1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се справувате со стресот пред испит?

Дискусија во 'Образование' започната од Zaljubena111, 17 октомври 2010.

  1. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    ..па,оди добра една кутија цигари денот пред испит и ....

    Тоа. :D
    Каква трема пред испит,какви бакрачи... Ништо од тоа. Тремата ја оставам дома.
    Има две опции. Или ќе положиш или ќе паднеш.
    Здрави да сме,сесии има многу.
    ;)
     
  2. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Не осеќам никаква трема ни стрес пред испит. Доколку го спремам, одам знаејќи дека ќе го положам со висока оцена, и воопшто не плашејќи се од можното паѓање. Едноставно сум сигурен во себе, и досега таквото размислување не ме „изневерило“.
     
  3. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    напната сум и мн се нервирам и иако спремна се плаШАМ да не кикснам пошто знам некад да зезнам.... :o
     
  4. Legadema

    Legadema Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    490
    Пол:
    Женски
    драга лилаби воопшто не се нервирај или барем обиди се да не се нервираш оти така може да се збуниш и иако си спремна и имаш научено на испитот се да ти разбрка и накако да се плашиш пробај да мислиш позитивно вели си можам, сакам и морам и полесно ќе ти биде јас пред испит си пуштав музика која ме опушта и ги избегнував во ходник колешките што постојано паничат и велат леле колку е тешко, леле ништо не занм а на крај положуваат, одев 10минути пред да почне испитот за да не се деконцентрирам.
    па ако излезе да не положиш не е тоа крај на светот, има и други сесии а здравјето е едно и скапоцено
     
  5. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Леле девојки коклку само ви завидувам што така гледате на испитиве, опуштено релаксирано насмеано така треба :clap: :clap: :clap: . Јас сум за никаде штом почнат полагања ги замарам сите околу мене па уште ако паднам аууу нека бегаат сите од мене ни крив ни должен ќе си настрада :@ многу сакам да се опуштам да гледам така на тоа ама никако да успеааам !!! :sweat:
     
  6. sunymoon

    sunymoon Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Otsekogas ispitite pretstavuvale stres za mene, sekogas pred polaganje sum imala neprijatni cuvstva, sum se tresela- dali ke gi znam prasanjata ili ne ( iako knigite mi se kinele od razlistuvanje i citanje ) Deka premnogu sum se zamarala, da, toa e tocno. No sfativ deka tremata pred ispit moze samo da mi nasteti, nikako da mi pomogne, i ednas si rekov: e nema veke da se zamaram, sto bide neka bide, pa ne mozam jas zdravjeto da go gubam poradi fakultetot i tolku licno da gi sfakam rabotite, a potoa da stradam od posledicite na stresot. Otkako se olabaviv, veke ne cuvstvuvam tolkav stres pred ispit i mozam da ja kontroliram tremata.
    [mod-kirilica:3mpt4tkg][/mod-kirilica:3mpt4tkg]
     
  7. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Аххх секоја на свој начин :sweat: ама многу тешко се справував јас.стравот и тремата ми исчезнаа кога бев во последната година-апсолвент си,па малку повеќе релаксиран :)
    инаку јас неможав да спијам пред испит,мевот ми се превртуваше,трчав до веце :$ :lol: ,ми се тресеа рацете....иако пиев б6,бкомплекс,ништо не помагаша :sweat: се радувам што конечно ми заврши тоа,и што си дипломирав 8) :lol:
     
  8. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    вака девојки да ви кажам што користам, т.е. ги користев за последната испитна сесија, тоа се апчиња на природна база, направени од природни билки чај од жалфија и уште незнам што. се викат персен и ја испив цела кутија без страв бидејки нели се на природна база направени од билки за смирување, ви ги препорачувам јас бев многу релаксирана и смирена, имаат навистина ефект. п.с. околу 300 денари беа, мислам. :)
     
  9. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Дури и последниот испит кога го полагав ја имав истата трема како и првиот кога го полагав. Никако неможев да се справам со стресот и тремата многу ми беше тешко :)
     
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Го чекам да исчезне, а тоа се случува откако ќе го добијам тестот :D
     
  11. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    382
    Се чувствувам напнатоооо... само ќе ми текне на нешто и ќе речам ете не го знам тоа..
    да земам да учам не знам што да учам хехехе
    не ми е така за секое полагање, само за потешките предмети..иако сум учела мислам дека се не е доволно, дека требало повеќе (не за голема оценка да земам..)
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  12. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    леле стресот мие како добро утро :D
    Секој ден сум под стрес од факултет од паника што ќе биде како ќе биде, дома со сите се карам викам како луда а сега сум 4 година иначе немам толку трема како што имав во 1 година во 1 се случуваше да го заборавам она што сум го учела од страф што ќе биде како ќе биде затоа што навистина учам и тоа премногу а често пати поради трема сум паѓала на испит, се нервирам ужано пред испит во депресија паѓам јадам повеќе од што треба и др. А не чини тоа најдобро е да бидеш опуштен пред испит .
    Знам еден е живото но што да се прави пари сум давала не сакам да се разочарам ;( ;(
     
  13. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Како добивате желба за учење мене тешко ми оди најчесто со благо понекогаш моркови јадам кафина 300 пијам nescafe strong и така
    А ВИЕ ?????
     
