1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се справувате со стресот пред испит?

Дискусија во 'Образование' започната од Zaljubena111, 17 октомври 2010.

  1. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Обично сум премногу напната и нервозна пред испит. Немам апетит за ништо друго освен за благо и неможам да спијам. Значи, сум учела и свесна сум дека знам, ама стресот пред испит неможам никако да го победам. Потојано мислам што ќе биде и што ќе направам и дека требало повеќе да учам. Малку ме опушта музиката, шетање надвор на свеж воздух, чоколадо, кафе и слично. А кога не сум спремна стресот е уште поголем, тогаш ништо не ми помага. :D
     
  2. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Како да ја преживеете испитната сесија?

    На крајот на семестарот, многу студенти го жртвуваат нивното здравје за да успеат да ги завршат сите проекти на време и добро да се подготват за испитите кои следуваат. Во овој период од учебната година, спиењето е најчесто првата активност од која секој студент би се откажал, за да ги заврши сите обврски. И покрај тоа што многу студенти веруваат дека ќе го надополнат изгубениот сон кога ќе пројде сесијата, честите непреспани ноќи може да доведат до хронична несоница. Симптомите на хроничната несоница вклучуваат забавено реагирање за време на предавањата, проблеми со концентрација и зголемено ниво на нервоза.

    За да го спречите тоа, еве неколку идеи кои ќе ви помогнат да се вратите назад на нормалниот начин на живот, после непреспаните студентски ноќи.

    1. Останете будни цела вечер за да учите, само кога е тоа неопходно

    Голем број студенти во Македонија имаат тенденција да живеат како „ноќни птици“. Си легнуваат да спијат во раните утрински часови, а стануваат некаде околу 15 часот или подоцна. Ова особено е случај во текот на испитните сесии, кога сметаат дека ноќта е подобро време за учење во однос на денот бидејќи сите членови на семејството спијат, тивко е и мирно надвор, па во таквата атмосфера ќе можат подобро да се сконцентрираат. Но претворањето на ноќта во ден и обратно, дефинитивно не е здрава и нормална навика. На човечкото тело му е потребна секојдневна средба со сонцето за да може правилно да функционира, па доколку се разбудите во 15 часот или подоцна, не би било воопшто необично да се чувствувате изморени, мрзливи, нефункционални и да имате вртоглавици или главоболки. Учењето не е лесна задача и на голем број студенти природно им доаѓа да си ги одлагаат обврските за подоцнежните часови од ноќта, тешејќи се дека тогаш поубаво се учи, но реално човекот е најпродуктивен и најдобро меморира наутро, после здрав појадок и утринско кафе.Како да ја „преживеете“ испитната сесија?


    2. Внесувајте помалку кофеин, пијте многу вода и јадете повеќе овошје и зеленчук

    И покрај тоа што многу луѓе се потпираат на кофеинот кога сакаат да останат будни цела вечер, сепак не е најдобро решение да испиете многу шолји кафе доколку сте многу изморени, бидејќи тоа ќе ве одржува само физички будни, а умствено нема добро да функционирате. Пиењето неколку чаши студена вода може исто така да ве одржува будни и хидратирани, а поголемата консумација на овошје и зеленчук, ќе ви ја зголеми енергијата, која многу ви е потребна во овие напорни предиспитни денови.Како да ја „преживеете“ испитната сесија?


    3. Малку спиење е подобро од ич

    Доколку ви преостануваат уште неколку часа пред започнувањето на испитот, искористете ги за да поспиете и да го освежите мозокот. Малку сон е во секој случај подобра варијанта отколку воопшто да не склопите око, бидејќи ќе имате повеќе елан, концентрацијата ќе ви биде поголема, а и резултатите од испитот ќе бидат многу подобри, се разбира доколку претходно добро сте го совладале материјалот.Како да ја „преживеете“ испитната сесија?


    4. Обидете се да се вратите во колосек наредниот ден

    И покрај тоа што може да ви изгледа предизвикувачка вашата новооткриена способност да останувате будни цела ноќ без мака, верувајте дека ваквото спиење е лоша навика, а последиците по здравјето ќе ги почувствувате после извесен период. Никогаш не заборавајте дека денот е создаден за работа, а ноќта за одмор, па доколку доволно го цените вашето здравје, внимавајте кога си легнувате, а кога станувате. Испитните сесии неизбежно создаваат неред во вашето секојдневие, но само доколку си дозволите, тој привремен неред ќе се претвори во една лоша навика. За да не се случи тоа, обидете се кога ќе се вратите дома од испит, да не си легнувате веднаш, туку да издржите да останете будни до часот кога најчесто одите во кревет во нормални околности, а наредното утро обидете се да станете во приближно исто време како и вообичаено. Колку побрзо го вратите назад вашиот здрав начин на живот, толку подобро за вас.

