Не знам како да се чувствувам, во еден момент се чувствував убаво, веселби веселби колку сакаш, и наеднаш дознаваш дека еден млад живот згаснал. Почивај во мир Дане.
Како нова. Како пред да бидам разочарана, тешка, како пред да бидам несреќна заради туѓата ароганција и безкруполозност, како пред да ја сфатам реалноста, како пред да се откажам од идејата дека јас можам, вредам и сакам. Како во средно. Како кога одев да си купувам книги на плоштад. Како кога бев свесна дека животот е пред мене и дека можам да бидам се што сакам и ќе успеам без никој да ми ги згазне соништата. Како кога се враќав од школо и долго разговарав со моите за денот, за другите деца од класот, за взаемните односи, за професорите, за животот и страшните работи во него кои подоцна и навистина се случија. Како дете чии родители се се уште млади. Ете така... се осеќам како дете. Неразочарано дете кое се сака себе си и животот, дете кое е сослушано од своите родители, прегрнато и сакано,а не големо дете кое само си ги носеше сите проблеми, па почна и да бидува родител на своите родители, а немало потреба. Сега плачам, се смеам, оставам да бидам ранета, чувана и сослушана. Забележувам, кога во фокусот ми влага било кој друг освен себе си...мојот живот станува хаос, а туѓиот процветува. Не знам, некако одлучувам да не бидам добар другар повеќе. Можеби мојата и туѓата дефиниција за добар другар е различна, но едно е сигурно - се движи помеѓу себично и несебично. Ретко кој ти ја посакува среќата и ретко кој ќе те извлече од калта како што јас сум го правела тоа за други кој кога повторно ќе се врателе во својата нормала заборавале на се. Во фокусот сум само јас, на маргините од него се моите, тој и другарка ми. Сите останати зад маргините во тотално заматениот дел.
Некако се осеќам многу многу за никаде,како да ме фаќа некоја есенска депресија,ама ништо не може да ме подигне,пак истиот филинг од летото,само некои глупости се случуваат,мразам кога ме мешаат таму каде што не ми е местото,што баксуз човек сум,само во љубовта имам среќа...
Како да сакам да киднам од школски час Уште денес и утре на работа, па после тоа финални подготовки околу свадба, па свадбата и меден месец...Едноставно не ми се чека...
стомакот ме боли цела ден моментално сум на 3ти час нашколо и неможам да издржам до 7ми за дома да одам
Исполнето, заљубено, малку сум настината и стомакот ме боли ама чувствата ми се посилни од физичката болка па не мислам на стомакотт
Се чувствувам проклето исцрпено. Од вежбањето, а и од пазарењето на две вреќи пипер и модри патлиџани. Уште се чудам како јас и мајка ми сами ги довлечкавме до такситo Од друга страна горда на резултатите од диетата и вежбањето Не сум расположена, ама не сакам да размислувам за тоа.