  14. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    Секогаш кога не бев доволно спремна бев под огромен стрес. Чиста работа, научи навреме, учи континуирано со предавањата и ќе видиш како нема да си под стрес неколку дена пред испит. Сепак, знам дека не е секогаш можно, немаме толкава самодисциплина за редовно учење по сите предмети, па се случува да некој предмет треба да се спреми за само неколку дена пред испит. Е тогаш седни, направи си добар план. Распореди го материјалот по денови, секој ден поминувај го предвидениот дел, ќе се чувствуваш исполнето од добро завршената работа. Остави си го последниот ден за целосно препрочитување или изминување на целиот материјал или на најбитните работи. Друго, многу важно особено кога немаш многу време за спремање распрашај се по колегите кои прашања најчесто се паѓаат, најпрво научи ги нив убаво, ќе ти адде поголема сигурност, а и голема е веројатноста дека барем едно ќе ти се погоди.
    Тоа во однос на учењето, а во однос на опуштањето, пожелно е да правиш паузи на чист воздух, кратки барем два пати во денот по пола саат. Тука блиску низ маало размрдај се, тргни ги мислите и потоа свежа на нова доза учење. Легнувај си рано, нема ништо да постигнеш ако с епремориш, спиј барем 7 саати. И многу важно. Не мисли на исходот од испитот, мисли на материјалот и обиди се да учиш со задоволство, да не те оптеретува, да не ти предизвикува мачнини. Сакајј го материјалот и воопшто не мисли на самиот испит.
    И дополнително пиј чајчиња кои имааат смирувачки ефект - камилица, липа... И витамин Б6- бедоксин.
     
    На Justinna и crazylady им се допаѓа ова.
  15. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Јас не верував дека некој се потресува за небитни ствари :)

    Јас не се притресувам а не се ни замарам ... учам она што јас сметам дека е најбитно и си одам на испит ... пишувам најбрзо што можам што не знам трескам некоја зелена од општа култура или заокружувам на тепка, и брзам да се стационирам со другарките во некој кафич :D

    Не седам неколку моменти пред да почне испитот пред факс со книгата отворена да повторувам да не ми избледело нешто од тиквата и само си стојам и се газам од смеење како зелена.

    Така пример испитот биологија не го спремав, немав ни најмала намера да читнам па истрескав зелени во прашањата со раскажување, заокружив се за две секунди, и поминува професорката ми шепка ако ти треба уште еден лист побарај ми :D И јас само што не се распрснав од смеење и и викам добро. И за две минути станувам ( 10 минути од кога почна испитот ) и се ококори целата и ми вика готово ??? И јас и викам професорке кој знае знае ... кој не знае нека се мисли цел испит. :D И ајт правец вкафич :D
    И поштено имав цели 4 бода :rofl:

    А па како полагам математика :D Неќете да знаете... три пати до сеа полагав три пати само се потпишав ги препишав задачите од листот што ни го дава професорот и излегов насмеана од 8ца до 8ца :D

    Па не се замарајте за глупости, сесии има колку сакате, здравјето заради вкави ствари не се губи.

    Јас стварно ве читам и се чудам прашувајќи се дали е можно. :) Не вреди ама ич :D
     
  16. decko

    decko Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    60
    Ако имаш сесии на претек, супер. Кај што сум јас има само 3 сесии во една година.
    За предмети од зимски семестар имаш 2 рокови во јануарска сесија, после дури септември.
    Аналогно и за предмети од летна сесија.
    Проблемот е шо не можиш добро да си ги распоредиш испитите, да не ти се прекриваат полагањата, пошто обавезно има и писмен и усен испит. И лошо е шо само по 1 или 2 предмети има колоквиуми, и обично се услов за да можеш да одиш на писмен испит.
    Мене ми се случи да имам 3 усни испити во ист ден. Сите во рок од 3 сати. Тоа беше брканица, да трчаш од училница, па кај професорот во канцеларија, па пак во училница во друга зграда :D

    Иначе, мојот рецепт, 2хБ6 витамин, и летам. :D
     
  17. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Ете јас на пример утре полагам колоквиум и за чудо не сум нервозна.
    Го спремав долго време , сигурна се чувствувам, па ќе видиме што ќе бидне.
    А се сеќавам минатата година полагав 4 испити во еден ден.
    Е тоа веќе беше , не хаос, лудница!!!
    Цел ден бев бледа, не знаев кај сум, немав ништо јадено, само се надевав дека се ќе помине добро.

