Тажно, штотуку почина дедо ми... барем го видов пред да умре, иако не се ни испративме, во бесознание беше.
Како што одминува попладнево, како заробена во рутина. За многу нешта незаинтересирана. Благодарна сум за убавите мигови. Но, ете... со ентузијазам ќе се заблагодарам подоцна веројатно. Сега медитирам. Не по воља и со намера. Oнака ОК сум.
Изморено и поспано, а имам еден куп слики за завршување. Не верувам дека ќе биде продуктивен денов, со оглед на тоа што почна со штракање по Фемина.
Сите денот го препознаваат по утрото, а јас му се навраќам токму ноќта. Прекрасна ноќ, опојна енергија и силна желба за живот. Се чувствувам како крвта која ми тече во вениве да ми тече за некоја цел, како навистина да имам причина за постоење. И не можам да опишам, колку е прекрасно ваквото чувство.