    Ако имате дилеми околу тоа кој е вашиот најдобар начин за спремање испити, можеби ќе сакате да ги разгледате неколкуте техники за поефективно учење .
     
    На Justinna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    немам точен одговор зошто и јас го имам тој стрес и јас сум 3 ама уште си го имам стресот и сум живчана :( :( :( :(
     
  4. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Од моето студентско искуство, сметам дека најголемите проблеми се случуваат поради лошо управување со времето од страна на студентите. Мнозинството остава до последен момент кога веќе се доаѓа во ситуација да се мисли ДАЈ САМО ДА ИЗВАДАМ ЕДНА ПРЕЛАЗНА ПА ШО САКА НЕКА БИДЕ...Од моето искуство, нивото на стрес и нервоза ми бил значително помал кога сум почнал да ги завршувам обврсите и подготовките на време, и кога сум бил целосно спремен за испит.
     
    На Justinna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. k.r.i.s.t.i

    k.r.i.s.t.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    50
    :x me ostava bez zborovi!!!!student sum,veke eve godina apsolvent,ke diplomiram do septemvri.Koga se zapisav vo prva godina na fakultet mi bese najobicno,no koga dojdoja prvite kolokviumi i ispiti,bukvalno se izgubiv i vo vreme i vo prostor.Mislev deka ke sedna ke naucam za 2 3 dena po se,lesno ke mi bidi,ali ne bese taka,zatoa padnav godina,napraviv pauza i so silna motivacija se vrativ nazat.Posle toa ucev kako nekoja "budala",mislam seto toa sto ce go zacrtav za toj den da go naucam go ucev i ne ostavav nisto da mi izbega.Sepak ne se bara samo doma da sednes i da ucis mnogu mene mi bese bitno i predavaneto na profesorite,sovetite na postarite studenti,koj profesor kako ocenuva,kako bara za proekti,seminarski....I pokraj se stresot pred ispitite sekogas mi se pojavuvase samo sekogas vo razlicna mera.Ovaa posledna godina skoro recisi i go nemase vo tolakava golema mera.Mora da si prizneme i nie studentite mislime deka so 1 do 2 dena ucene pred ispit ke pominime,no ne e lesno,uste poveke se zbunuvas i uste pogolem stres si zaavas.....srekno na idnite studenti :)
    [mod-kirilica:38etenii][/mod-kirilica:38etenii]
     
  6. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Обично не паничам пред испит и не сум под некој стрес. И секогаш ги избегавам тие што дигаат паника околу мене и ми шират нервоза. Ако некогаш, ретко што се случува сум под стрес си пуштам добро музиче да ме смири, пијам вода и си читкам. :)
     
  7. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Речиси никогаш не ме фаќа стрес, знам дека немам многу време, немам многу да учам, математика веќе 2 ден е денес што почнав да вежбам, имам доверба во себе, знам дека ќе успеам, едноставно не ме фаќа стрес, го организирам времето, дури и излегувам, ама сепак учам. Се' по ред, без брзање, без стрес, знам дека ако ме фати паника и стрес, е тогаш се ќе заборавам, и така. :)
    Со среќа на сите што имаат испити во јуни!
     
  8. k.r.i.s.t.i

    k.r.i.s.t.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    50
    ДА се заврси факултетот е како да си истрцал предолга маратонска трка.Кој ке издрзи ке успее кој нема да издрзе мора повеке да се труди.Нема паника,нема не спиене,нема стресови :fubar: .Луге сме сите од крв и месо а таквите како нас секојдневно пагаат на испити на сите страни на светот.Јас сега сум апсолвент,во прва година,ја утнав,ја повторував и еве сега ке завшам во септември.И да паднис не е страшно,ке науцис повеќе за наредниот пат,тоа ке бидие големо браво за тебе! :clap:
     
  9. AnaHawaiian

    AnaHawaiian Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    2
    учи до кај што учиш и после заборави на тоа, тргни го од глава, прај необавезен муабет, јади, пешачи малку, издувај се... тоа што си го научил си го научил, уживај
     
  10. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Па прво беше стресно бидејки тежок испит беше,

    и после кога научиш станува лесно

    па на моја срека вчера иако некев тепаа вмро а кај мене на факултет сите професори се за вмро

    и денес оопааа најлесни прашања и ете 10ка 9ка минимум ке си извадам и просек и стипендија ке си соберам

    али од друга страна

    многу стрес имав додека пишував бидејки имам сдсм пенкало и се плашев да не ме видат

    па дури и викав на професорите ај честито победа нека ни е со срека , ко проститутка се осекав али ете
    за оцена мора што се мора....
     