    п.с Се сеќавам еднаш една професорка ми рече, дека еден ред чоколадо пред испит е добро да се изеде.
    Наводно ја подобрувало концентрацијата.
     
  18. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Си имам 4-5 омилени песнички за пред испит, си ги пуштам и максимално се опуштам. Нема потреба од стрес, се’ ќе си положиме, кога-тогаш ;)
    Јадам многу чоколадо или било што благо, читам, но ако приметам дека не ми влага во глава одма ја оставам книгата и си одмарам.

    Ми помага и масажа, ама ретко да ја натерам мајка ми да ме масира :(
     
  19. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    E вака се чуствува секој студент пред полагање ;) :rofl:
     

    Прикачени фајлови:

    На FlOrIjA01 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Иако поминаа години од моите студентски денови, но ми ги разбудивте сите спомени, пак да си кажам и јас, греота сум, ако ми поминаа одамна :lol: .
    Имав стандард шема да учам, кога јајцето ќе ми дојде на газот, а тоа јајцето што беше, кога ќе се насоберат по секој предмет по илјада страници, а тој семестар мораш да ги земеш сите, за да не испадне и од тој семестар и од наредниот семестар да ти остане по некој испит па да се чешаш, а мене некако тешко да бидам озбилна пак, да учам како што предаваа професорите, пак и уште потешко да одам на предавања. Така што учев до последниот момент до испитот, што значи вечерта пред испитот не спиев. Само така ми функционира мозокот, а можеби сум и од ретките луѓе, кои кога се најодморени се бавни, а кога се скроз исцедени и уморни, се со вишок адреналин и крв, што 300 на саат пумпа во мозокот. Пак, и доколку си легнев пред испит, постоеше голема веројатност да се успијам (се случи два пати, па затоа и памет во глава :D ) или да си имам проблеми да ме боли тоа тимбата, потоа, да не можам да се свестам ни која сум, нити каде сум. Така што, немаше паники за испит. Бевме 8 души се на се Македонци, кои секогаш одевме заедно на испит и заедно чекавме. Стратешки ни беа осмислени влегувањата на испитот, посебно усното, бидејќи, нај... ај да ги речам несигурните во своите знаења (тапа луѓето) влегуваа со мене, бидејќи не знаев јас пак да ќутам, кога некој ќе ме праша нешто, макар тоа да значи помала оценка. Си го имам еднаш само тоа искуство за среќа, другите пати, знаењето ми надокнади, па професорите ми прогледуваа кроз прсти за моето мудрување ;) . Пред испит секогаш имав чувство дека немам поима за ништо. Обично луѓето си повторуваа пред да влезат, а јас тоа не можев да го правам, главата ми беше буквално табула раза во тие моменти. А, и Македончиња собрани на страна, испоседнати по скалите на Софиски факултет хам, беше смеја и зборење за прекрасните пијани вечери, лудите цимери и сличните будалаштини, но не и за испитот. Си беа они сигурни, бевме двајца умни глави кои седнувавме во среде, демек да се консултираме еден со друг (ако беше писмен испитот) и другите ко орлиња околу нас, до нас пред нас, зад нас :wasntme: . На усно испитите секогаш имавме можност да си направиме концепт, откако ќе го извлечеме прашањето, но јас сум живчан човек, кој воопшто не може да седи во место и никогаш и не напишав концепт за себе си :D . И тоа да видиш, за себе ме мрзи но не и за другите. Будала невидена. И обично наместо концепт за себе си ќе нашкрабав за оној до мене си што си седеше и штом ќе поминеа минутите за концентрација гледав да се испрчам прва да седнам за побрзо да кажам што ми лежи на душата, а никогаш и не ни размислував што да кажам, нити имав време затоа што пишував за другите, пак и овој мозоков мој верувале или не, ама на се мисли само на тоа што треба у моментот не. Мораш да го викнеш да се концентрира, Па ако не ме викне професорот, како да си го викнам јас. И тоа е. За моите паники за испитите, стресовите. Стресовите ми беа во прва големи, бидејќи ми беше ептем напорно искрено речено, тешко можев да сфатам што сака да каже писателот во напишаното, ми одзимаше доста време читањето,но потоа ми стана полесно, од кога веќе го укапирав јазикот. Па учев, како да си читам литература по слободен избор... освен сега историските факти, нив ги запишував на ливчиња, пошто кога запишувам памтам :).