Денес животот уште еднаш ми потврди дека можам да жалам само за работи кои не сум ги направила. Во случајов, мака ми е што не отидов на ракомет. Ечеше зградава што од телевизорот, што од мене и Цим. Ете криво ми е!
Оноа коа е недела навечер, и сфаќаш дека ниту една животна обврска не ти е исполнета, и токму сеа ти текнува на се...
Разочарано од форумов. Не се уште некои жалопојки, ама искрено немам желба да ја отворам СДК. Порано со задоволство читав скромни искуства на жени, жени во права смисла на зборот силни и за пример.Сега, жими пет/шест девојки што барам конктретно и тоа да ги познавав лично да можевме муабет да си направиме немаше ни да ја отварам фемина. Не знам дали е до модераторите, дали е до нас ама нешто је труло у држави Данској. Нема везе, ете ми дојде така да си кажам.
Aaa денов ми е најдобар! Искрено се осеќам многу исполнето,и среќно пошо некои работи тргнаа на добро и се решија добро. Прекрасен ден.
И јас денес се чувствувам многу убаво,полна сум со енергија и супер сум расположена.Ех да може сите денови да ми бидат вакви.
Малце ко потресена (што викаше онаа од Шутка, кога дозна за смртта на Мајкл Џексон) Денес чувството е топ