стрес пред испит

    Јас кога бев на факултет стресот пред испит го лекував со една добра партија јамб со цимерките, и кога чекав да почне испитот на факултет никако не читав , како демек се потсетувам , тоа дополнително ме збркуваше, едноставно оставав да си легнат работите и се поминуваше ок :)
     
    На NelChe му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Стрес пред испит

    Потребана е поголема самодоверба! Ако си учила се разбира дека ќе ти користи самодовербата,а ако книга не си фатила ич не се појавувај на испит!
    Јас бев добар студент, речиси и не паднав на испит бидејќи се појавував да полагам само тогаш кога сум научила! А ако не сум научила не ни одев да полагам,немаше потреба да губам време!
    Пред да ги слушнам прашањата бев цела во паника, црвенеев, низ глава ми минуваше цел материјал што сум го учела...ама позбунета не можев да бидам! Значи доивував стрес пред испит!
    За мене важен беше моментото кога ќе ми ги поставеа прашањата, ми требаше 5 минути да се смирам, да ги ,,најдам,, меморирани во мојата глава и без направне концепт на лист (што го правеа сите) да почнам да раскажувам! Стекнав големо поверение во самата себе, знаев дека ако сум научила шансите да се збунам се минимални! И не доживеав такво нешто! Затоа сметам дека ако сте учеле е најважно да имате самодоверба, да се смирите и да го дадете махсимумот од вас! Избегнувањето на тој стерс пред испит се постигнува со тренинг, колку повеќе поминати испити толку полесно надминување на стресот!
     
    На kukli4ka2 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    Стрес пред испит

    Ајде девојки само опуштено,и како што викаат што не биднало па и тоа да не биде,а после периодот кој што следува според мене е далеку потежок од оној во текот на студирањето...Ако ви служи барем малку од помош јас бев иста,па дури и малце по бетер од вас :lol:Значи,се до последните неколку денови пред испит работите беа под контрола,редовно учење и све тоа..Како се ближеше испит ја станував се понервозна,па дури и неподнослива,ме нервираше и најмала ситница.Има луѓе кои ден пред испит се одмараат,да им легне материјалот и одморни и наспани одат на испит.Јас денот и ноќта пред испит книгата светот да се руши не ја оставав :D и тоа беше така се до моментот дур не влезам на испит и не ги видам прашањата.Тогаш верувајте одговорите сами по себе доаѓаат ако добро сте учеле, а ако не,па тогаш нема ни причина од појавување во таа сесија.
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.737
    Допаѓања:
    65.145
    Пол:
    Женски
    Стрес пред испит

    Стрес?! Јас на испит влегувам и гледам побрзо да напишам и да си одам зошто секогаш имам некоја поважна работа. Факултетот како хоби ми доаѓа па не му се ни потресувам. Еееех колку поважни работи, па да се потресувам за еден испит што секако можам да го полагам и следната сесија.
     
    На WarriorAngel, Justinna, missperfect и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Night.Star

    Night.Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    117
    Не чувствувам стрес пред испит, без разлика дали се имам научено или пола-пола :D Ме фаќа нервоза еден ден пред испитот и на самиот испит, ама тоа е тоа :)
     
    На missperfect му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kittty

    kittty Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    јас и да сум учела и да не сум учела некако исто ми се фаќа зашто обавезно пред секој колоквиум или испит секогас земам по едно b-complex и мн ми помага во смиреност и концентрација и за време на учење земам по едно зашто мн ми помага во помтењето ... не се штетни за ништо напротив се мн користи а и слушнав дека помагале за намалување на бело прање :)
     
    На April87 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    125
    и јас исто како RainBow, воопшто немам стресови пред испит, си одам онака ко на кафе да одам, опуштено, а супер ми се оценките и се си полагам на време, едноставно нема потреба од толку преоптеретување што како ќе биде ако си спремен, а и да не си ќе научиш за идниот пат :D :D :D
     
  16. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Кога се запишав на факултет секако дека на првите колоквиуми се тресев пред да влезам, а сега више отрпнав и се осеќам како во продавница да одам. Едвај чекам да помине за да си уживам после. Ниту повторувам пред врата ниту се обидувам да препишам. Пишувам тоа што знам и АЈТТТ :lol:
     
  17. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Додека студирав не сум чуствувала стрес и паника пред испит.Одам на испит и знам или ќе положам или нема,ако не здравје има друга сесија,не е крај на светот.Е, многу се нервирав кога ќе видам како сите читаат,листаат книги,прашуваат,кажуваат какви прашања давале претходните сесија....Повеќето од тие дома книга не отвориле а креваат паника до небо.Нема место за стрес,ако сме го училе испитот и отидеме сконцентрирани нема место за утка,го положуваме.
     
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Ц, не се замарам, секогаш учам 2 дена пред испит, шо знам ќе напишам што не здравје... може некоја солзичка ќе помогне може и не, има други сесии, не се притресувам за една бројка :D досега ми оди топ така затоа не се ни замарам ;)
     
  19. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    Уф стрес до небо... Бев премногу вознемирана на сите испити, затоа што немаше други сесии, полагаш јануари и здравје на поправен во јуни или јули и толку и затоа бев мн вознемирена, не затоа што не знаев, туку за тоа како ќе го напишев .... Се надевам дека овде нема да бидам толку под стрес, барем стилот на пишување ќе ми оди од рака, сепак мајчин јазик си е мајчин јазик.
     
  20. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    да се надополнам(бидејќи неможам да редактирам)

    гледам сум напишала пред еден месец дека се надевам дека нема да биде толку стресно ама незнам што ми е . јас секогаш се тресам пред испит дури и за оној за кој со сигурност мзнам дека ќе го положа. еве некни полагав јазик и се тресев како лист и 10 добив нормално тоа ми е во крвта ама незнам зошто толку се потресувам еве и сега ми е лошо ми чука брзо срцето итн незнам изгледа е до карактер...
    ај одам еден б6 да се напијам лол