Се чувствувам онака ептен убаво и сум расположена цел ден.Ме држи уште од рано сабалје расположението,и убаво ми е кога ќе си станам рано и ќе си излезам на крај со работата по дома.А и сонцето ептен меракот ми го прави.После долгата прошетка со моите синчиња се чувствувам уште порасположено. Браво за овој ден.
Ваκво чувство не сум имала од синоќа лудило ме фаκа аκо ме однема на фоρумот знајте во баρдовци сум.Не за дρ неρвна база κе ме фати
Го знаете она чувство кога ќе загризете чоколадно сочно колаче? - Е така се чувствувам. Додуша и навистина изедов едно, па може и тоа си имаше удел Денес ништо продуктивно за општеството не направив, ама направив за себеси. Абсорпција на сончеви зраци го подобрува здравјето, забрзува метаболизмот, подобрува тенот и го поткрева расположението. Who needs apples when you can have the sun Крајно несериозно се чувствувам, налик безгрижен инсект кој бара само да се испече на сонце зашто во секој момент може некој да го згмечи со патика. Животот е убав и еден. А јас знам да го живеам. Заклучок: се чувствувам хедонистички. Ви посакувам пријатна вечер.
Препренајнајмногу сум си среќна Леле ни самата не верувам во тоа дека 3 место физика,на државно одам.(не се фалам)Ајде скопјанки се гледаме за некое време,доста се видов со охриѓанкиве
Убав ден донесе позитивна енергија кај мене па затоа трипати излегов овој ден на прошетка па успеав и малце да преспијам ех вака да се сите денови супер ке биде
на почетокот на денот бев пресреќна што моето најмило после 4 години чекање си доби мотор..не дека ги обожаван моторите туку кога е тој среќен и јас сум и се возевме ова она се најнај и ме остави дома и заминал кај другарот.. ама оттука си отишле на кафе кај школската од основна.. и сум крајно изнервирана не затоа што отишол кај неа туку што не ми кажува пред да отиде туку откако ќе си замине -.-