Нервозно.. всушност кога ќе размислам, повеќето од времето така и се чувствувам. Цела пакета цигари испушив, неможам ни да дишам веќе.
Измешано. Од една страна прекрасно, си мислам на некои убави работи.....а, од друга страна исплашено и вознемирено, мислејќи на некои негативни работи од пусти секирации. И како да ме влече нешто, те десно, те лево... Многу мешано... Ајде валда ќе ми се разведри до попосле...
Страшна работа е ова ПМС, и се си мислам ја отварам тематата кога сум во вакви глупи денови. Посакувам да се вратам едно 7 години наназад кога не чувствував ништо од ПМС ни психички ни физички болки. Ова е еден од оние денови кога се прашувам, дали сум нормална, да не одлепувам тоталка скрос на скрос .
јас дури и незнаев дека е некој празник (прочка ли е денес?). што има врска празникот, пак нема со никој да си ги решам недоразбирањата... каков празник, какви глупости. јас се чувствувам расположена за книги, ај да си рочитам некоја. ете, не сум била тажна. среќаа
Денес некако изморена, расеана, ненаспана и мирна. После неколку бурни денови затишје Ми треба добар сон дефинитивно.
А, кого му е гајле како јас се чуваствувам, и да кажам добро и да кажам лошо уво, ве заболе за мене. Ама ајде ќе ви кажам да не се грижите, добро се чувствувам. Дали некој ќе се чувствува добро зависи од тоа што очекува, мене ми е убаво на душата кога ќе видам насмевка на лицата на моите пријатели. Кога ќе видам какви се не будали има па си викам добро е имало и бетер...........