Страшно многу ми се спие, цела ноќ заспи-разбудисе....Сега ми се спие, ми се плаче, а имам некои обврски-лудило.
Мизерно... ниеден од плановите не ми се оствари, се прашувам што држи иднината за мене? Треба ли моите вредности да ги променат? До кога вака само тоа сакам да знам
Чудна работа како ноќта успева да ти ги разоткрие сите слабости. Преку ден се‘ нешто ќе се заангажираш, ќе најдеш некоја занимација, ќе се вмешаш меѓу луѓе... ќе отепаш време по некоја продавница, на автобуски постојки или низ населба... ама навечер се‘ спласнува. Прашината која ја креваш околу себе преку ден спласнува и сфаќаш дека си кревал прашина колку да не видиш дека до тебе всушност нема никој. Грдо е да бидеш осамен. Грдо. Сам со шолјата кафе и млекото за тело. И ЈуТјуб. Ме фаќа носталгија за едни места недоволно откриени да ми дозволат и ноќе да ја кревам истата илузија од прашина. Градов е премал за мене.
Бев добро,но подоцна една караница со мајка ми ме доведе до лудило.Ме изнервира и сега се чувствувам чудно и глупаво.Не сакам да размислувам како некој друг,јас сум јас и го следам своето срце. Нема потреба некој да ми соли памет,зошто никој,ама баш никој,не ме познава како што се познавам јас себеси,што е нормално.Не знам,можеби до после ќе бидам океј,да се надеваме.