Имало и подобри денови. Имало и подобри недели. Имало и подобри месеци. Не очекував повторна средба со болката со која аналгетиците тешко се справуваат. Колку понекогаш е примамливо самосожалувањето и колку е тешко истото да го убиеш во поим.
Umornooo, mi treba min 12 saati son, no do sonot me deli uste nekoja godina koga sin mi ke odluci da ja prespiva nokta
Душата ме боли, ме јаде однатре... но тоа не е најстрашно. Страшното настапува откако болката ќе ми помине и ќе ја одболувам со многу солзи и страдање. Тогаш се` е џабе. Тогаш не останува достојно место ни за презир, камо ли пак омраза. Настапува тишина. А потребно ми е толку малку. Едно уверување дека ќе можам, дека ќе успее. За да имам сила да направам се`. Еден стисок на дланката, еден поглед кој ќе ми влее доверба. Многу малку, а сепак за денешницава толку многу, толку ретко и толку скапоцено...
Катастрофа. Со самото станување во 9 часот, после 6 часовни кошмари требаше да идам на физика.И не сум наспана како што треба.После планот ми беше да легнам одма, али идење дома, полна куќа гости.Коса ми се крена.Ги опцујв илјада пати во мене.Али пред нив си бев фина, супер.Си отидоа касно, луѓе без осет. Нешто за што ми падна најмногу криво е тоа што не отидов на годишнината на моите, а заминаа со брат ми тие.Ме викаа и мене, али јас цела скислена, готова во секој момент или да заспијам или да заплачам.Не отидов.А имав одамна во план дека ќе идеме заедно и супер ќе поминиме.Што сум им таму, ќе одат на жива муазика, и ќе се развеселат а јас само ќе им расипам вечера со моето скиснато присуство.Иако знам дека им беше премногу криво што не отидов, осетив, сепак не сакав да им расипам се.Имав потреба да останам сама, да се исплачам, во оваа саботна вечер. Ајде, ќе има и други прилики.Тоа е тоа.
Па...Се чувствувам изморено, уништено, незнам што да мислам веќе, онака би ми требало некое друштво добро да ме расположи ...