    На WarriorAngel, BoaVista и Plavusa.17 им се допаѓа ова.
  11. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    11.588
    Пол:
    Женски
    Си учам фино. Колку научам, толку. И секогаш идам на испит. Не се знае кога ќе опали. Баш пред испит сум тотално опуштена. Кафенце, цигарче....
    Еве денес на пример, дрво бев. Ама отидов да си ја пробам среќата. И бевме само 3ца. Прибидејќи сме биле упорни и амбициозни и само ние сме научиле (ох колку иронично), професорот не пушти. По 2 прашања постави, колку да не биде без ич.
    Сега цветам 8)
     
  12. eemmiilliijjaa

    eemmiilliijjaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    213
    обавезно с иапнувам чоколатце и дишам длабоко :lol: :*
     
  13. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    јас под стрес не сум на писмен испит, опуштена сум ама кај нас скоро сите испти се полагаа и писмено и усно...усното ми беше стресно, ја си сум тремаџивка за такви работи ама издржував некако :$
    инаку за учењето никогаш не учам 2-3 дена пред испит, си правам план недела-две унапред, си го делам испитот за секој ден да не мора да учам повеќе од 2-3 саати. Немам концентрација да учам многу сати :$
    И обавезно 2-3 дена пред испит ми се оставени за повторување, инаку ако немам доучено до тогаш паника ме фаќа :$
     
  14. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Едноставно не се замарам многу многу, што биде биде, колку знам ќе напишам па сеа тоа е :)
     
  15. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Кај мене стресот трае 10 минути ,врескам на сите што ќе ме прашаат дали имам научено (на крајот ,што им е гајле? Секој за себе...) ,варам едно јако кафе ,го разлистувам материјалот ,подвлекувам што ми е учено ,а што е за учење и готовооо - одма ми олеснува .
    После седнувам ,гледам едно филмче ( колку да ми се сталожат мислите :rofl: ) ,фаќам книгата и научено е ! :rofl:
     
    На howdoyoudo и Black.Beauty им се допаѓа ова.
  16. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Па ако кажам дека не ми се превртуваше стомакот пред колоквиум(особено пред првите 3-4 :x ) ќе излажам. После веќе готово, може сум под стрес кога немам мн време, а материјалот ми е досаден ама не е толку страшно. Секогаш одам на испит и јас, еве последниот кој го положив отидов без апсолутно книга чепната, ама се погодија и постари студенти кои сакаа да помогнат :wasntme: па така си го положив најтешкиот предмет. Со усните испити немам проблем ниту стрес пред тоа, ама јас сум ептен избувлива па ако професорот е малце лошо расположен и со сила пробува да те зајаде и заебе многу ми е тешко да се контролирам :tmi: а морам ако планирам да завршам факултет :worried:
     
  17. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Абе немам никаков стрес,не ме фака паника.Си велам што направам тоа,не ми зависи животот ако паднам на еден или два испита.Едноставно не се преоптоварувам со тоа.Искрено се чудам на некои колешки кои и плачаат пред да влезат во амфитеатарот кога треба да полагаат.Се губат и ронат солзи како на колење да ги водат :?:
     
  18. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Леле, блазе си ви што не паничите . Јас уште од осмо одделение што се вели в несвест паѓам. Како најголем стрест го доживувам тестот. Не знам зошто. Секогаш со ред ги учам лекциите, ама додека не влезе професорот на час (за тест) срцево со 150 во минута ми чука. Кога ќе го видам тестот воопшто не ми е тешко ама финтата е додека не го видам, срцеви удари преживувам. Ај разбирам малку трема, ама ова моето претерано е :x . Ми велат ученициве: „Ти будала си, ако не е петка не е крај на светов. Ти што ќе правиш кога ќе си на факултет?“. Во право се. Ама мене не ми е да е петка секогаш ( сега добро важно е и тоа , меѓутоа....) туку не знам како да го контролирам стравот.
     
  19. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    22.506
    Пол:
    Женски
    Не паничам, ниту пак се тресам. Првите испити што ги имав лани во февруари, ми беа така постресни, ама се навикнав. Видов дека не е ништо страшно, иако сите испити ми се усни. Немам проблем пред испит, се трудам да го поминам материјалот барем со читање, ако не со учење. До сега, да не се урочам, супер ми оди :)
     
  20. Anja.F

    Anja.F Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    13
    1.:)) единствен лек за трема пред испит е да си го научиш испитот :)))- тогаш никој ништо не ти може , сигурен си во себе и нема простор , за трема