Глупо. Кога гледам на кое ниво луѓево дејствуваат... се нервирам. Каква-таква работичка. Јас напатениот. Јас обесправениот. И ќе ти редат глупости колку да се истресат што ги мачи, но совет сакаат,ни совет слушаат, само да те наполнат со негативна енергија, така да се изжалат, а не се за жалење затоа што се тврдоглави, егоисти, кои ништо не смениле никогаш во животот и се прашуваат што не е во ред? Ти не си во ред, ок? Не дејствува врз настаните, туку дозволува настаните да дејствуваат врз него, па се чувствува како господ на универзумот, и како да се и сите да постојат за него и да се прилагодуваат на него,а од друга страна вечита улога на жртва. Ми оди на сите такви да им речам, чујте и почујте, врска си немате од животот!!!! И најмногу од се ме нервира она моето 10402420 пати спомнатото - РАБОТА ПО СТРУКА!!! Завршила економски и бара работа по струка. А тоа...може да работи 1000 работи...и тука веќе тоа спаѓа во категорија БИЛО ШТО. Банкарка, сметководителка, нешто трговија, царина, посредништво, инвестиции, брокери, маркетинг и не знам што уште не. Завршила електро, и бара работа по струка. А тоа може да биде исто така 1000 работи... и не може да биде се. Апликации, вебсајтови, различни видови на програми и триста глупости кои се програмираат во различни програмски јазици и скрипти и што ти ја знам, АМА БИТНО РАБОТА ПО СТРУКА. Неписмени бре! ЛУЃЕ ЗНАЕТЕ ШТО САКАТЕ И КОН ШТО ЦЕЛИТЕ ВО ЖИВОТОВ И ПРЕД СЕ ЗА ШТО ВЕ БИВА????? ДОСАДНА СУМ СО ПРАШАЊЕВО, АМА СЕРИОЗНО ВЕЌЕ ПРЕКУ ТАКВОТО ОД ВАС. Од такви како вас многу поспособни не можат да пребираат. Како се чувствувам денес? Изнервирано. Енергетски вампири, безцелни амеби, мрш од мене!!!
Убаво,позитивно.. Посакувам сите што ми значат и ги сакам да ги прегрнам,да им се заблагодарам што постојат.. Се надевам дека оваа чувство ќе ме држи цел ден.
Конечно после неколкуте дена бурни караници,нервози и ред др работи,денес се чувствувам спокојна,исполнета.