Убаво. Конечно почна да ми се разбива монотонијата на „очајна домаќинка„. Убаво е кога ти се случува нешто невообичаено.
станав на десна нога убаво ми e, вечер ќе мора да легнам порано за да не ми се спие и да станам пак на десна нога..
Поспано. Ми се спие ми се плаче и пак,не можам цела вечер да запијам. Нешто друго мозокот ми го мачи....
Шознам, ваљда некоја комбинација од малку спокојно и малку повеќе празно. Како на стенд бај да сум.. не знам ни што да мислам ни кон што да се стремам во моментов. Не сум тажна, не пукам од среќа, благодарна сум за тоа што утрово се разбудив, што сум жива, здрава. Сите останати емоции како да ме одминуваат денеска. Премногу сум изморена за да се замарам. Обично во такви периоди сум слушала добри вести, но ... ете, не ми се замара ни со многу надевање. А не ретко вака изгледа и затишјето пред бура, но ... ни на тоа не ми се размислува. Само си медитирам и уживам во моментот, без гужви, без телефони, без врева освен онаа од радиото. Maлку живнувам кога ќе ми ја погодат песната. Плус салеп со мед и цимет ми праи друштво. Убаво е. Неодредено, но на симпатичен начин. Некако спокојно е. Второво е па уште посимпатично. Како за понеделник, добро поминав.
Се` поблиску до добро. Освен ако животов пак не се збунил и си мисли дека е први април. И само што го пишав ова, почна повеќе на второво да наликува. Не е интересно ако не те зеза. Бар ќе се поднасмееш. Не бе, не сум дотолку песимист. Океј е. Тоа што ме болат сите мускули во моментов пошо ваљда пред настинуење сум е тотално ирелевантно моментално.
Изненадено. Оној од кој ништо не очекував ми помогна многу, а оние од кои очекував многу ме повредија...